Собранието повторно ќе гласа за Законот за ратификација на Договорот за името


Собранието на Република Македонија денеска треба повторно да гласа за Законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името. Се враќа по вторпат на гласање бидејќи Законот не беше потпишан од страна на претседателот на РМ. Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 …

Собранието повторно ќе гласа за Законот за ратификација на Договорот за името Read More »

Почнува постапката за изградба на Дневен центар за деца со аутизам


Министерството за труд и социјална политика во рок од 30 дена треба да ја отпочне постапката за вадење на градежни дозволи за изградба на Дневен центар за деца со аутизам. Информацијата за изградба на овој дневен центар вчера помина на владина седница. Најдоцна за шест месеци, ресорното министерство треба да ја информира Владата за целосната …

Почнува постапката за изградба на Дневен центар за деца со аутизам Read More »

Каменос: Нема да дозволам договорот да помине во Парламентот со 151 пратеник


Оваа влада има рок на траење до септември 2019, рече грчкиот министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, повторувајќи ја неговата позиција дека нема да дозволи Договорот да помине во грчкиот Парламент со 151 глас. Тој уште еднаш истакна дека за решението со Македонија потребно е зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници, …

Каменос: Нема да дозволам договорот да помине во Парламентот со 151 пратеник Read More »

На суд ќе се бара одговорност за смртта на малата Тамара


Во Кривичниот суд Скопје денеска на обвинителна клупа треба да седнат 12 лица во врска со смртта на Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство. Со обвинение за „несовесно работење во службата“ Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Детската клиника, Аспазија Софијанова, како …

На суд ќе се бара одговорност за смртта на малата Тамара Read More »

Бесплатното лекување е добро само за џебот на пациентите, ако има кој да ги лекува


Прво, од каде пари во буџетот, второ зошто бесплатно болничко лекување кога светските трендови одат кон тоа пациентите повеќе да се лекуваат во дневна амбуланта, а во болница да лежат само тие што навистина мораат. Мерката не е приоритет пред другите, поголеми проблеми има во здравството… Вакви се првичните реакции откако премиерот Зоран Заев најави …

Бесплатното лекување е добро само за џебот на пациентите, ако има кој да ги лекува Read More »

Д-р Нино Васев, директор на Онкологија: Нема доказ дека маслото од канабис лекува рак


Околу 4.000 лица годишно умираат од канцер во Македонија. Во последните 15 години, смртноста од канцерогени заболувања кај нас пораснала за девет отсто. Македонија е една од ретките земји во Европа каде што смртноста од рак расте, и според бројот на смртни случаи е трета во Европа. Д-р Нино Васев, директор на Клиниката за онкологија, …

Д-р Нино Васев, директор на Онкологија: Нема доказ дека маслото од канабис лекува рак Read More »

Хороскоп: Совети за девицата, промени за јарецот


ОВЕН: Месечината во Риби ве повикува да најдете време и да се одморите. Потребно ви е смирување за да може да продолжите и ги надминете турбулентните случувања. Повлечете се и формулирајте нов план. Одмарајте. БИК: На удар сте на повеќе предизвикувачки аспекти, кои чинат да се чувствувате млитаво, неумешно и со ниски стандарди. Вашето небо …

Хороскоп: Совети за девицата, промени за јарецот Read More »

Топло, попладне дожд и грмежи


Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец, а попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната  од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје претпладне сончево со слаб ветер од …

Топло, попладне дожд и грмежи Read More »

Стотици пациенти се лекуваат со масло што се прави дома


„Подобро илегално жив, отколку легално мртов“, е паролата на многумина ширум светот кои на своја рака се лекуваат со масло од канабис – нешто што во Македонија не е дозволено. Со оваа порака поддржувачите на граѓанското здружение „Зелена алтернатива“ вчера излегоа пред судот во Скопје да му дадат поддршка на Филип Достовски, активист кој се …

Стотици пациенти се лекуваат со масло што се прави дома Read More »

Сончево со температура до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне, претежно на запад и на планините ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе се движи од 9 до 17 степени, а максималната од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во …

Сончево со температура до 34 степени Read More »

