Утре во Брисел ќе се расправа за Македонија и меморандумот на Бугарија


Станува сѐ поочигледно дека Бугарија има амбиции да ни напише целосно нова историја до ден денешен   Амбасадорите на ЕУ утре ќе имаат состанок во Брисел кој нема да биде онлајн и на него ќе се расправа за почнувањето преговори со Македонија и во врска со тоа за противењата на Бугарија. Состанокот ќе почне претпладне …

Утре во Брисел ќе се расправа за Македонија и меморандумот на Бугарија Read More »

Владата денес ќе има седница


 Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација со почеток во 12:30 часот ќе ја одржи редовната 16-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните. Како што е најавено, на предлог на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни …

Владата денес ќе има седница Read More »

Заразени под еден отсто од учениците и професорите, наставата не е загрозена


Мистерството за образование и наука информира дека наставата продолжува да се одвива непречено и дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со КОВИД-19. Согласно со овие податоци, наведува МОН, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот. – …

Заразени под еден отсто од учениците и професорите, наставата не е загрозена Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче, СДСМ им порачува дека се опасни за јавното здравје


ВМРО-ДПМНЕ и денес излезе со соопштение во кое обвини дека министерот за здравство Венко Филипче потфрлил бидејќи секој трети тестиран во Македонија вчера имал Ковид. Ваквото обвинување дојде во пресрет на денешната расправа во Собранието за Законот за заштита на јавното здравје за кој ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да го гласа, но ќе обезбеди кворум, …

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче, СДСМ им порачува дека се опасни за јавното здравје Read More »

Германски печат: Идентитетските прашања повторно ја блокираат Македонија


„Дојче Веле“ ги пренесува пишувањата на германскиот печат за спорот меѓу Македонија и Бугарија кој се заканува да го блокира почетокот на пристапните преговори со ЕУ на Скопје. Зидојче Цајтунг денеска пишува дека Северна Македонија ќе може да ги започне преговорите со ЕУ само доколку признае дека нејзиниот јазик е дијалект на бугарскиот, а националните херои се Бугари. …

Германски печат: Идентитетските прашања повторно ја блокираат Македонија Read More »

(ВИДЕО) Проговори братот на еден од умрените во контејнерот во Парагвај


Алжирецот Мохамед Оухерхер, брат на Сидахмед Оухерхер – еден од седумте мртви лица кои се нашле во контејнерот на патот од Србија кон Парагвај, вели дека дестинацијата на „слепите патници“ требала да биде Италија, а не Јужна Америка. Мохамед за телевизијата „Бахо ла Лупа“ изјавил дека неговиот помлад брат детално го претставил својот план пред …

(ВИДЕО) Проговори братот на еден од умрените во контејнерот во Парагвај Read More »

Димитровски: Со барањата за јазикот и малцинствата Бугарија ја премина црвената линија


Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски е оптимист дека ќе се најде решение со Бугарија и во декември ќе почнеме пристапни преговори со Европската Унија. Ставањето вето и патернализмот од источниот сосед, според него,  не е во интерес на меѓудржавните односи, не може да се очекува дека со вето ќе се подобрат односите, а тоа …

Димитровски: Со барањата за јазикот и малцинствата Бугарија ја премина црвената линија Read More »

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог во Собранието за нова комисија за справување со пандемијата


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ заедно со пратениците од останатите опозициски партии Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица, поднесоа предлог – закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка. Со овој предлог се бара формирање на посебна комисија за заштита и справување со пандемија …

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог во Собранието за нова комисија за справување со пандемијата Read More »

Мас: Изјавите на Ердоган за Макрон се најлоши досега


Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас денеска ги осуди изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за францускиот претседател Емануел Макрон како најлоши досега. На прес-конференцијата што ја одржа заедно со претседателот на Агенцијата за атомска енергија, Мас рече дека германската Влада е солидарна со својот европски сосед во борбата против исламскиот екстремизам. Ердоган изминатиот викенд …

Мас: Изјавите на Ердоган за Макрон се најлоши досега Read More »

Болтон: Ако Трамп победи, САД ќе го напуштат НАТО


Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на претседателот на САД, истакна дека ако Доналд Трамп да добие втор претседателски мандат, САД можат да заминат од НАТО. Тој е убеден дека во случај на победа на изборите „политичките ограничувања за него во голема мерка ќе се минимизираат“. -Сметам дека тоа е можно во (случај на) негов втор …

