Европол: Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години


 Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години поради растечкото производство во Јужна Америка, изјави извршната директорка на Европската полициска служба (Европол), Кетрин де Бол, за ДПА. -Не можеме целосно да го спречиме бидејќи побарувачката е превисока, додаде таа. Истовремено, Европол забележува зголемен успех на истрагите во борбата против …

Европол: Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години Read More »

Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид


Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид, пренесува „El Chiringuito“. Ова укажува дека 25-годишниот Французин се подготвува да се пресели во Реал Мадрид. Во шпанските медиуми се пишува за директен контакт на Мбапе со претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез. Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Реал Мадрид доставил …

Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид Read More »

Си Џинпинг призна дека Кина има економски проблеми


Кинеските бизниси се мачат, а невработените имаат проблем да најдат работа, призна кинескиот претседател Си Џинпинг за време на своето новогодишно обраќање.  -Некои бизниси претрпеа тешки времиња. Некои луѓе имаа потешкотии да најдат работа и да ги задоволат основните потреби, рече Си во телевизискиот говор, јави Си-Ен-Ен. Изјавата доаѓа во критично време за втората по …

Си Џинпинг призна дека Кина има економски проблеми Read More »

Зеленски: Обезбедувајќи ни оружје и пари, Европа ги спасува своите деца


Армијата на рускиот претседател Владимир Путин не успеа да освои ниту еден голем град во 2023 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украина успеа да ја пробие руската блокада на Црното Море, овозможувајќи транспорт на милиони тони жито, рече тој во интервју за Економист, истакнувајќи дека тоа е „огромен резултат“. Според украинскиот претседател, Западот го …

Зеленски: Обезбедувајќи ни оружје и пари, Европа ги спасува своите деца Read More »

Деспотовски: Нова инвестиција во ТИРЗ, само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно


Компанија од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија е новата странска инвестиција со која Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) ќе ја почне 2024 година. Како што открива директорот на Дирекцијата Јован Деспотовски во интервју за МИА, инвестицијата ќе биде објавена утре, локацијата е ТИРЗ Скопје 1, а до крајот на инвестицискиот период само …

Деспотовски: Нова инвестиција во ТИРЗ, само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно Read More »

Нобеловецот кој извлече милиони луѓе од сиромаштија осуден на шест месеци затвор


Судот во Бангладеш денеска го осуди нобеловецот Мухамед Јунус на шест месеци затвор за кршење на работните закони, соопштија обвинителите, додека Јунус тврди дека е осуден за кривично дело што не го сторил, пренесуваат британските медиуми.  Јунус (83) и неговата банка Грамин ја добија наградата за мир во 2006 година за нивната работа со која …

Нобеловецот кој извлече милиони луѓе од сиромаштија осуден на шест месеци затвор Read More »

Нови правила на ЕУ против затајувањето ДДВ и за минимална стапка за корпоративно оданочување


 Во Европската Унија стапија во сила нови правила за спречување на измами со данокот на додадена вредност (ДДВ), како и за воведување минимална стапка на ефективно оданочување од 15 отсто за мултинационалните компании активни во земјите членки на ЕУ.  Новите правила за транспарентност при плаќањето на даноци од страна на компаниите треба да им овозможат …

Нови правила на ЕУ против затајувањето ДДВ и за минимална стапка за корпоративно оданочување Read More »

Израелската државна обвинителка го обвини министерот Бен Гвир за незаконско мешање во работата на полицијата


Израелската јавна обвинителка Гали Бахарав-Миара изјави пред Вишиот суд дека израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир незаконски се мешал во работата на полицијата околу правото на протести за време на војната во Појасот Газа.  -Како министер задолжен за полицијата, Бен Гвир може да ја утврди политиката, но не му е дозволено да ѝ …

Израелската државна обвинителка го обвини министерот Бен Гвир за незаконско мешање во работата на полицијата Read More »

Врховниот суд на Израел го поништи спорниот закон за реформа на правосудството


Врховниот суд на Израел вчера го поништи контроверзниот закон усвоен од десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со кој се укина дел од овластувањата на високиот суд и предизвика протести низ целата земја. Законот усвоен во јули беше дел од пошироката судска реформа предложена од Нетанјаху и неговата коалиција на верски и националистички партнери, што …

Врховниот суд на Израел го поништи спорниот закон за реформа на правосудството Read More »

Земјотресот во Јапонија однесе најмалку 30 животи


Најмалку 30 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Јапонија вчера, соопштија денеска локалните власти. Меѓу смртните случаи има седум жртви во општинската болница Ваџима, јави јапонската новинска агенција Кјодо, цитирајќи ги градските власти. Спасувачките операции продолжуваат. Во градот Ваџима, во тешко погодената префектура Ишикава, изгореа повеќе …

Земјотресот во Јапонија однесе најмалку 30 животи Read More »

Уште еден масовен руски ракетен напад врз Украина, целта беше Киев


Руските сили утринава повторно извршија масовен ракетен напад врз Украина, а цел беше Киев, каде во неколку наврати се слушаа експлозии, јавуваат украинските медиуми. Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина објавија дека Русија кренала во воздух 16 стратешки бомбардери „Ту-95МС“ од кои лансираше ракети и дека е прогласена тревога за воздушен напад низ цела …

Уште еден масовен руски ракетен напад врз Украина, целта беше Киев Read More »

Уставниот суд и годинава ја почнува некомплетен, приоритет ќе биде воведување „уставна жалба“


И оваа година Уставниот суд ја започна со некомплетен судиски состав поради заглавена процедура во Собранието, и без воведување „уставна жалба“ за граѓаните за полесно остварувањето на нивните права и слободи. Според претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска иако работеле со помал број судии, успеале да ги надминат и сопствените проекции и во годината што …

Уставниот суд и годинава ја почнува некомплетен, приоритет ќе биде воведување „уставна жалба“ Read More »

Образование 2023: Задоцнети учебници, лажни бомби, слаби ПИСА-резултати


Основците и средношколците се на зимски распуст и во училишните клупи ќе се вратат на 22 јануари за второто полугодие од 2023/2024 година. Учебната година првпат ќе заврши на 17 јуни затоа што со одлука на Владата се воведува и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024. Во календарската 2023 продолжи примената на …

Образование 2023: Задоцнети учебници, лажни бомби, слаби ПИСА-резултати Read More »

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а во вечерните часови и во текот на ноќта по котлините ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје претпладне ќе …

Облачно со повремени врнежи од дожд Read More »

Заедничка изјава на Борел и Шефчович по повод 30-годишнината на Европската економска област


Европската Унија заедно со Исланд, Лихтенштајн и Норвешка во изминатите 30 години континуирано работеше на градење подобра Европа во корист на граѓаните и бизнисите и гледајќи наназад можеме да бидеме горди на она што го постигнавме, се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и потпретседателот …

Заедничка изјава на Борел и Шефчович по повод 30-годишнината на Европската економска област Read More »

Еве на која берза беше најдобро да се инвестира минатата година


Минатата недела на светските берзи се тргуваше мирно, бидејќи немаше вести кои битно би се одразиле на пазарите, а цените на акциите благо пораснаа со што се консолидираа добивките во текот на целата година. На Волстрит, Индексот Дау Џонс минатата недела зајакна за 0,8 отсто, на 37.689 поени, додека S&P 500 порасна за 0,3 отсто, …

Еве на која берза беше најдобро да се инвестира минатата година Read More »

Се зголеми патарината за тунелот Караванки


  Со новата година се зголеми и патарината за користење на патниот тунел Караванки. За  возилата со максимална дозволена тежина од 3,5 тони минувањето е поскапо за 40 центи и изнесува 8,20 евра (6,72 евра без ДДВ), јави СТА. Исто така, за возила од патарина класа R1 (возила чија максимална дозволена тежина не надминува 3,5 …

Се зголеми патарината за тунелот Караванки Read More »

Словенечките работодавци бараат работна сила во Македонија


И покрај неизвесноста на пазарот на труд во Словенија и заладувањето на германската економија, оваа година сепак беше поволна за барателите на работа. Со исклучок на енергетски интензивните компании, кои праќаат работници на чекање, сè уште има побарувачка за персонал во другите индустрии. Работодавците ги бараат во странство, сè почесто во Северна Македонија, пренесува бизнис …

Словенечките работодавци бараат работна сила во Македонија Read More »

(Видео) Големи нереди во Германија, опожарен пензионерски дом, уапсени над 300 лица, повредени полицајци


Во Берлин на новогодишната ноќ избувнаа нереди во кои демонстрантите користеа петарди и ракети за огномет. Уапсени се повеќе од 300 луѓе, јавија агенциите. Најмалку 15 полицајци се повредени, а повеќе од 300 лица се уапсени во немирите во Берлин на новогодишната ноќ. Демонстрантите, главно млади, меѓусебно се нападнале со петарди и ракети, пренесува Билд. …

(Видео) Големи нереди во Германија, опожарен пензионерски дом, уапсени над 300 лица, повредени полицајци Read More »

Утрово најстудено во Скопје – Петровец, Тетово, Берово и Струмица


Утрово најстудено е во Скопје – Петровец, Тетово, Берово, Струмица, -2 степена, а 12 сантиметри снег има во Маврови Анови. До 07:30 часот, како што информира УХМР, измерени се -1 степен во Лазарополе, Битола и Демир Капија, 0 во Скопје – Зајчев Рид, Попова Шапка, Прилеп, Крива Паланка, Штип, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 1 во …

Утрово најстудено во Скопје – Петровец, Тетово, Берово и Струмица Read More »