И МПЦ апелира домашните слави да бидат според здравствените протоколи


Фото: Б. Грданоски

Во пресрет на претстојните црковни празници, кои православните христијани ги чествуваат како домашни празници и имендени, Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, упатува апел да се почитуваат безбедносните мерки за јавни собири, а домашните прослави да се одбележуваат според препораките.

Истовремено, парохиското свештенство, кое е упатено во особеностите и традициите на празнување, да се придржува на препорачаните здравствени мерки при извршувањето на црковните треби и на чиновите во храмовите или при посетата на домовите, се вели во апелот на САС на МПЦ-ОА.