Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а во вечерните часови и во текот на ноќта по котлините ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на локален дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Како што информира УХМР, до крајот на работната седмица се очекува стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет. Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје в сабота попладне и в недела.