„Гересхајмер“ отвора нова фармацевтска фабрика, инвестиција од 126 милиони евра


  Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ). Одлуката за инвестицијата на компанијата ја соопшти потпретседателот на „Гересхајмер“,  Оливер Бургел на средбата со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, …

„Гересхајмер“ отвора нова фармацевтска фабрика, инвестиција од 126 милиони евра Read More »

Си-ен-ен: Во САД оценуваат што би била победа на Украина 


Некои претставници на Белата куќа се сомневаат дека Украина некогаш ќе може да ја врати целата територија што ја изгуби од Русија во изминатите четири месеци од војната, дури и со потешко и помодерно оружје што САД и нивните сојузници планираат да го испратат, изјавија неименувани извори од американската администрација за Си-ен-ен. Како што се наведува, советниците на американскиот …

Си-ен-ен: Во САД оценуваат што би била победа на Украина  Read More »

Ковачевски: Нема ништо ново околу францускиот предлог, разговорите продолжуваат


Нема нови моменти во однос на предлогот на француското претседателство со ЕУ за тргање на бугарското вето за евроинтегративниот процес. Разговорите продолжуваат на ниво на експертски тимови на МНР на Северна Македонија и Бугарија, изјави денеска на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски. Тој повтори дека Владата останува на ставот за францускиот предлог изнесен на прес-конференцијата …

Ковачевски: Нема ништо ново околу францускиот предлог, разговорите продолжуваат Read More »

Цената на нафтата надмина 116 долари за барел


Цените на нафтата денеска пораснаа на трета последователна трговска сесија поради неизвесностите поврзани со глобалното производство, кои се закануваат дополнително да ја заострат понудата на пазарот. Членовите на нафтената алијанса ОПЕК + треба да се состанат оваа недела за да разговараат за ситуацијата со снабдувањето. Цената на северноморската нафта од типот „Брент“ се зголеми за …

Цената на нафтата надмина 116 долари за барел Read More »

ССМ реагира на одлуката во недела да работат трговците во туристичките места


ССМ денес реагира на одлуката во недела да работат трговците во туристичките места. -ССМ со право, уште на самиот почеток на процесот на уредување на недела како ден на неделен одмор укажуваше дека ова право во никој случај не смее да се регулира со друг закон освен со Законот за работните односи и дека во …

ССМ реагира на одлуката во недела да работат трговците во туристичките места Read More »

Mилошоски го пријави во полиција Азири кој се закани со кршење раце и нозе


Пратеникот Антонијо Милошоски поднесе пријава во полиција против функционерот на ДУИ, Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура за искажаните закани со физичко насилство и говор на омраза.Според тоа што го дознаваме, кривичното дело може да се дефинира според член 394 – г од Кривичниот законик.  Aзири од својот Фејсбук како реакција на вчерашниот инцидент …

Mилошоски го пријави во полиција Азири кој се закани со кршење раце и нозе Read More »

Османи: Димитров нѐ прави нас предавници за неговите потпишувања


  Мислев дека ќе можам да ја задржам дипломатската пристојност и да не говорам за отстранувањето на документите од архивата на МНР пред моето доаѓање во куќата, но кога ќе се поминат црвените линии на пристојност, сите треба да ги отвориме картите до крај, напиша вечерва на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој со …

Османи: Димитров нѐ прави нас предавници за неговите потпишувања Read More »

Џафери повика итна координативна седница по инцидентот


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и претставници на политичките партии во Собранието. На поканата се одзваа координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од Алтернатива, Сафије Садики Шаини. Иако поканети, не присуствуваа претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ …

Џафери повика итна координативна седница по инцидентот Read More »

Тошко Јорданов: Петков е брутален лажго кој се „заљуби“ во власта


Асен Василев не е толку брутален лажго како Кирил Петков. Василев не е добар министер за финансии, но барем си стои на зборот. Ова на БТВ го изјави претседателот на пратеничката група на Има таков народ, Тошко Јорданов.  Тој го оцени како вулгарно однесувањето на владејачката партија Продолжуваме со промената, која не отиде на денешните …

Тошко Јорданов: Петков е брутален лажго кој се „заљуби“ во власта Read More »

Бектеши до Милошоски: За такви како тебе не треба да има место во политиката


Министерот за економија, Крешник Бектеши, по денешниот инцидент во Собранието и физичката пресметка помеѓу претседателот на Комисијата за европски прашања Арбр Адеми и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, на Фејсбук напиша дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски нема придонесено ништо за државата, освен поделба и национализам и по тоа ќе биде запаметен. „’Политичар’ каков што …

Бектеши до Милошоски: За такви како тебе не треба да има место во политиката Read More »

