Mилошоски го пријави во полиција Азири кој се закани со кршење раце и нозе


Пратеникот Антонијо Милошоски поднесе пријава во полиција против функционерот на ДУИ, Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура за искажаните закани со физичко насилство и говор на омраза.Според тоа што го дознаваме, кривичното дело може да се дефинира според член 394 – г од Кривичниот законик. 

Aзири од својот Фејсбук како реакција на вчерашниот инцидент во Собранието на Македонија, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети, порача: „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“.