Хороскоп: Средби за водолијата, убав ден за скорпијата


ОВЕН: Пред вас се појавуваат убави шанси за напредување и имате голема сила за да ги завршите своите работи. Тешкотиите се расчистуваат и имате енергија да ги претворите своите соништа во реалност. Фокус на практичното. БИК: Месечината во Водолија прави огромни промени, за кои треба да знаете дека тајмингот е најважен. Опкружени сте со љубов …

Хороскоп: Средби за водолијата, убав ден за скорпијата Read More »

Спасовски: Во акцијата воопшто не беше употребена сила


Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил во врска со акцијата што беше спроведена во саботата во угостителски објекти при што беа приведени неколку лица. Тој ги повика граѓаните да пријават во МВР доколку се соочиле со несоодветно однесување …

Спасовски: Во акцијата воопшто не беше употребена сила Read More »

Можат ли да се договорат Македонците со Македонците


Ерол Ризаов Македонија веднаш треба да ги почне најзначајните преговори за сигурен влез во ЕУ и во НАТО. Треба да преговараат прво Македонците со Македонците, па потоа многу полесно со Брисел. Како одговорни политичари треба да се состанат лидерите на двете најголеми политички партии и конечно да се договорат заеднички да ја преземат одговорноста во …

Можат ли да се договорат Македонците со Македонците Read More »

Болни поради времето


Наглите промени во временските услови, какви што имаме сега, предизвикуваат тешкотии за луѓето со кардиолошки и со пулмолошки проблеми. Падот на атмосферскиот притисок предизвикува намалување на количината на кислород во организмот, а со тоа и во срцевиот мускул и во мозокот. Наглото затоплување, па нагло заладување, при што температурата осцилира и за околу 10 Целзиусови …

Болни поради времето Read More »

Охрид воведува зонско паркирање


Охриѓани и гостите од понеделник наплатата за паркинг во градот треба да ја вршат со смс пораки на телефонскиот број 144 644. Јавното претпријатие „Билјанини Извори“  соопшти дека од 2 јули почнува да се применува зонско паркирање, согласно одлуката на Советот на општина Охрид донесена на 14 јуни годинава. –  Сите граѓани на Охрид, гости …

Охрид воведува зонско паркирање Read More »

Кој го избра Иванов?


Роберт Несими Во последно време се чини дека во политичката сцена нема потрагично-комична фигура од онаа на претседателот Ѓорге Иванов. Како вистински Дон Кихот тој е влезен во за него света мисија, во која се бори против фиктивни непријатели, во одбрана на земјата како што тој ја замислува, а без притоа да разбира дека ова …

Кој го избра Иванов? Read More »

Канабисот ќе лекува тешка епилепсија


Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри употребата на орален канабидиол (ЦБД) за третман на две тешки форми на епилепсија. Лекот се вика „епидиолекс“. Дозволен е за пациенти од две години па нагоре, за третман на ленокс-гастаут синдром и  дравет синдром. Тоа се две ретки и катастрофални облици на епилепсија што се јавуваат …

Канабисот ќе лекува тешка епилепсија Read More »

Во Лондон се отвора Центар за зависност од видео игри


Во Лондон се отвора Центар за зависници од видео игри, и тоа само по неколку недели откако Светската здравствена организација (СЗО) ја призна оваа зависност како ментална болест. Според директорот на Одделението за ментално здравје при СЗО, ова нарушување мора да се класифицира како ново заболување, на основа на научни докази, и на основа на …

Во Лондон се отвора Центар за зависност од видео игри Read More »

Песков: Членството на Македонија во НАТО е нејзино суверено право


Приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата. Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Тоа е суверена одлука на самата Македонија. Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија.. Се разбира, заинтересирани сме …

Песков: Членството на Македонија во НАТО е нејзино суверено право Read More »

Шекеринска бара посебен советник за плата до 50.000 денари


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, објави оглас за вработување на посебен советник во нејзиниот Кабинет. Нема информација од која област ќе ја советува. Според штурите услови во конкурсот, кандидатот треба да има завршено најмалку високо образование од општествени или економски науки и да има најмалку две години работно искуство. Платата за ова место е од …

Шекеринска бара посебен советник за плата до 50.000 денари Read More »