Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти државата


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти државата. Според официјален претставник од МВР на Авганистан Гани заминал кон Таџикистан.

Естонија и Норвешка денска побараа итна седница на 15-члениот Совет за безбедност на ОН на која ќе се расправа за ситуацијата во Авганистан. 

Претходно, телевизијата Ал Арабија јави дека поранешниот авганистански министер за внатрешни работи Али Ахмад Џалали ја презеде функцијата премиер на преодната влада во државата.

Според дипломатски извори, поранешниот министер за внатрешни работи е „избран за премиер на преодната влада“ и ја презел функцијата на шеф на преодната администрација“.

Шефот на авганистанскиот Висок совет за национално помирување, Абдула Абдула дејствува како посредник во преговорите меѓу претставници на талибанците и на властите во Кабул.