Автобиографската книга на Алексис Ципрас распродадена за само неколку часа
Книгата „Итака“ изгледа како прв чекор за формирањето нова политичка партија на поранешниот премиер
Автобиографиите генерираат страсти и Алексис Ципрас добро го знаеше ова кога ја напиша „Итака“. Таа беше објавена вчера и распродадена за само неколку часа. „Итака“ беше отпечатена во 33.000 примероци. Издавачот „Гутенберг“ веќе објави дека почнало печатењето на дполнителни илјадници примероци.
Во книгата, како што пренесуваат грчките медиуми, поранешниот премиер затворил „прозорец“ во контекст на ребрендирање и повлече „црвена линија“ со неколку свои поранешни другари, кои во текот на целиот преговарачки период во 2015 година постојано го влечеа за „левиот ракав“.
„Итака“ веќе предизвикува многу возбуда и очигледно е свесен избор на авторот. Особено од оние кои очекуваа тој да се ослободи од периодот на коалициска влада со крајниот десничар Панос Каменос и ќе се „разбуди“ во наредниот период. Според приказите на Ципрас, неговите поранешни другари го мачеле повеќе од претседателот на партијата Анел.
Книгата е голема и деловите што ги пренесуваат грчките медиуми главно се однесуваат на оценките на Ципрас кон неговите партиски соработници цво време на должничката криза, за првиот министер за финансии Јанис Варуфакис, за Ноца демократија. Од она што можеше да се најде за Преспанскиот договор во медиумите е кратко парче во „Катимерини“.
„Ципрас го брани во секоја прилика Преспанскиот договор. Тоа беше и причината, на крајот на краиштата, жестоко да го нападне Киријакос Мицотакис преку страниците на книгата: „Тој го измисли бедниот наратив дека ‘Ципрас ја размени Македонија за пензии’. Да ја кажам вистината, кога првпат го слушнав ова, не можев да им верувам на ушите. Не очекував да падне толку ниско“, вели карактеристично Ципрас.
Спред медиумот „24/7 њуз“ „главната цел е јасна: Поранешниот премиер сака да се пресмета со минатото и да ги избрише сенките во врска со преговорите од 2015 година и третиот меморандум. Излегувањето од еврото никогаш не било во неговата стратегија, како што сакаа некои од неговите другари во 2015 година, и затоа ги промовира – паралелно со делови од кабинетот – ‘лошите момци’ на ММФ (Лагард, Томсен), Реглинг и Волфганг Шојбле. Тој секогаш јасно ставал до знаење, и дома и во странство, дека сака да постигне реформи без општеството да ‘воздивнува’. Не успеал и резултатот бил, како што самиот признава, губење на средната класа“.
Книгата е првиот „чекор“ на кој Ципрас сака да зачекори за да го направи следниот политички чекор. Според многумина, создавањето нова партија е одлука што е веќе донесена. Сега останува време и соодветна политичка средина, ако конечно се пронајде. Распродадената книга е добар сигнал додека порастот на индикаторите за анкети ќе биде катализатор за неговите одлуки. По нејзиното објавување, „равенката“ станува уште потешка за Сириза и Новата левица. Тие нема да можат да го следат темпото на поранешниот премиер. Ципрас не ги отвора своите карти, само остава ветување на крајот: „И кога ќе стигне до Итака, откако малку ќе се одмори во пристаништето на мирот, таа го преуредува својот брод за нови хоризонти. А ние, оние од нас, го заземаме своето место во екипажот, сега поискусни, помудри и поподготвени“.
Наратив со тринаесет клучни фигури
Преку настани, дијалози и конфликти со 13 луѓе од земјата и странство, Алексис Ципрас ги опишува во „Итака“ интензивните моменти што ги доживеал и во Максиму и за време на неговиот втор мандат како лидер на главната опозиција.
Меѓу нив посебно место има за првиот министер за финансии, Јанис Варуфакис. Алексис Ципрас го претставува министерот за финансии како фатална фигура во првата половина од годината. Тој го изгуби контактот со своите колеги во Еврогрупата и се изолираше. Како што карактеристично раскажува: „Почна да го анализира својот план за мене. Ќе печатиме, рече, некои купони и наместо да даваме пари на пензионерите и вработените, ќе даваме купони… Кога го слушнав тоа, не знаев дали да плачам или да се смеам“.
„Всушност, тој беше повеќе позната личност, а помалку економист“, се присетува Ципрас, кој го опиша изборот на неконвенционалниот човек за министер за финансии поради неговиот меѓународен углед и „исклучително привлечните“ вештини како јавен говорник.
„Сакав да ја испратам пораката за тешки преговори, но го потценив човечкиот фактор. Многу брзо, Варуфакис се претвори од предност во негативен протагонист. Не само што нашите потенцијални сојузници не можеа да го поднесат, туку и неговите колеги“.
Поранешниот премиер тврдеше дека конфронтацискиот стил на Варуфакис го оставил сè поизолиран меѓу колегите, ја довел Грција во опасност и им помогнал на јастребите, предводени од Шојбле, кои очигледно притискале за „Грекзит“.
„Варуфакис се докажа како несоодветен за договор што бара сложено и деликатно ракување“, тврди тој, додавајќи дека почнал да се сомнева во својот министер за финансии многу рано.
„Тој беше лицето на преговорите, човекот што привлекуваше публицитет, кој ги красеше насловните страници на списанијата низ целиот свет… тој оставаше впечаток дека ужива во својата нова улога“.
Варуфакис поднесе оставка, иако двајцата политичари се обидоа, барем јавно, да одржат пријателски односи.
Книгата е именувана по островот во Јонското Море каде што во 2018 година Ципрас го прогласи излезот на Грција од децениската криза.