Австрија повторно остана без премиер, Шаленберг поднесува оставка


Актуелниот канцелар на Австрија поднесе оставка, јавуваат светските медиуми.

„Никогаш не ми било намера или цел да ја преземем функцијата сојузен партиски челник. Цврсто стојам на мислењето дека двета канцеларии, челниците на владата и претседателот на најсилната партија во Австрија, треба да ги води една рака“, вели Шаленберг.

Тој денеска најави дека ќе поднесе оставка штом Народната партија, чиј член е и тој, ќе избере лидер. 

Пред него на функцијата беше Себастијан Курц, кој поднесе оставка поради скандал.

Шаленберг поднесува оставка само два месеца по стапување на функцијата.

Само неколку часа пред тоа, Курц соопшти дека се повлекува од политиката, како и од лидерското место во партијата.

Курц е под истрага поради сомнеж за корупција, соопштија обвинителите на 6 октомври, по претресот во неколку министерства и канцеларијата на владејачката Народна партија на Австрија, на чие чело е Курц.

Обвинителствотоза борба против корупцијата покрај Курц под истрага стави уште девет лица и три организации.

Курц е под истрага поради тврдење дека државни пари од Министерството за финансии употребени се во коруптивна работа, за на таблоидните весници да им се обезбеди позитивно известување за партијата на чие чело е автрискиот канцелар.