Автомобил се залета во пешаци во Кина, пет мртви


 

Автомобил се залета во група пешаци во североисточниот кинески приморски град Далаин и притоа загинаа пет лица, јавија државните медиуми во неделата.

Црна лимузина се залетала во луѓе кои приминувале улица во саботата и побегнала од местото на несреќата, наведува новинската агенција Синхуа, повикувајќи се на канцеларијата за јавна сигурност во Далаин.

Четворица загинале на местото на несреќата, а едно лице е префрлено во болница, но починало од повредите. Уште пет други се задржани во болница на лекување.

Во зачот е фатен и утврдено е дека не возел под дејатво на алкохол или дрога, додава Синхуа.

Истрагата е во тек.