ИЕА ќе ослободат 60 милиони барели нафта од резервите за стабилизирање на пазарот


 Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) соопшти дека земјите-членки се согласиле да ослободат 60 милиони барели нафта од нивните резерви за итни случаи за да го стабилизираат пазарот по руската инвазија на Украина. Одлуката – донесена од 31 земја членка на управниот одбор на ИЕА – има за цел да „испрати обединета и силна порака до …

ИЕА ќе ослободат 60 милиони барели нафта од резервите за стабилизирање на пазарот Read More »

Мета ги повика албанските граѓани да донираат помош за украинскиот народ


Албанскиот претседател Илир Мета им се обрати на граѓаните на Албанија со повик да му помогнат на „украинскиот народ кој се соочува со рускиот окупатор“ и да го потврдат хуманизмот и човечката солидарност кои се „скапоцени карактеристики на нашата нација“. Мета пишува дека поради жестоките борби, хуманитарната ситуација во Украина е крајно критична и понизно …

Мета ги повика албанските граѓани да донираат помош за украинскиот народ Read More »

Бербок: Светот долго ќе памти што сме одлучиле денес


Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, пред заминувањето во Њујорк на итната специјална седница на Генералното собрание на ОН порача дека на неа ќе се донесе одлука – дали  меѓународната заедница ќе ги затвори очите пред агресијата во Украина или ќе се соочи со реалноста.  „Денеска во Њујорк, меѓународната заедница се соочува со …

Бербок: Светот долго ќе памти што сме одлучиле денес Read More »

Напредувањето на Русија кон Киев е „таму каде што беше вчера“, тврди американски претставник


  Руското напредување кон Киев останува „во основа… онаму каде што беше вчера“, според висок претставник на одбраната на САД, јави Си-Ен-Ен. Русите не само што се соочуваат со проблеми со „гориво и одржувањето“, туку покажуваат знаци дека им снемува храна, тврди официјалниот претставник. Официјалниот претставник наведе голем број можни причини за застојот, вклучувајќи го и …

Напредувањето на Русија кон Киев е „таму каде што беше вчера“, тврди американски претставник Read More »

Украинска новинарка го нападна Борис Џонсон: Вие се плашите да одговорите на Русија!


Борис Џонсон беше вербално нападнат  од украинска новинарка која со емотивен говор го повика Обединетото Кралство да направи повеќе околу тековната руска инвазија. Дарија Калениук го предизвика британскиот премиер за време на  неговата прес-конференција со полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Таа го обвини НАТО дека премногу се плаши од Третата светска војна за да дејствува, но тврдеше …

Украинска новинарка го нападна Борис Џонсон: Вие се плашите да одговорите на Русија! Read More »

Руските олигарси ги праќаат јахтите на безбедни дестинации


Додека инвазијата на Украина продолжува да предизвикува меѓународна осуда, мега-јахтите поврзани со Владимир Путин, неговите сојузници милијардери и други истакнати руски бизнисмени тргнаа кон водите каде што се надвор од дофатот на јурисдикцијата на САД и ЕУ. Јахтите се засолнуваат на безбедно откако Обединетото кралство најави  дека размислува за санкционирање или запленување на овие симболи …

Руските олигарси ги праќаат јахтите на безбедни дестинации Read More »

Мицотакис – Ципрас: Грција да ja поддржи Украина


Секогаш сме биле на вистинската страна на историјата и истото го правиме и сега, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот и истакна дека „отворената руска инвазија на независниот нејзин сосед повторно ги буди старите кошмари на војни на континентот“, јави дописничката на МИА од Атина. За време на специјалната расправа за ситуацијата во Украина, …

Мицотакис – Ципрас: Грција да ja поддржи Украина Read More »

Во Украина редици луѓе чекаат да се приклучат на војската 


Во украинскиот град Лавов редици луѓе чекаат да се приклучат на војската.Тарас Ишчик, портпарол на Силите за цивилна одбрана на Украина, посочува дека должност на сите на возраст меѓу 18 и 60 години е да аплицираат во центрите за регрутирање. „Ова е целосна мобилизација. Ние не филтрираме ниту еден од нив. Секој што сака да …

Во Украина редици луѓе чекаат да се приклучат на војската  Read More »

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкционираните руски банки


 Меѓународните платежни системи Виза и Мастеркард ги блокираа картичките издадени од руски банки и нивните подружници, кои се на списокот со санкции. „Виза веќе почна да ги спроведува релевантните санкции и ги блокираше картичките на овие банки…“ објави на Фејсбук во вторникот поотпретседателката на Виза за ЗНД и Југоисточna Европа Вира Платонова. „Како резултат на наредбите за санкции, …

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкционираните руски банки Read More »

Украинците се плашат дека ќе им се случи Грозни


Кога рускиот пеетседател Владимир Путин зборува за „специјална операција“ во Украина, Украинците се сеќаваат на најголемото разурнување што го видел светот по Втората светска војна, бомбардирањето на Грозни, главниот град на Чеченија. Нема Украинец што нема да ви каже дека од Путин очекуваат се и дека се можни сите сценарија, иако Меѓународниот суд во Хаг …

