Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја честиташе победата на Данела Арсовска како градоначалник на Скопје и најави дека тој ја презема одговорноста за поразот на изборите. Тој најави дека поднесува оставка на премиерската функција и на функцијата лидер на СДСМ. За поразот тој ги посочи големите пари вклучени на изборите дојдени од разни странски извори. …

Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ Read More »

Данела Арсовска прогласи победа во Град Скопје


Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, прогласи победа на изборите пред кандидатот на СДСМ Петре Шилегов. Од обработени околу 60 отсто од избирачките места во Град Скопје  Данела Арсовска води со 55,85 проценти, а Шилегов  освои 40,60 проценти. -Во оваа кампања, противник не ми беше само градоначалникот Шилегов, туку и премиерот во заминување, изјави  Арсовска …

Данела Арсовска прогласи победа во Град Скопје Read More »

ВМРО-ДПМНЕ пред победа во Скопје, Битола и Охрид, ДУИ го изгуби Тетово


Ацо Ристов од Радовиш, Тони Коњановски од Битола и Кирил Пецаков од Охрид се нови градоначалници според извори од ВМРО-ДПМНЕ. Тие имаат значајно водство. Во Куманово води Максим Димитровски пред Оливер Илиевски  од СДСМ кој го призна поразот, во Карпош победа веќе прогласи Стевчо Јакимовски,  додека во Центар предност има Горан Герасимовски.  Во Град Скопје …

ВМРО-ДПМНЕ пред победа во Скопје, Битола и Охрид, ДУИ го изгуби Тетово Read More »

ВМРО-ДПМНЕ верува дека ќе победи во сите општини


ВМРО-ДПМНЕ веднаш по затворањето на избирачките места излезе со оценка дека зголемената излезност на гласачите е знак дека „стравот го замениле со храброст“ и дека со оглед на тоа очекуваат победа во Скопје и во сите општини. Според портпаролката Марија Митева излезноста е порака дека граѓаните се решиле за промени, но дека се уште е …

ВМРО-ДПМНЕ верува дека ќе победи во сите општини Read More »

Горан Благоев: Не е точно дека нема македонско малцинство во Бугарија


Кандидатот за претседател на Бугарија од Национална унија на десницата – КОД, Горан Благоев во изјава за БНТ коментирајќи ги односите меѓу Скопје и Софија, вели дека се неопходни интензивни политички преговори затоа што односите меѓу Северна Македонија и Бугарија се на точка на замрзнување.Тој, како што јави дописникот на МИА од Софија, оценува и …

Горан Благоев: Не е точно дека нема македонско малцинство во Бугарија Read More »

Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека просечната годишна температура на воздухот во Русија расте два и пол пати побрзо отколку во светот. Тој на самитот на Г-20, на кој учествуваше преку видео врска, рече дека температурата на воздухот во Русија во последните десет години се зголемила за повеќе од половина степен, пренесе ТАСС. …

Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек Read More »

Партиски набљудувач бил спречен да влезе на избирачко место во Сарај


Во село Бојане, општина Сарај бил истепан набљудувач на опозициска албанска партија од активисти на двете најголеми владејачки партии.Според изворите на некои  медиуми, во Бојане е прекинато гласањето. За инцидентот од МВР велат дека околу 16 часот било пријавено дека на избирачко место во с.Бојане, Сарај набљудувач Р.Д. сакал да влезе на избирачко место, но …

Партиски набљудувач бил спречен да влезе на избирачко место во Сарај Read More »

До 17 часот гласале 42,35 отсто од гласачите


Излезноста во вториот круг до 17 часот е за речиси 2 отсто повисока од првиот круг на локалните избори. Како што соопшти ДИК, според 83,29 отсто од обработените податоци одѕивот до 17 часот на ниво на држава е 42,85 проценти. Во првиот изборен круг, во истиот временски интервал таа изнесуваше 40,98 отсто.Најмногу гласачи до 17 …

До 17 часот гласале 42,35 отсто од гласачите Read More »

Починат притвореник кој бил хоспитализиран на клиникaта „Мајка Тереза“


 Во СВР Скопје вчера околу 00.50 часот било пријавено дека во Одделот на арестантско одделение при комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил пронајден починат притвореник И.Т.(62). Како што информираат од МВР притвореникот бил хоспитализиран, а околу 00.15 часот му се слошило по што од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на лице место …

Починат притвореник кој бил хоспитализиран на клиникaта „Мајка Тереза“ Read More »

Нови 349 случаи со Ковид-19, уште 12 починати


Во последните 24 часа се направени 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 208 пациенти, а пријавени се 12 починати лица.   Како што соопшти Министерството за здравство, најмногу новозаразени со КОВИД-19 има во Скопје – 166, по што следат Куманово – 23, Штип – 22, Прилеп – 18, Битола …