Болтон: Ако Трамп победи, САД ќе го напуштат НАТО Read More »

Помош ќе добијат и самостојните вршители на дејност


Владата денеска на седница  го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна  дејност погодени од здравствен економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година. Целта, на овој предлог-закон, како што информира владината прес-служба,  е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна …

Помош ќе добијат и самостојните вршители на дејност Read More »

Владата ги вклучи амандманите од комисиската расправа во ребалансот на Буџетот


Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот  за 2020 година со амандманите кои беа прифатени во комисиската расправа во Собранието, и донесе заклучок вака утврдениот ребаланс на Буџетот да биде доставен на усвојување во Парламентот. Како што соопшти владината прес-служба, вкупните приходи со измените и …

Владата ги вклучи амандманите од комисиската расправа во ребалансот на Буџетот Read More »

Промовирана веб-страница за правна помош


Во организација на Советот на Европа и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија денеска се одржа официјална онлајн-промоција на веб-страницата www.pravnapomos.mk, преку која граѓаните може да се информираат за правото кое државата им го дава во вид на Бесплатна правна помош. Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање истакна дека правниот јазик е …

Промовирана веб-страница за правна помош Read More »

И МПЦ апелира домашните слави да бидат според здравствените протоколи


Во пресрет на претстојните црковни празници, кои православните христијани ги чествуваат како домашни празници и имендени, Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, упатува апел да се почитуваат безбедносните мерки за јавни собири, а домашните прослави да се одбележуваат според препораките. Истовремено, парохиското свештенство, кое е упатено во особеностите и традициите на …

И МПЦ апелира домашните слави да бидат според здравствените протоколи Read More »

Се подготвува нов закон за работни односи


Министерството за труд и социјална политика работи на донесување нов системски закон за работни односи кој треба да биде донесен и да почне да се применува наредната година. Постојното законско решение е донесено во 2005 година и досега има претрпени 24 измени. -По доаѓањето во Министерството за труд исоцијална политика и консултациите со сите претставници …

Се подготвува нов закон за работни односи Read More »

Сообраќајните контроли даваат резултат, се намалува бројот на сообраќајни незгоди


Сообраќајните контроли што се прават на територијата на целата држава врз основа на претходно изработен план даваат резултат. За помалку од месец изречени се над 14.000 санкции во зајакнатите сообраќајни контроли ширум државата и овие мерки даваат резултат, бидејќи до овој момент имаме намалување на 7,5 отсто на бројот на сообраќајни незгоди од почетокот на …

Сообраќајните контроли даваат резултат, се намалува бројот на сообраќајни незгоди Read More »

Целосно укинување на роамингот во регионот во 2021 година


Роамингот во регионот на Западен Балкан ќе биде целосно укинат на 1 јули 2021 година, беше потврдено денеска на отворањето на третиот Дигитален самит на Западен Балкан (ЗБ), чиј домаќин годинава е Тирана. На отворањето на самитот, што се одржува онлајн, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мелинда Брегу, истакна дека историскиот договор од …

Целосно укинување на роамингот во регионот во 2021 година Read More »

Измените на Законот за заштита од заразни болести утре на собраниска седница, ребалансот на Буџетот на 29 октомври


Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести ќе се најдат на 19. собраниска седница закажана за утре, додека за ребалансот на Буџетот најверојатно ќе биде закажана нова седница на 29 октомври, бидејќи тој се уште не е вратен од Владата. Неделната динамика на работата на Собранието е утврдена на денешниот …

Измените на Законот за заштита од заразни болести утре на собраниска седница, ребалансот на Буџетот на 29 октомври Read More »

И Јанакиески во самоизолација место на суд


Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус.Оваа вест денеска беше посочена од судијата Осман Шабани на рочиште за случајот „Топлик“. Адвокатот на Јанакиески на судијата му приложил документ издаден од Државниот санитарен и здравствен инспекторат според кој му се одредува самоизолација на Јанакиески во траење …

И Јанакиески во самоизолација место на суд Read More »

Ќе се отвораат нови оддели за Ковид 19


Отворање на два нови оддела во болницата ГОБ „8 септември“ за хоспитализација на пациенти со ковид-19, предложиле од Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок на Кризниот штаб. Поради секојдневниот раст на новозаболени, било предложено проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали. -Сметаме дека …

Ќе се отвораат нови оддели за Ковид 19 Read More »