Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР


Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.  На дневен ред на Комисијата е разгледување информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.

Тренчевска во Пробиштип по повод услугата помош и нега во домот


Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот – Црвен Крст Пробиштип, кој ја спроведува оваа услуга во општините Пробиштип и Кратово. Услугата е наменета за лица постари од 65 години кои не се во состојба самите да се грижат за себе. …

Тренчевска во Пробиштип по повод услугата помош и нега во домот Read More »

Предупредување за поплави во Велика Британија: За еден ден може да наврне колку за еден месец


До крајот на неделата може да падне дожд во еден ден колку и за еден месец низ Велика Британија, што ќе предизвика поплави опасни по живот, предупредуваат експертите. Портокалово предупредување за дожд е издадено низ делови од јужна Англија, вклучувајќи ги Девон и Сомерсет. Жолто предупредување од синоќа има за невреме со грмотевици е објавено …

Предупредување за поплави во Велика Британија: За еден ден може да наврне колку за еден месец Read More »

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Русија од 18 до 21 септември


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Русија од 18 до 21 септември за да учествува на 18-та рунда кинеско-руски стратешки безбедносни консултации, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг. „На покана на секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев, членот на Политбирото на Централниот комитет …

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Русија од 18 до 21 септември Read More »

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 24 …

Сончево со мала до умерена облачност Read More »

Вучиќ најави дека ќе распише избори до крајот на годината


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека до крајот на 2023 година ќе им излезе во пресрет на оние кои побараа распишување вонредни парламентарни и избори во Белград, што би значело дека тоа ќе биде на 4 март. „Еве ќе ги објавиме до крајот на годината, на 31 декември за 4 март, мислам дека тоа …

Вучиќ најави дека ќе распише избори до крајот на годината Read More »

Украина во центарот на вниманието на Генералното собрание на Обединетите нации


 Војната во Украина и доаѓањето на украинскиот претседател во Њујорк оваа недела заземаат централно место во Обединетите нации, но земјите во развој ќе се борат за центарот на вниманието, како и за побрза акција против сиромаштијата и нееднаквоста на првиот состанок на светските лидери од пандемијата со „Ковид-19“. Почетокот на годишната сесија на Генералното собрание …

Украина во центарот на вниманието на Генералното собрание на Обединетите нации Read More »

Митев го предводеше Алкалоид до убедлив триумф на гостувањето во Охрид


РК Алкалоид одигра одличен натпревар и доминантно стигна до победата на своето прво гостување и прво дерби во новата сезона во Суперлигата. Предводен од репрезентативецот Марко Митев кој средбата ја заврши со девет погодоци, Алкалоид во „Билјанини извори“ забележа победа со 28:22 (полувреме 16:10). Ова беше втора победа од исто толку натпревари за РК Алкалоид …

Митев го предводеше Алкалоид до убедлив триумф на гостувањето во Охрид Read More »

Вардар подобар од Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби


Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победи актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 30:25 (полувреме 15:12). Во текот на целото дерби, домаќините ја имаа контролата на резултатот и не им дозволија на битолчани да се понадеваат на позитивен исход. Најдобри во победничкиот тим беа голманот Мартин Томовски со 14 …

Вардар подобар од Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби Read More »

Објавена е нова листа: Ова се десетте најмоќни земји во светот


САД, Кина и Русија останаа најмоќните земји во светот во 2023 година, според овогодинешната глобална листа на моќ објавена од US News & World Report. Списокот, кој е дел од студијата „Најдобри земји“, анкетираше 17.000 луѓе за нивните размислувања за 87 различни нации. Рангирањето го оценува влијанието на една земја врз основа на перцепциите на …

Објавена е нова листа: Ова се десетте најмоќни земји во светот Read More »

Четворица членови на грчкиот спасувачки тим испратен во Либија загинаа во сообраќајна несреќа


Четворица членови на грчкиот спасувачки тим испратен во Либија загинаа во сообраќајна несреќа, пренесоа светските агенции. Четворицата Грци загинаа веднаш по пристигнувањето во Либија за да учествуваат во операциите за пребарување и спасување во областите погодени од поплавите. Несреќата се случила кога грчкиот тим составен од вкупно 19 лица бил на пат од Бенгази кон …

Четворица членови на грчкиот спасувачки тим испратен во Либија загинаа во сообраќајна несреќа Read More »