Украинците се плашат дека ќе им се случи Грозни Read More »

Разрешувањето на Зендели ја изнервира опозицијата, Џафери даде пауза


Предлог-одлуката за разрешување на членот на Комисијата за прашања на избори и именувања Фадил Зендели предизвика бурна реакција на опозицијата, поради што седницата на Собранието е времено прекината и остана неизгласан дневниот ред.  Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на спикерот Талат Џафери дека четири минути пред почетокот на седницата, на …

Разрешувањето на Зендели ја изнервира опозицијата, Џафери даде пауза Read More »

Русија најави дека ќе бомбардира цели во центарот на Киев


Руското Министерство за одбрана предупреди дека ќе бомбардира цели во центарот на Киев каде што има цивили, а целта и е наводно да ги уништи државните безбедносни агенции од каде што се управува со одбраната на земјата.  Имено, според руските медиуми,  Министерството за одбрана предупредило дека со прецизно оружје ќе ги нападне објектите на СБУ …

Русија најави дека ќе бомбардира цели во центарот на Киев Read More »

Украинците ги даваат заштедите за да ја помогнат армијата


Украинската амбасада во Скопје денес соопшти дека значително се засилени ракетно-артилериските напади врз цивилни објекти  (станбени згради, училишта, породилишта) и на употребата на диверзантски групи кои влегуваат во украинските градови и села облечени во украински воени или полициски униформи. Според амбасадата, има кршење на законите за водење на војна бидејќи руските сили користат забранети касетни …

Украинците ги даваат заштедите за да ја помогнат армијата Read More »

Талат Џафери ќе го смени Зендели за да ја одблокира Комисијата


  Претседателот на Собранието, Талат Џафери, планира да ја деблокира работата на закочената Комисија за избори и именувања, на тој начин што ќе предложи разрешување на Фадиљ Зендели од Беса. За потсетување, опозицијата доби мнозинство во Комисијата со Зендели, откако Беса ја напушти власта и премина во опозиција. Сепак, тој одби да се повлече од функцијата …

Талат Џафери ќе го смени Зендели за да ја одблокира Комисијата Read More »

Украина тврди дека уништила околу 1.000 тенкови и воени возила на руските сили


Украинската армија тврди за големи загуби во луѓе и Од почетокот на воените операции во Украина руските загуби изнесуваат 5.710 војници, има 200 затвореници, а уништени се 29 воени авиони и седум хеликоптери, седум системи за противвоздушна одбрана, 24 повеќеракетни артилериски системи и повеќе стотици парчиња друга воена опрема, тврди Генералштабот на оружените сили на …

Украина тврди дека уништила околу 1.000 тенкови и воени возила на руските сили Read More »

Лукашенко стравува од проширување на европската војна во светска


Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко стравува дека сериозниот европски конфликт може да прерасне во планетарен. Тој ова го изјави денеска, на проширениот состанок на националниот Совет за безбедност. – Не дај Боже тој (сериозен европски конфликт]) да се претвори во планетарен. Но, не започна ни во 2014 година. Тогаш за првпат влезе во акутна вооружена …

Лукашенко стравува од проширување на европската војна во светска Read More »

Варварски напад на Харков, воен конвој од 64 километри оди кон Киев (ВИДЕО)


 Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, повика на дополнителни меѓународни санкции против Русија по, како што рече, „варварскиот“ напад на градот Харков. Barbaric Russian missile strikes on the central Freedom Square and residential districts of Kharkiv. Putin is unable to break Ukraine down. He commits more war crimes out of fury, murders innocent …

Варварски напад на Харков, воен конвој од 64 километри оди кон Киев (ВИДЕО) Read More »

Украина потврди дека Русија употребила вакуум бомба што е забранета во светот


    Амбасадорката на Украина во САД во понеделникот апелираше до членовите на американскиот Конгрес за дополнителна помош бидејќи нејзината земја се противи на руската „брутална војна“, тврдејќи дека Русија користела т.н. вакуумска бомба, или термобарично оружје, во понеделникот при инвазијата на Украина. „Денеска употребија вакуум бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција“, изјави …

Украина потврди дека Русија употребила вакуум бомба што е забранета во светот Read More »

Поддржувачите на Навални ги повикуваат Русите на граѓанска непослушност


Движењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува затворска казна во Русија, ги повика Русите на кампања за граѓанска непослушност во знак на протест против руската инвазија на Украина, пренесува Хина. – Путин и објави војна на Украина и се обидува да ги натера сите да мислат дека Украина е нападната од Русија, односно од сите нас. Но, тоа …

Поддржувачите на Навални ги повикуваат Русите на граѓанска непослушност Read More »

Македонија не го праќа амбасадорот во Русија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави денес на брифинг дека Македонија нема да го прати новиот амбасадор на државата во Русија, кој требало да замине на 15 март. Ваквата одлука на министерот Османи  е политичка и не е поврзана со  апелот на нашето МНР сите граѓани на Македонија што се наоѓаат во Русија да …

Македонија не го праќа амбасадорот во Русија Read More »