За Вархеи решението е веќе на маса и нашите преговори се „прашање на ден“


  Откако францускиот предлог излезе во јавноста, од Бугарија секојдневно стигнуваат предупредувања дека – ако Македонија повторно рече „не“ на предлог рамката за преговори, тоа тешко ќе се одрази на нејзината евроинтеграција. Од кај нас, пак, се праќаат пораки дека, ако предлогот остане ваков каков што е, што европските аналитичари го оценија како „француско-бугарски пропаганден …

За Вархеи решението е веќе на маса и нашите преговори се „прашање на ден“ Read More »

Одземени лиценците на БЕГ и за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на главна седница донесе одлуки со кои престануваат да важат одлуките за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување, односно дистрибуција на топлинска енергија на компанијата БЕГ. Со овие одлуки, како што соопшти РКЕ, „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје и „Снабдување со топлина …

Одземени лиценците на БЕГ и за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија Read More »

Грците гневни поради убиството на шимпанзо што побегнало од ЗОО градината


Усмртувањето на 27- годишното шимпанзо откако побегна од Зоолошката градина што се наоѓа во предградие во близина на Атина, предизвика низа реакции во Грција, меѓу кои и мирен протест, како и барање од заменик-министерот за животна средина за целосно расчистување на случајот, јави дописничката на МИА од Атина. Во саботата наутро, кусо пред 10 часот …

Грците гневни поради убиството на шимпанзо што побегнало од ЗОО градината Read More »

Бечев: Бугарија извојува „Пирова победа“ со Македонија


Негативните реакции околу францускиот предлот за преговарачката рамка на Македонија  не продолжуваат само кај нас, туку и надвор. Бугарскиот аналитичар Димитар Бечев  смета дека со францускиот предлог Бугарија извојувала „Пирова победа“ и сега на својата граница има народ кој чека одмазда. Оценувајќи дека бугарското вето симболички е префрлено во минатото, Бечев забележува дека и покрај …

Бечев: Бугарија извојува „Пирова победа“ со Македонија Read More »

Панајотов: Интерес на САД е да нема проблеми меѓу Бугарија и Македонија


Новиот бугарски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Георги Панајотов, кој беше вршител на должноста министер за одбрана во двете влади, минатата година, му ги предаде акредитивните писма на американскиот претседател Џо Бајден. Тој за БНТ изјави дека се уште нема реакција во САД на одлуката што ја донесе бугарскиот Парламент минатата недела, во врска со …

Панајотов: Интерес на САД е да нема проблеми меѓу Бугарија и Македонија Read More »

Растат долговите на општините, министерствата и во здравството


Зголемени доспеани а неплатени обврски на јавните претпријатија на локално ниво, на јавните здравствени институции, на општните, во образованието. Намалување има кај јавните претпријатија и фирми во државна сопственост, пишува “Порталб”. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првиот квартал од годинава, во кој се прелеа ланската енергетска и гасна криза “зачинета” со …

Растат долговите на општините, министерствата и во здравството Read More »

Русија ја делат „часови“ од технички банкрот


  Русија ја делат „часови“ од техничкиот банкрот поради санкциите што и ги воведе Западот, бидејќи во недела истекува грејс периодот за исплата на околу 100 милиони долари странски долг, објави Блумберг. Американската агенција наведува дека Русија нема официјално да објави дека не е во можност да ги плати обврските, но доколку инвеститорите не ги …

Русија ја делат „часови“ од технички банкрот Read More »

Петков го праќа Борисов на „топол остров“ за да прави коалиција со ГЕРБ?


Бојко Борисов вчера ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ- соопшти за БТВ поранешниот претседател  на Бугарија (2012-2017), Росен Плевнелиев. „Борисов е подготвен да го направи тоа и го има изјавено многу пати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил „за“ европскиот развој на Бугарија. Партијата на …

Петков го праќа Борисов на „топол остров“ за да прави коалиција со ГЕРБ? Read More »

Десетици луѓе уапсени за време на Парадата на гордоста во Истанбул


Турската полиција денеска насилно интервенираше на Парадата на гордоста во Истанбул и уапси десетици лица, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес. Полицијата дури пред почетокот на Парадата упадна во повеќе кафулиња во квартот Џигангир и приведуваше ЛГБТ активисти и новинари. Според невладините организации уапсени се 52 луѓе. Како и секоја година, Парадата на гордоста беше официјално забранета …

Десетици луѓе уапсени за време на Парадата на гордоста во Истанбул Read More »

Врховната рада тврди дека Русија украла 500.000 тони жито од Украина


Врховната рада ја обвини Русија дека украла повеќе од 500.000 тони жито од два окупирани украински региони. Според украинскиот Парламент, руските сили ги присвоиле резервите со жито од црноморскиот пристаништен град Херсон и од градот Запорожје, југоисточна Украина. – Се утврди дека втората армија во светот се лажговци, разбојници, силувачи и крадци, се наведува во твитот објавен од Врховната …

Врховната рада тврди дека Русија украла 500.000 тони жито од Украина Read More »