Предупредување за поплави во Велика Британија: За еден ден може да наврне колку за еден месец


До крајот на неделата може да падне дожд во еден ден колку и за еден месец низ Велика Британија, што ќе предизвика поплави опасни по живот, предупредуваат експертите.

Портокалово предупредување за дожд е издадено низ делови од јужна Англија, вклучувајќи ги Девон и Сомерсет. Жолто предупредување од синоќа има за невреме со грмотевици е објавено за остатокот од југозападна Англија и Јужен Велс.

Слично предупредување беше издадено за Лондон, југоисточниот и источниот дел на Англија и централниот дел на земјата до 6 часот наутро денеска.

Силен дожд наврна низ југозападна Англија во неделата наутро, со локализирани поплави во јужниот дел на Девон.

Метеоролошката канцеларија соопшти дека се очекуваат дополнителни 25 мм-50 мм дожд во погодените области, покрај 30-60 мм што веќе паднаа во изминатите 12 часа. Тоа значи дека до крајот на неделата би можеле да наврнат повеќе од 100 мм дожд во област каде просекот во септември е 92,45 мм.

На други места во Велика Британија, најмалку половина од врнежите во месецот може да паднат за 24 часа.