Зардари положи заклетва за вториот претседателски мандат


Асиф Али Зардари, вдовецот на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, денеска положи заклетва како 14-ти претседател на Пакистан. На церемонијата во претседателската палата во Исламабад присуствуваа цивилни и воени лидери. Зардари, потпретседателот на Пакистанската народна партија (ППП), е првиот цивил кој е реизбран за претседател за втор петгодишен мандат. Зардари (68) ја предводеше ППП откако …

Зардари положи заклетва за вториот претседателски мандат Read More »

Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола оддаде почит во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе пред споменикот  на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара и  беше дел од „Поворката на живите“ на која чекореа …

Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола Read More »

Претседателот на Израел во Амстердам пречекан со протести


Претседателот на Израел, Исак Херцог денеска присуствуваше на отворање на Национален музеј на холокаустот, а пред објектот беше пречекан од пропалестински демонстранти кои бараат итен прекин на огнот во Појасот Газа. Демонстрантите извикуваа „Никогаш повеќе е сега“ и „Прекин на огнот веднаш“, веејќи палестински знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Евреи против геноцидот“ и „Внук …

Претседателот на Израел во Амстердам пречекан со протести Read More »

Јавното обвинителство прави увид во опожарениот објект на правобранителот Агрон Речи


Јавното обвинителство соопшти дека е извршен увид по пожарот во угостителски објект во Охрид.Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи. -Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар. Јавниот обвинител …

Јавното обвинителство прави увид во опожарениот објект на правобранителот Агрон Речи Read More »

Мицкоски ветува учебници за секое дете во наредната учебна година


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска, од дебатата во Куманово што ја организира неговата партија, најави реорганизација во владините ресори и реформи во образовниот процес. Рече дека ќе бидат вложени максимални напори за да се обезбедат учебници во претстојната школска 2024/2025 година, а го објасни и предлогот кој треба, како што напомена, да ги мотивира …

Мицкоски ветува учебници за секое дете во наредната учебна година Read More »

Хамас: Во Газа се уништени 80 отсто од зградите


Во војната уништени се 80 проценти од зградите во градот Газа, а штетата се проценува на 30 милијарди американски долари, соопшти денеска Хамас. Сумата е за разурнатите станбени згради, стопански објекти и инфраструктурата, како улици, електричната мрежа и водоводот и канализацијата. Населението во Појасот Газа, од 7 октомври 2023 година, кога почна војната, секојдневно е …

Хамас: Во Газа се уништени 80 отсто од зградите Read More »

БиХ бара од Вархеји отворање на преговорите за членство во ЕУ


Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Борјана Кришто, испрати писмо до европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, за клучните реформи што БиХ ги спроведе во минатата година, во врска со претстојната одлука на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори со БиХ. Кришто го информирала Вархеји и за реформите кои се …

БиХ бара од Вархеји отворање на преговорите за членство во ЕУ Read More »

Шест лица исчезнаа на скијање на швајцарските Алпи


Шест лица исчезнале за време на скијање на швајцарските Алпи, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полицијата. Таа пријавила дека туристите се исчезнати од вчера. Потрагата по нив е отежната поради многу лошите временски услови во областа во југозападниот швајцарски кантон Вале. Полицијата не соопштува детали за идентитетот на исчезнатите туристи. 

Вучевиќ: Во Косово се случува етничко чистење на Србите, опциите се дипломатија, војна или молк


Министерот за одбрана во технички мандат Милош Вучевиќ денеска изјави дека властите во Приштина континуирано вршат притисок врз Србите кои живеат во Косово и дека тоа е најголемиот безбедносен ризик за Србија. Вучевиќ за телевизија Пинк изјави дека „етничкото чистење на Србите се случува де факто“ на Косово, поради што Србија има опција „да се …

Вучевиќ: Во Косово се случува етничко чистење на Србите, опциите се дипломатија, војна или молк Read More »

Уапсен мажот кој со автомобил влета во портата на Бакингемската палата


Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж откако автомобил влетал во влезната капија на Бакингемската палата во центарот на Лондон. Сликите на социјалните мрежи покажаа автомобил пред капијата на палатата, а британските медиуми цитираа сведок кој вели дека слушнал „гласен удар“. Полицијата соопшти дека тоа се случило вчера наутро. -Вооружените полицајци уапсија маж на местото …

