Помош ќе добијат и самостојните вршители на дејност


Фото: Б. Грданоски
Владата денеска на седница  го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна  дејност погодени од здравствен економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Целта, на овој предлог-закон, како што информира владината прес-служба,  е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност.