Азески го презеде раководењето со Асоцијацијата на Балкански комори


На седницата на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори (АБК) што се одржа на 13 декември (среда) во Солун, Грција беше потврден изборот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за претседател на Асоцијацијата во следната година. Досегашниот претседател Јоанис Масутис, кој истовремено е и претседател на Унијата на трговско-индустриските комори на Грција и …

Азески го презеде раководењето со Асоцијацијата на Балкански комори Read More »

Во тек огласот за вработување на 18 лекари и помошно-технички персонал во штипската Клиничка болница


Клиничка болница-Штип доби согласност за вработување на 18 лица. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека огласот е во тек, се очекува и наредната недела да се изврши изборот. -Добивме согласност за вработување на пет доктори, пет болничари, пет хигиеничари и по еден водоинсталатер, парноложач и електричар. Значи се вкупно 18 нови вработувања, во …

Во тек огласот за вработување на 18 лекари и помошно-технички персонал во штипската Клиничка болница Read More »

Во тек е јавниот повик за набавка на комбајни за жито, крајниот рок за аплицирање е 30 декември


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците дека во тек е јавниот повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито. Крајниот рок за доставување …

Во тек е јавниот повик за набавка на комбајни за жито, крајниот рок за аплицирање е 30 декември Read More »

Аирбнб ќе и плати на Италија 576 милиони евра


Интернет страницата за сместување Аирбнб (Airbnb) се согласи да им плати на италијанските даночни власти 576 милиони евра за решавање на даночен спор. Италија вели дека сумата се однесува на пари што компанијата не ги наплатила како данок на доход од луѓе кои изнајмувале соби или имоти на популарната локација за краткорочно изнајмување. Изнајмувачите во …

Аирбнб ќе и плати на Италија 576 милиони евра Read More »

Русија повторно е најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија


  Русија повторно стана најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија, се вели во извештајот објавен денеска од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Русија обезбеди речиси 17 отсто од вкупниот кинески увоз на нафта, Саудиска Арабија 14 отсто, а Малезија околу 12 отсто, пренесува ТАСС. Увозот на нафта во Кина е зголемен …

Русија повторно е најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија Read More »

„Репортери без граници“: Во 2023 година 45 новинари загинаа вршејќи ја својата работа


Во 2023 година, 45 новинари загинале вршејќи ја својата работа, се вели во годишниот извештај на „Репортери без граници“ (РСФ) објавен денеска. Иако 17 новинари ги загубија животите во октомврискиот конфликт меѓу Израел и Хамас, РСФ забележува најмалку смртни случаи од 2002 година. Минатата година, според податоците на таа невладина организација, 61 новинар бил убиен …

„Репортери без граници“: Во 2023 година 45 новинари загинаа вршејќи ја својата работа Read More »

Војаџер 1 изгуби контакт со Земјата


Сондата „Војаџер 1“ доживеа дефект што предизвика прекин на комуникацијата со Земјата, додека таа беше оддалечена околу 24 милијарди километри. Инженерите на НАСА се обидуваат да ја откријат причината за дефектот. Тоа е најоддалеченото летало од Земјата и е надвор од хелиосферата, сончевиот меур од магнетни полиња и честички што се протега далеку подалеку од …

Војаџер 1 изгуби контакт со Земјата Read More »

Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на кандидати за член на ДИК


Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, потврди за МИА пратеникот на Движењето „Беса“ Фадил Зендели. Пријавени се пет кандидати за нов член на ДИК – Беат Даути дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили. По утврдувањето, клистата ка …

Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на кандидати за член на ДИК Read More »

Пожар во Дом за стари лица во предградие на Белград, две лица загинаа


Две лица загинаа во пожарот што избувна вечерва во домот за стари лица во Мали Мокри Луг, предграието на Белград. Повредените се пренесени во ВМА. Евакуирани се 73 корисници на домот и осум вработени, јави дописникот на МИА од Белград. Припадници на Одделението за вонредни состојби на МВР го локализирале пожарот кој избувнал на улицата …

Пожар во Дом за стари лица во предградие на Белград, две лица загинаа Read More »

ФЕД не ги промени каматните стапки, најавува три намалувања во 2024 година.


