Шилегов: Изградивме четири булевари и над 100 километри велосипедски патеки


Ние сега треба да разговараме за програмите и понудите кои што ги имаме, или за реализација, за политиките што планираме да ги спроведеме за град Скопје и за Скопјани, истакна кандидатот за градоначалник на град Скопје на СДСМ Петре Шилегов, во емисијата „Жешко лето“ на Канал 5 телевизија.   ВМРО-ДПМНЕ се уште не излегува пред скопјани …

Шилегов: Изградивме четири булевари и над 100 километри велосипедски патеки Read More »

Кривокапиќ: Во Цетиње се планираше хаос и промена на изборната волја


 Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека во Цетиње, за време на устоличувањето на митрополитот црногорски-приморски на Српската православна црква Јоаникиј во Цетиње, било планирано да се воведе хаос и прекројување на изборната волја на граѓаните. – Црна Гора беше во деликатна и сложена ситуација. Имаше природно стравување кај граѓаните за тоа како …

Кривокапиќ: Во Цетиње се планираше хаос и промена на изборната волја Read More »

Грција ќе ги ратификува меморандумите со Македонија во „соодветно време“


Трите меморандуми со Северна Македонија што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе една година чекаат ратификација во грчкиот Парламент, според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому ќе бидат ратификувани во, како што рече, „соодветно време во следниот период“, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа што меморандумите беа дел од темите …

Грција ќе ги ратификува меморандумите со Македонија во „соодветно време“ Read More »

Има ли одговорен во МНР?


Скандалот со уапсениот дипломат Миле Миленкоски не само што ја покажа грдата слика на Миниостерството за надворешни работи, туку и го издигна на највисоко ниво апсурдот во функционирањето на оваа институција – никој ништо не знаел кога требало да знае, сите им потпишувале на контроверзните дипломати да служат во амбасадите, никој никогаш не покренал дисциплинска …

Има ли одговорен во МНР? Read More »

Спасовски: Не бев министер кога била распишана меѓународната потерница по дипломатот


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на реконструираниот објект во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање за македонскиот дипломат  во Србија, рече дека меѓународната потерница за дипломатот ја распишала Ерменија на 25-ти февруари 2020 година, во период кога тој бил претседател на Владата. – Во 2019-та година има информации коишто ги добива Министерството за внатрешни работи во смисла …

Спасовски: Не бев министер кога била распишана меѓународната потерница по дипломатот Read More »

ЕК загриженa за ситуацијата во Црна Гора


Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандес изјави дека постои зголемена загриженост поради развојот на ситуацијата во Црна Гора. Таа потсети дека слободата на собирање е основно право на ЕУ, но дека тоа право истовремено треба да се применува без штети за јавното здравје и со целосна почит кон владеењето на правото, јавниот ред и …

ЕК загриженa за ситуацијата во Црна Гора Read More »

Груби со апел граѓаните масовно да одговорат на пописот


По повод почетокот на пописниот процес, кој ќе трае до крајот на месецот, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги повикува граѓаните масовно да одговорат на пописниот процес, учествувајќи и поддржувајќи го без резерва поради големата важност што овој процес ја има за сите нас. Тој ги повика …

Груби со апел граѓаните масовно да одговорат на пописот Read More »

И Димитров се оградува од одговорноста за скандалот со Миленкоски


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на својот фејсбук профил вечерва објави информации во врска со приведениот дипломат. „За разјаснување на дипломатскиот скандал и во интерес на точно информирање на јавноста, укажувам на следниве факти и информации за односниот дипломат. Тој бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во Виена во 2015 година, кога со МНР …

И Димитров се оградува од одговорноста за скандалот со Миленкоски Read More »

Софија нѐ обвини за репресија кон Бугарите


Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со став за почитување на правата на бугарските граѓани и државјани со бугарски идентитет во Република Северна Македонија во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев од 3 септември, за правата на Бугарите во Северна Македонија. Во документот се вели дека Софија во неколку наврати изјавила дека е свесна …

Софија нѐ обвини за репресија кон Бугарите Read More »

Османи најавува ветинг за дипломатите


  Вонреден ветинг на сите дипломати најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако вчера беше објавено дека македонски дипломат кој бил баран со меѓународна потерница е приведен во Србија.Уапсениот е дипломат кој е на мисија во Виена, а како што објавија повеќето медиуми станува збор за Миле Миленковски, заменик-шеф на мисијата на ОБСЕ во …

Османи најавува ветинг за дипломатите Read More »

