Австрија бесплатно ќе го вакцинира населението против Ковид-19
Австриската држава ќе ги преземе трошоците за вакцинирање на населението против коронавирусот, објави Министерството за здравство на оваа држава, пренесе агенцијата Танјуг.
Секој што сака да се вакцинира треба да ја добие таа можност, се вели во соопштението.
„Тоа значи конкретно дека државата ќе ги преземе трошоците за вакцината“, подвлече Министерството.
Вакцинацијата, според претходните најави, треба да започне на крајот на годината.
Австрија обезбеди 600.000 вакцини за себе, врз основа на договорот меѓу Европската унија и фармацевтската компанија „АстраЗенека“. Цената на вакцината, според извештаите на медиумите, е 2,5 евра по вакцина.
Во првата фаза на вакцинација, како што е најавено, вработените во здравството и здравствената заштита ќе бидат вакцинирани, додава Танјуг.
Повеќе од 500 новоинфицирани се регистрирани во Австрија во последните 24 часа, што е нов рекорд, според истата агенција. Според Министерството за здравство, бројот на новозаразени достигна 589, а според Кризниот штаб 520. Разликата во бројот на новозаразени произлегува од различната обработка на податоците.
Се додава дека треба да се има предвид дека за време на викендот, провинцијата Салцбург не ги пријави своите податоци заради технички проблеми, па затоа тие беа додадени на новиот број.
Последниот број беше регистриран за последен пат на 31 март, среде затворање на земјата поради борбата против ширењето на вирусот, кога беа регистрирани 573 новозаразени лица.
Околу две третини од сите нови случаи паѓаат повторно во Виена, или 340 новозаразени. Главниот град на Австрија е во опасност да се префрли од „жолта“ во „портокалова“ на неодамна воведениот корона-семафор, што е поврзано со воведување на дополнителни мерки за спречување на ширење на вирусот.
Во моментов во Австрија има 3.515 активни пациенти, од кои 163 се хоспитализирани, а 29 се на интензивна нега. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 29.929 лица биле тестирани позитивно, 746 починале и 25.300 биле излекувани. Досега Австрија спроведе 1.266.223 тестови за коронавирусот.