Авионот АВАКС на НАТО пролета над Скопје (галерија)
На Меѓународниот аеродром Скопје и во воздушниот простор над главниот град денеска се организира демонстрација на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија.

Како што соопштија од владината прес-служба, за време на планираната активност, медиумите и пошироката јавност ќе можат да се запознаат и да посведочат за начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање, како и да се запознаат со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.

На настанот првично беше најавено дека ќе присуствува и премиерот Зоран Заев, но неговото присуство беше откажано, поради доцнење на акцијата, а покрај него присуствуваат и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон – генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Со овој настан, ќе се одбележи официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.







