Автомобил „Тесла“ се заби во дрво во Тексас, двајца мртви, а никој зад воланот

Двајца мажи загинаа во сообраќајна несреќа во Тексас откако возило „Тесла“ во кое се возеле мажоте се забило во дрво и се запалило.
Надлежните потврдија дека никој не седел зад воланот.
Автомобилот „Тесла модел С“, направен во 2019 година во моментот на несреќата која се случила во сабота навечер, се движел по патот во американската сојузна држава Тексас.
Во еден момент скршнал од патот и удрил во дрво, по што се запалил.
Откако пожарникарите го изгасиле огнот, во возилото пронашле двајца мртви. Едниот имал 59, а другиот 70 години. Тоа што е посебно интересно е што едниот седел на совозачкото седиште, а другиот назад. Зад воланот немало никој.