  Федералните резерви во средата ја задржаа својата основна каматна стапка стабилна трет пат по ред и ќе објави повеќекратни намалувања што ќе дојдат во 2024 година и понатаму. Со олабавување на стапката на инфлација и стабилна економија, креаторите на политиките на Федералниот комитет за отворен пазар едногласно гласаа за задржување на референтната стапка на …

ФЕД не ги промени каматните стапки, најавува три намалувања во 2024 година. Read More »

Пети Смит „брзо пренесена во болница“ откако ја погоди „ненадејна болест“


Панк иконата Пети Смит беше хоспитализирана поради „ненадејна болест“ во Болоња во вторникот, за време на нејзината неодамнешна турнеја во Италија, јавија повеќе медиуми. Американската пејачка (76) таа вечер требаше да настапи во театарот Дузе, но според TG Com 24, таа е задржана на опсервација и настапот е откажан. Театарот објави соопштение во кое гласи: …

Пети Смит „брзо пренесена во болница“ откако ја погоди „ненадејна болест“ Read More »

МФ: За справување со кризата над 250 милиони евра со поволни услови од ЕУ, КфВ, СБ и Фондот при ОПЕК


Сто милиони евра макрофинансиска поддршка од ЕУ стануваат достапни за Република Северна Македонија. Во Собранието е изгласано законското решение со кое се овозможува потпишување договор помеѓу РС Македонија и ЕУ, по што средствата ќе бидат доделени во две транши во период од две години. „Средствата од ЕУ ќе помогнат да ги користиме за  резерви, за …

МФ: За справување со кризата над 250 милиони евра со поволни услови од ЕУ, КфВ, СБ и Фондот при ОПЕК Read More »

Битиќи: Откако ќе биде формирана заедничката компанија, ќе се потпише договорот за концесија за Чебрен


Се уште трае постапката за креирање заедничко друштво меѓу компанијата која го доби тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен на Црна Река и ЕСМ. Откако ќе биде формирана компанијата, од испланираните удели 67 наспроти 33 отсто, ќе почне постапката за доделување на правото на користење на вода, а потоа ќе се потпише договорот за концесија, …

Битиќи: Откако ќе биде формирана заедничката компанија, ќе се потпише договорот за концесија за Чебрен Read More »

Пендаровски оценува: Каде што не владее правото – владеат парите


  За борбата против корупцијата неопходно е етичко лидерство во самите институции, мора да се инсистира на навремени истраги и на правосилни пресуди. Апелирам до сите политички чинители конструктивно да се вклучат во овој процес, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на Шестата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во  Македонија (НКЕУ-МК) на …

Пендаровски оценува: Каде што не владее правото – владеат парите Read More »

Аргентина ја девалвира својата валута и ги намалува субвенциите


Аргентина во вторникот објави остра девалвација на својата валута и намалување на субвенциите за енергија и транспорт, како дел од шокантните мерки за кои новиот претседател Хавиер Милеи вели дека се потребни за справување со економска „вонредна состојба“. Министерот за економија Луис Капуто во телевизиска порака рече дека аргентинскиот пезос ќе биде девалвиран за 50% …

Аргентина ја девалвира својата валута и ги намалува субвенциите Read More »

Спасовски: МВР анализира информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на Вања и Панче


Министерството за внатрешни работи разгледува, анализира и обезбедува докази и информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски за кој осомничени се пет лица, меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски – Палчо, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски во гостување денеска во емисијата …

Спасовски: МВР анализира информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на Вања и Панче Read More »

„Пари“: Во изминатите пет години сме позајмиле речиси 4,8 милијарди евра


  Во собраниската Комисија за финансирање и буџет течат бурни амандмански расправи во однос на Предлог-буџетот за 2024 година, а една од редовните теми е задолжувањето. Државниот долг, заклучно со 31 октомври, е над 6,9 милијарди евра. За наредната година буџетската дупка е планирана на 578 милиони евра. Но, бидејќи за отплата стигнуваат и стари …

„Пари“: Во изминатите пет години сме позајмиле речиси 4,8 милијарди евра Read More »

Македонија2025 со силна поддршка на развојот – поддржани над 55 компании и околу 500 млади лица


Јакнење на конкурентноста, поттикнување на силен економски развој и реформи, зајакнување на приватниот сектор преку партнерства и соработка се во фокусот на организацијата Македонија 2025. Таа годинава реализираше низа активности кои беа насочени кон зајакнување на капацитетите на човечките потенцијали како главни двигатели на развојот во сите сфери на општественото живеење, кон зајакнување на конкурентноста …

Македонија2025 со силна поддршка на развојот – поддржани над 55 компании и околу 500 млади лица Read More »

За декарбонизација се потребни значителни инвестиции, важно е банките да бидат вклучени и отпорни


  Банкарскиот систем ќе има важна улога во процесот на преминување на домашната економија кон новиот модел за одржлив раст. Но, климатските промени се исто така и извор на ризици за финансискиот сектор. Активностите на централните банки се главно насочени кон градење отпорност на банкарскиот систем на ризиците поврзани со климатските промени, со што полесно …

За декарбонизација се потребни значителни инвестиции, важно е банките да бидат вклучени и отпорни Read More »

Азески го презема раководењето со Асоцијацијата на Балкански комори


На денешната седница на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори (АБК) што се одржува во Солун, Грција ќе биде потврден изборот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за претседател на Асоцијацијата во следната година.   На седницата ќе се расправа и за актуелните прашања од економското опкружување на земјите од Балканот, вклучувајќи ги …

Азески го презема раководењето со Асоцијацијата на Балкански комори Read More »