Во Анкара отворен најголемиот земјоделски комплекс и простор за рекреација


Општина Анкара отвори огромен земјоделски комплекс и рекреативна зона во регионот Голбаш во близина на турската престолнина. Проектот е реализиран во рамките на развојниот план на Општина Анкара – БАКАП. Зоната има површина од 3,5 милиони метри квадратни, а земјоделската површина опфаќа 970.000 метри квадратни. Просторот, кој до пред неколку години беше целосно пуст, опфаќа …

Во Анкара отворен најголемиот земјоделски комплекс и простор за рекреација Read More »

„Бизнисот на задоволството“ селектиран за награда на Филмскиот фестивал во Самобор


Политичкиот трилер на Гоце Цветановски „Бизнисот на задоволството“ во октомври ќе се натпреварува за наградата Кристална Шишарка – Хоризонти во рамки на Меѓународниот филмски фестивал во Самобор, Хрватска (International Sound and Music Film Festival – ISFMF), еден од трите најголеми фестивали на светот посветени на звучен дизајн и музика за филм. Наградата во рубриката Хоризонти, …

„Бизнисот на задоволството“ селектиран за награда на Филмскиот фестивал во Самобор Read More »

Во сообраќајна несреќа во Либија повредени припадници на грчката армија, дел од испратената хуманитарна помош


Неколку припадници на грчката армија, дел од хуманитарната помош што денеска пристигна во Либија, се повредени во сообраќајна несреќа на пат кон градот Дерна, кога автобусот со медицинскиот персонал се судрил со возило кое се движело во спротивна насока, соопштија од Генералштабот на националната одбрана на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се …

Во сообраќајна несреќа во Либија повредени припадници на грчката армија, дел од испратената хуманитарна помош Read More »

За шест месеци странците во Албанија оставиле 1,55, Албанците во странство околу една милијарда евра


 Зголемениот број туристи кои ја избираат Албанија како дестинација за одмор на земјата и донесоа рекорден приход. Според Централната банка на Албанија, во првата половина од годинава туристите донеле 1,55 милијарди евра, што е за 37 отсто поголем износ споредено со истиот период минатата година и е највисок прилив на средства досега. Но, кога станува …

За шест месеци странците во Албанија оставиле 1,55, Албанците во странство околу една милијарда евра Read More »

Маж со пиштол протестирал пред домот на претседателот Бајден во Делавер


Маж со пиштол бил забележан денеска како протестира во близина на домот на претседателот Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер, пренесе Дејли Меил. Мажот облечен во жолто-портокалов заштитен елек, на едната страна носел натпис: „Бајденови се криминалци, 20 гранати?! Каде е лаптопот? 10% за големиот тип“, додека од другата страна на знакот напишал „Џо има псевдоними?! …

Маж со пиштол протестирал пред домот на претседателот Бајден во Делавер Read More »

Шведска ќе го укине данокот на пластичните кеси


  Следниот ноември, шведската влада планира да го укине данокот на пластичните кеси, што по неговото воведување во 2020 година придонесе за пад на нивната продажба во земјата. Според проценката на владата, воведувањето на данокот донесе одредени негативни ефекти, со кои не се согласуваат еколошките организации, кои изразија загриженост за предложеното укинување. Убедени сме дека …

Шведска ќе го укине данокот на пластичните кеси Read More »

Продолжено гласањето за претседател на СИРИЗА поради големиот одѕив, гласаше и Ципрас


Над 130.000 членови на СИРИЗА, од кои една третина се нови, кои денеска се зачлениле, гласале на изборите за лидер на партијата, на половина час пред затворањето на гласачките места, а гласањето, поради големиот одѕив е продолжено за еден час, јави дописничката на МИА од Атина. Во повеќето гласачки места имаше редици за гласање, а …

Продолжено гласањето за претседател на СИРИЗА поради големиот одѕив, гласаше и Ципрас Read More »

Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта


Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта во обид да ги стабилизира билатералните односи. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Саливан и Ванг имале „искрени, значајни и конструктивни разговори“. Ова е нова дискусија на високо ниво во серијата консултации меѓу …

Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта Read More »

МНР: Високиот процент на одбиени визи од САД поради несоодветни апликации, се планира кампања за едуцирање


По објавените податоци од страна на Стејт департментот дека процентот на одбиени визи за Северна Македонија во 2022 година изнесувал 26,29 проценти, Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека е започнат процес за присоединување на земјава кон Програмата за САД за безвизен режим (Visa Waiver Program). Високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 проценти, …

МНР: Високиот процент на одбиени визи од САД поради несоодветни апликации, се планира кампања за едуцирање Read More »