Трамп се обидел да најде замена за Зеленски, Залужни „ги откачил“


Валери Залужни, амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на Украина, одбил телефонски повик од потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, по неговата озлогласена пресметка во Овалната соба во февруари со претседателот Володимир Зеленски, објави Гардијан , повикувајќи се на неименувани извори. Според изворите на „Гардијан“, тимот на Венс се обидел „преку разни дипломатски и …

Трамп се обидел да најде замена за Зеленски, Залужни „ги откачил“ Read More »

Финансиската полиција претресуваше во Липково, Куманово и Желино – лишени од слобода седум лица


По двегодишна опсежна предистражна постапка Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општина Липково, Куманово и Желино. -Се работи за сложена предистрага која опфаќа повеќе правни и физички лица, а целта е целосно разоткривање на криминална група која дејстувала подолг временски период и имала за …

Финансиската полиција претресуваше во Липково, Куманово и Желино – лишени од слобода седум лица Read More »

Каја Шукова го прашува Орце Ѓеорѓиевски зошто молчи за урбаниот хаос


Архитекти и експертска јавност ќе го предводат обновувањето и ревитализацијата на Скопје,  најавува Каја Шукова, кандидатката за градоначалник на главниот град од редовите на СДСМ. Таа на социјалните мрежи напиша дека сегашната сликата за Скопје е урбан хаос, непланско и нестандардизирано градење без креативни и функционални решенија и сето тоа се должи на криминалното работење …

Каја Шукова го прашува Орце Ѓеорѓиевски зошто молчи за урбаниот хаос Read More »

Осум дена притвор за родителот кој нападна малолетни фудбалери на штипска „Брегалница“


Осум дена притвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички нападна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев  потврди дека на лицето …

Осум дена притвор за родителот кој нападна малолетни фудбалери на штипска „Брегалница“ Read More »

Се уриваат 101 дивоградба во Стара Загора, Бугарија, досега урнати 400 згради!


Голема операција за отстранување на 101 нелегално изградена куќа започна утрово во населбата Лозенец во Стара Загора, Бугарија. Операцијата се спроведува со силно присуство на полиција, Зградите се наоѓаат на државно шумско земјиште, а половина од нив  се згради. Активностите се дел од поголема кампања на општината за справување со нелегалната градба во областа, каде …

Се уриваат 101 дивоградба во Стара Загора, Бугарија, досега урнати 400 згради! Read More »

Уставниот и Управниот суд ќе решаваат ако се спорат изборите заради независните


  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, не гледа нов обид да се реши проблемот со учеството на независните кандидати на изборите, откако на скандалозната собраниска седница  ДУИ ги блокираше изборните измени – така што не дозволи да се обезбеди мнозинство според Бадентер. Тој најави уште две седници во септември на кои треба да поминат законите …

Уставниот и Управниот суд ќе решаваат ако се спорат изборите заради независните Read More »

Трамп верува дека Путин ќе дојде во САД за светското првенство во фудбал


И покрај тоа што Русија е суспендирана од натпреварите на ФИФА, претседателот на САД  Доналд Трамп мисли дека Владимир Путин ќе присуствува на Светското првенство во фудбал во 2026 година, кое го организираат САД, Канада и Мексико. Во разговор со новинарите  за да објави дека ждрепката за Светското првенство ќе се одржи во Центарот Кенеди …

Трамп верува дека Путин ќе дојде во САД за светското првенство во фудбал Read More »

Трамп ќе знае за две недели дали е можен напредок околу Украина


Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека во рок од две недели ќе знае дали е можен напредок во неговите напори за ставање крај на војната во Украина и повторно ја покрена можноста за воведување санкции врз Москва. „Ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека за две недели ќе знаеме во која насока …

Трамп ќе знае за две недели дали е можен напредок околу Украина Read More »

Изборните ливчиња „од седум метри“ ги предложиле ВМРО-ДПМНЕ


Поранешниот амбасадор на Македонија во Романија и член на СДСМ, Андреј Жерновски реагираше на најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека изборите може да бидат неуспешни и тој со Владата тогаш ќе именува владини повереници на местото на градоначалниците. Според Жерновски, на ваквата ситуација, на која алармира премиерот и кумувале токму неговите сопартијци бидејќи тие предложиле …

Изборните ливчиња „од седум метри“ ги предложиле ВМРО-ДПМНЕ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали Апасиев ќе бара од Мециновиќ да поднесе оставка на пратеничката функција?


