Авионот во кој беше Камала Харис се врати поради дефект, на аеродромот

Авионот во кој беше Камала Харис мораше да се врати поради технички проблеми додека американската потпретседателка патуваше за Гватемала, на своето прво меѓународно патување.
„ДОбро сум, добро сум“, уверуваше Харис дигајќи два прста во воздух и насмевнувајќи се по слетувањето, сепак додавајќи: „Сите кусо се помоливме, но добро сме.“
Потпретседателката со друг авион замина за Гватемала без поголемо доцнење.
„Се работи за технички проблем. Не сме загрижени за безбедноста на поранешната калифорниска сенаторка“, рече нејзината портпаролка Симоне Сандерс.
Новинарката која беше во авионот „Ер форс два“ рече дека при полетувањето се слушнала невообилаена бучава од подвозјето.
„Но слетувањето… беше додема вообичаено“, додаде таа.