Нови 349 случаи со Ковид-19, уште 12 починати Read More »

МВР: Нема посериозни нарушувања на изборниот процес


Сектор за односи со јавност и протокол До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски. „ По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме два настани …

МВР: Нема посериозни нарушувања на изборниот процес Read More »

Даштевски: Мирен изборен ден, излезноста до 13 часот е 24,87 отсто


Излезноста на гласачите  на вториот круг од Локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269 674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Тој информира дека по општини, во Вевчани на гласање излегле 52,46 …

Даштевски: Мирен изборен ден, излезноста до 13 часот е 24,87 отсто Read More »

Одзивот поголем од првиот круг и во општините што избраа градоначалник


Излезноста до 11 часот изнесува 14,18 отсто од вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список за општините каде се гласа, односно на гласање излегле 160.035 гласачи, изјави на втората прес – конференција на Државната изборна комисија претседателот Александар Даштевски. Најмала е излезноста во Сарај и во Боговиње. Во неколку избирачки места имало прекини на …

Одзивот поголем од првиот круг и во општините што избраа градоначалник Read More »

Балканот силно погоден од глобалното затоплување


Во пресрет на утрешното отворање на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов, Светската организација за заштита на природата (ВВФ) предупреди дека Балканот во последниве години е силно погоден од глобалното затоплување, со просечен пораст на температурата од 1,2 степени, и дека се очекува дополнително затоплување од 1,7 до 4 степени, во зависност од …

Балканот силно погоден од глобалното затоплување Read More »

Ќе се градат луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица


 Во РС Македонија ќе се градат три нови луксузни ски – центри по сите светски стандарди и тоа на Јабланица, кај Струга и Вевчани, на Бушова планина, кај Крушево и Македонски Брод и на Караџица, кај Сопиште и Студеничани, информираше денеска на прес – конференција в.д. директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески, заедно …

Ќе се градат луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица Read More »

Хоспитализирано 16-годишно девојче со тешка клиничка слика од Ковид 19


На Инфективна клиника е хоспитализирана 16-годишна пациентка од тетовско која има развиено тешка клиничка слика, соопшти  директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Милена Стевановиќ. Како што информираше Стевановиќ, девојчето развила тешка ковид-презентација и не се знае дали истата има други хронични проблеми. Вчера од Министерството за здравство беше соопштено дека на Инфективната клиника …

Хоспитализирано 16-годишно девојче со тешка клиничка слика од Ковид 19 Read More »

И Костадин Костадинов се откажа од користење службено возило


Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов денеска објави дека нема да користи службено возило од општината, ниту пак службен телефон. Во изјава за МИА прецизираше дека ќе се вози во сопствениот автомобил со возач, а средствата од продажбата на автомобилот ќе се наменат за проектотот за Младински културен центар, кој треба да биде сместен во …

И Костадин Костадинов се откажа од користење службено возило Read More »

МНР се уште не виделе оставка од Ванчо Ѓоргиев


Најважно е преговорите со ЕУ да почнат во најскор можен рок, до крајот на оваа година. Тоа е суштински важно и во интерес не само за нас, туку за целиот регион, за ЕУ, па и за Република Бугарија. Надминувањето на разликите со Софија е еден процес, чија рамка ја дава Договорот за пријателство од 2017 …

МНР се уште не виделе оставка од Ванчо Ѓоргиев Read More »

Јанев: Бугарија и Македонија имаат заедничко минато и иднина


 Со Северна Македонија имаме заедничко минато и заедничка иднина, изјави привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во дискусија на Фејсбук, притоа апелирајќи земјава да ги признае правата на оние граѓани кои себе си се идентификуваат како Бугари. – Бугарија постојано ја поддржува земјата, но во исто време мора да биде способна да ги брани сопствените национални …

Јанев: Бугарија и Македонија имаат заедничко минато и иднина Read More »

ОМО „Илинден“ – Пирин : Можеме да им позавидиме на проблемите на Бугарите во Македонија


ОМО „Илинден“ – Пирин реагира на промената на бугарските барања околу спорот со Македонија и посетата на преставниците на бугарските здруженија од нашата држава на Софија.  „Иако досега се менуваа само лажните изговори за блокирање на македонското членство во ЕУ, сепак за поздравување е што фокусот се префрла од обидите да се наметне лажно бугарско …

ОМО „Илинден“ – Пирин : Можеме да им позавидиме на проблемите на Бугарите во Македонија Read More »