По објавувањето на кандидатурата на Амар Мециновиќ за градоначалник на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ јавно го праша лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дали ќе побара од неговиот кандидат, кој е актуелен пратеник во Собранието, да си поднесе оставка од функцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека токму Апасиев во минатото барал од пратеници кои се кандидирале на локалните …

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали Апасиев ќе бара од Мециновиќ да поднесе оставка на пратеничката функција? Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе прави саем за отчет на градоначалниците


Одговорноста и отчетноста пред граѓаните се врвен императив на ВМРО-ДПМНЕ и водилка во сите процеси на партијата, тврдат од оваа партија најавувајќи за викендов, како што го насловија, саем за отчет на нивните градоначалници. – Дадениот збор и проектот ставен во програма се обврска која секогаш ги исполнуваме. Затоа кога ќе заврши еден циклус секогаш …

ВМРО-ДПМНЕ ќе прави саем за отчет на градоначалниците Read More »

Трамп ќе преиспитува 55 милиони носители на визи во САД, ќе депортира и за возење пијан


 Администрацијата на претседателот Доналд Трамп  ги прегледува сите 55 милиони носители на странски визи во САД заради потенцијално „отповикување или депортирање поради прекршувања на имиграциските правила“. Претходно Стејт департментот   објави дека одзел над 6.000 студентски визи од причини кои се движат од пречекорување на престојот до носители на визи кои добиваат DUI. Се бараат индикатори за …

Трамп ќе преиспитува 55 милиони носители на визи во САД, ќе депортира и за возење пијан Read More »

ОЛАФ може да сними филмови за злоупотребите на европските пари во Македонија


  ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжија да се препукуваат кој злоупотребувал европски пари што се распределуваат преку  Националната агенција за образовни програми и мобилност од програмата „Еразмус плус“. Пресметката се води на ниво на фризерници и магариња, но тоа што се случувало со европските пари од оваа програма  е толку запрепастувачко, што ОЛАФ може да сними …

ОЛАФ може да сними филмови за злоупотребите на европските пари во Македонија Read More »

Арсовски: Ако се предолги листите, ДИК може да ги продолжи изборите


  Политичкиот аналитичар Петар Арсовски не гледа можност да не успеат локалните избори во Македонија заради учеството на независните  и изјавите во тој правец ги смета за претерани – освен ако некој има сознанија дека независните листи со два потписи ќе се злоупотребуваат од некого.  „Што значи тоа изборите да се неуспешни? Постои можност да …

Арсовски: Ако се предолги листите, ДИК може да ги продолжи изборите Read More »

Калифорнија им даде на демократите уште пет места во Конгресот


  Сенатот на Калифорнија одобри план за прераспределба во најнаселената американска држава, кој би им дал на демократите уште пет места во Конгресот. Планот е дизајниран да го компензира очекуваното зголемување на бројот на дополнителни места во законодавниот дом од страна на републиканците на претседателот Доналд Трамп со прецртување на границите на втората најнаселена држава, …

Калифорнија им даде на демократите уште пет места во Конгресот Read More »

Поради воен напад повторно прекинат транспортот на нафта до Унгарија


Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска изјави дека имало уште еден напад врз нафтоводот „Дружба“, поради што е прекинат транспортот на нафта до Унгарија. „Во текот на ноќта добивме вест дека нафтоводот „Дружба“ на руско-белоруската граница е повторно нападнат – по трет пат за краток временски период. Транспортот на нафта до Унгарија е повторно …

Поради воен напад повторно прекинат транспортот на нафта до Унгарија Read More »

Пет од шест убиени Палестинци во Газа се цивили


Податоците од доверливата база на податоци на израелската воена разузнавачка служба покажуваат дека пет од шесте Палестинци убиени од израелските сили во војната во Газа биле цивили, односно дека стапката на смртност кај цивилите во Газа е околу 83 проценти, објави денеска лондонски Гардијан. Заедничката истрага на Гардијан, израелско-палестинското списание „+972“ и хебрејскиот медиум „Локал …

Пет од шест убиени Палестинци во Газа се цивили Read More »

„Враќање кон авторитаризмот“: ДОМ е загрижен од заканата на Мицкоски за владини повереници


  Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека, доколку локалните избори во октомври се „неуспешни“, Владата ќе именува повереници како градоначалници. „Ваквата отворена закана е директен напад врз темелите на демократијата и  претставува нескриена најава за враќање на авторитаризмот од времето на Никола Груевски, менторот на …

„Враќање кон авторитаризмот“: ДОМ е загрижен од заканата на Мицкоски за владини повереници Read More »

Вучиќ ќе ги брка од работа наставниците што протестираат


Од Српскиот Академскиот пленум информираат дека директорите на основните и средните училишта што се под целосна контрола на СНС добиле партиска директива да не им ги продолжуваат договорите на наставниците кои учествувале во ученичките и граѓански протести, доколку биле вработени на определено време во претходната учебна година. Неколку наставници го информирале Српскиот Академскиот пленум дека …

Вучиќ ќе ги брка од работа наставниците што протестираат Read More »

ВЛЕН најавува „историски проект“: Ќе го проширува булеварот „Цветан Димов“ во Чаир


Жителите на Чаир конечно ќе го добијат булеварот што со години го очекуваа. Благодарение на ангажманот и посветеноста на ВЛЕН, започнува реализацијата на историскиот проект за проширување на булеварот „Цветан Димов“, инвестиција вредна 10 милиони евра. Овој проект претставува една од најголемите инфраструктурни победи за Чаир во последните децении и е доказ дека ВЛЕН знае …

ВЛЕН најавува „историски проект“: Ќе го проширува булеварот „Цветан Димов“ во Чаир Read More »