Авион на грчкиот воено воздухопловство ќе пренесе во Атина тројца повредени во пожарот во Кочани


Кусо по 22 часот авионот на грчкото воздухопловство со тројцата повредени во пожарот во Кочани, полета од скопскиот аеродром кон Атина каде што повредените ќе бидат хоспитализирани во Општата воена болница 401 на Одделот за повредени со изгореници, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката амбасада во Скопје на Фејсбук објавија фотографии од аеродромот, објаснувајќи дека со Ц-130 авион на грчкото воздухопловство се врши лет за медицинска евакуација со тројца пациенти на интензивна нега „кои ќе добијат специјален третман во воената болница 401 во Атина“.

– Нашите мисли и молитви се со нив. Солидарност со Северна Македонија, напишаа од грчката амбасада.

грчки авион повредени

Авионот вечерва полета од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ги презеде повредените веднаш се враќа во Атина.

Во две болници во Солун, во општата болница Папаниколау и воената болница 424 веќе се на лекување пет лица.

грчки авион повредени

Како што претходно објави МИА, уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград, четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, осум во Универзитетскиот клинички центар, по двајца повредени заминуваат на лекување во Виена и Загреб, а тројца во Атина.