Хороскоп: Средби за водолијата, убав ден за скорпијата


ОВЕН: Пред вас се појавуваат убави шанси за напредување и имате голема сила за да ги завршите своите работи. Тешкотиите се расчистуваат и имате енергија да ги претворите своите соништа во реалност. Фокус на практичното.

БИК: Месечината во Водолија прави огромни промени, за кои треба да знаете дека тајмингот е најважен. Опкружени сте со љубов и внимание, но како да не го забележувате тоа. Сега ви е потребна трансформација, а не предавање.

БЛИЗНАЦИ: Не брзајте да ја аплицирате својата сила побргу отколку што треба – добро размислете пред да се впуштите во непознатото. Нетрпеливоста може да ве втурне во брзи и непромислени одлуки во врска со љубовта и работата. Пат.

РАК: Ретроградниот Марс во Водолија чини да се чувствувате заглавено во некоја безнадежна ситуација, од која е тешко да се повлечете. Се чини дека оваа моќ е претешка за вашето битие. Внимавајте на можна измама или итрина.

ЛАВ: Во фокус се партнерските односи – дел од нив завршуваат, а нови се појавуваат. Затоа не дозволувајте да ве повлече апатијата, негрижата или невнимателноста. Обидете се да не бидете опсесивни, будалести или незрели.

ДЕВИЦА: Во вас се будат нова виталност и страст за животот – преземате храбри акции и се перчите пред светот, немајќи никаков страв. Апсолутно искрени, вашите емоции одат во крајности и жедни сте за промена, брзина и патувања.

ВАГА: Со ретроградниот Марс во Водолија, во вас се будат нови апетити, необични врски и можности, а најмногу се буди вашата потреба за љубов и страст. Отстранувајќи го непотребното, доаѓате до ново духовно подмладување.

СКОРПИЈА: Иако се чини дека засега не можете да дојдете до позитивни разврски, сепак ова ќе биде убав ден, особено на личен план – доаѓате до ново разбирање во романсата, пријателствата и бизнисот. Здружувања и договори.

СТРЕЛЕЦ: Денес сте засегнати со надворешниот изглед на работите и имате преголема самодоверба во своите способности, но и склоност кон драматизирање на работите ако нештата не се одвиваат според замисленото.

ЈАРЕЦ: Многу веројатно е дека судбината ќе ве доведе до нечие авторитативно однесување. Можно е и вие да бидете нефлексибилни и да не сакате да се смените. Добро ќе биде да оставите малку простор меѓу вас и вашите сакани.

ВОДОЛИЈА: Се отворате за едноставни задоволства во животот. Со носталгија се сеќавате на случки од минатото, полни со детска невиност и нежна љубезност. Постигнувате хармонија помеѓу природните сили без никаков напор. Средби.

РИБИ: Денес се здобивате со јаснотија, контрола и мир среде искушенијата и тешкотиите. Вашата интуиција се зголемува, штом Месечината ќе го посети вашиот знак. Ќе ги надминете и најдосадните проблеми со голема умешност.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]