Уапсен мажот кој со автомобил влета во портата на Бакингемската палата Read More »

Попладнево од Кипар ќе замине хуманитарната помош за Газа


Во попладневните часови се очекува од пристаништето во кипарскиот град Ларнака да тргне бродот со хуманитарна помош за Газа, во рамките на иницијативата „Амалтиа“ за поморски коридор, во која се вклучени ЕК и Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, САД и Холандија, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на кипарската …

Попладнево од Кипар ќе замине хуманитарната помош за Газа Read More »

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години


Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкуреннто производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена. Овој капитален проект, како што беше речено на денешниот настан, е најголем во државава во последните 50 години, а се реализира …

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години Read More »

Реакција на ТИРЗ: Ниту еден денар јавни пари не се исплатени на е.Го


Дирекцијата за ТИРЗ остро реагира на наводите за злоупотреба на јавни средства за проектот е.Го. -Ниту 1 денар јавни пари не се исплатени кон оваа компанија. Покажавме дека имаме јасни процедури и капацитет да го заштитиме јавниот интерес и средства.Политичката партија ВМРО ДПМНЕ денес фрли јавен сомнеж врз процедурите и капацитетите за реализација на државната …

Реакција на ТИРЗ: Ниту еден денар јавни пари не се исплатени на е.Го Read More »

Прашањето за „ново мнозинство“ во ЕП еднa од главните предизборни теми во ЕУ


Со приближувањето на терминот за одржување на изборите за членови на Европскиот парламент, така се разжестува реториката меѓу трите партии во актуелното мнозинство во ЕУ – десноцентристичката Европска народна партија, левоцентристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната групација Да ја обединиме Европа.   Како главна тема за меѓусебни препукување изминативе денови се …

Прашањето за „ново мнозинство“ во ЕП еднa од главните предизборни теми во ЕУ Read More »

Израелската армија изгради пат низ Газа


Одбранбените сили на Израел (ИДФ) ја завршија изградбата на нов пат што минува низ северниот дел на Газа од исток кон запад, според сателитски снимки потврдени од Би-Би-Си. ИДФ изјави за Би-Би-Си дека се обидуваат да стекнат „оперативна основа“ и да го олеснат движењето на војниците и опремата. Некои експерти стравуваат дека ќе се користи …

Израелската армија изгради пат низ Газа Read More »

Во Лос Анџелес вечерва 96. доделување на Оскарите


Девеесет и шестото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки ќе се одржи вечерва во театарот Долби во Холивуд. Водител на шоуто ќе биде Џими Кимел. Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23:30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3:30 наутро. Филмот …

Во Лос Анџелес вечерва 96. доделување на Оскарите Read More »

Автобус дивееше на автопатот Тетово – Скопје


На автопатот Тетово – Скопје вечерва автобус од еден автобуски превозник дивјачки возеше и претекнуваше возила. Иако има ограничување на брзината на автопатот, иако има и посебно ограничување на брзината на самиот автобус, возачот ништо од тоа не почитува, претекнува возила со десеттици километри над дозволената брзина, објави 24инфо.мк.  

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“


 „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа …

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ Read More »

Ѓоковиќ со мака до третото коло во Индијан Велс


Ноќта меѓу саботата и неделата српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на турнирот во Индијан Велс, откако го совлада 69. во светот, австралискиот тенисер со српско-црногорско потекло, Александар Вукиќ во три сета со 6-2, 5-7 6-3. Во мечот кој траеше нешто повеќе од два часа, Ѓоковиќ рутински го доби првиот сет во …

Ѓоковиќ со мака до третото коло во Индијан Велс Read More »

Бајден и Трамп меѓусебно се нарекоа „закана за демократијата“


 Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп вчера зборуваа на предизборните митинзи во американската сојузна држава Џорџија, која се појавува како стратешка територија во нивната трка за највисоката функција во земјата на изборите на 5 ноември оваа година, објавија британските медиуми. истакнувајќи дека двајцата претенденти од Демократската и Републиканската партија меѓусебно се нарекуваат …

Бајден и Трамп меѓусебно се нарекоа „закана за демократијата“ Read More »