Јавното обвинителство прави увид во опожарениот објект на правобранителот Агрон Речи


Јавното обвинителство соопшти дека е извршен увид по пожарот во угостителски објект во Охрид.Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар.

Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот, се наведува во соопштението.