Симевски: Нема можност некој да биде изоставен од попишување


Доколку членовите на едно домаќинство кои треба да се попишат не се дома, тогаш попишувачите оставаат порака со временска одредница кога повторно ќе поминат. Оставаат и телефонски број во случај ако лицето не е во можност во наведениот период да биде дома, да закаже со попишувачот кога може да се спроведе попишувањето. – Ова е …

Симевски: Нема можност некој да биде изоставен од попишување Read More »

Потпишан договор за заедничка коалиција меѓу ЛДП и ДОМ


Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа претседателите на ЛДП и на ДОМ, Горан Милевски и Маја Морачанин, формирајќи го „Движењето Одлучно за промени“. – Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на …

Потпишан договор за заедничка коалиција меѓу ЛДП и ДОМ Read More »

Нема шанси да се шири вирусот со пописот, тврдат од Владата


Се е подготвено за почеток на пописот на населението и објектите кој стартува утре. Пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи и не постои никаква шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните на денешната прес-конференција. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција …

Нема шанси да се шири вирусот со пописот, тврдат од Владата Read More »

Руската амбасада сподели видео: Како најголемата руска македонистка гледаше на македонскиот јазик?


По повод 48. Меѓународна научна конференција за македонскиот  јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  руската амбасада во Скопје на својот Фејсбук профил сподели видео интервју со Рина Павловна Усикова, една од најглавните руски македонисти и афирматори на македонскиот јазик. Во интервјуто Усикова зборува за средбата со Блаже Конески и за развојот на македонскиот јазик …

Руската амбасада сподели видео: Како најголемата руска македонистка гледаше на македонскиот јазик? Read More »

ДИК ги презеде првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи


Државната изборна комисија денеска ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори. Во следниот период со овие терминали ќе се вршат обуките, а до 1 октомври треба да дојде и последната пратка и да се комплетира бројката на терминали и целосната …

ДИК ги презеде првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи Read More »

Двајца македонски дипломати приведени во Србија, МНР молчи


  Минатата недела на граничниот премин Прешево, на пат од Виена кон Македонија, полициската служба на Србија го задржала македонскиот дипломатски службеник Миле Миленкоски, кој од неодамна извршува дипломатска служба во македонската мисија на ОБСЕ во главниот град на Австрија, пишува порталот „МКД“. Миленкоски потоа бил префрлен во Врање, каде пред неколку дена бил приведен …

Двајца македонски дипломати приведени во Србија, МНР молчи Read More »

Полициски час и забрана за музика во пет делови на Грција


МИА БАЛКАН МК Рестриктивни мерки, односно полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во текот на целиот ден се воведуваат во уште три делови на Грција, а се продолжуваат во уште два региони, јави дописничката на МИА од Атина. Од денеска, ограничувања се воведени во областите Илиа …

Полициски час и забрана за музика во пет делови на Грција Read More »

Делта вирусот го стави под прашалник секој успешен модел во справувањето со епидемијата


Вирусот делта го стави под прашалник секој модел на успех што се појави во изминатите 18 месеци во земјите што некогаш беа рангирани меѓу најдобрите места за живот во време на Ковид. Со високо преносливата мутација што се протнува низ строгите гранични премини и што ја загрозува заштитата што ја обезбедува вакцинацијата, Делта влијае на …

Делта вирусот го стави под прашалник секој успешен модел во справувањето со епидемијата Read More »

Полска се жали на уцена, ЕУ не и ги дава 57-те милијарди помош за пандемијата


Полскиот министер за правда ја обвини Европската комисија за „уцена“ затоа што сугерирала дека фондовите за закрепнување од пандемијата се условени од нејзиното прифаќање на приматот на правото на ЕУ над нејзиниот национален систем. Во прашање се милијарди евра грантови и заеми од ЕУ што Полска ги побара, но кои Брисел допрва треба да ги …

Полска се жали на уцена, ЕУ не и ги дава 57-те милијарди помош за пандемијата Read More »

Во БиХ ќе бидат уништени стотици илјади вакцини поради изминат рок


Во Босна и Херцеговина, која имаше големи проблеми со добивање вакцини против коронавирусот, стотици илјадници дози, на кои им изминува рокот за употреба, ќе бидат уништени во наредниот период. Крајниот рок за 340.183 дози вакцини против Ковид-19 истекува следниот месец во Федерацијата БиХ, соопшти Институтот за јавно здравје на ФБиХ. Ако не се искористат навреме, …

Во БиХ ќе бидат уништени стотици илјади вакцини поради изминат рок Read More »