Словенечките работодавци бараат работна сила во Македонија


И покрај неизвесноста на пазарот на труд во Словенија и заладувањето на германската економија, оваа година сепак беше поволна за барателите на работа. Со исклучок на енергетски интензивните компании, кои праќаат работници на чекање, сè уште има побарувачка за персонал во другите индустрии.

Работодавците ги бараат во странство, сè почесто во Северна Македонија, пренесува бизнис порталот СЕЕбиз.

Меморандумот за вработување меѓу двете земји е потпишан, се очекува само потпишување на договорот, јавува новинарката на Радио Словенија, Уршка Ваљавец.

Анализата на Службата за вработување за 2023 година покажува умерено намалување на невработеноста. Анкетата за невработеноста од 4,1 отсто ја рангира Словенија на високото шесто место на европската ранг-листа. Како што објасни директорот на агенцијата за вработување Метка Барбо Шкербинц, пред Словенија се на пример, Малта и Полска со 2,5 односно 2,8 отсто невработеност, додека Шпанија е на „опашката“ со 11 отсто невработеност.

Странските работници во Словенија сочинуваат околу 14 отсто од работната сила. Најголем дел од нив работат градежништво, угостителство, здравство и транспорт.

Мнозинството странци доаѓаат од Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а во последно време сè повеќе има и државјани на Северна Македонија, јавува меѓу другото Радио Словенија.

Весникот Дело пред неколку дена пишуваше дека МВР подготвило предлог за измена на Законот за странци, со што треба да се олесни вработувањето и престојот на висококвалификуваните работници од странство во Словенија.

Со предложениот амандман се воведува Европската директива за сината карта на Европската унија, која има за цел да го олесни вработувањето на висококвалификувани граѓани од трети земји во Европската Унија.

Со измената се воведува и дозвола за привремен престој за дигиталните номади. Како што пишуваат во Дело, стратешкиот совет за дигитализација смета дека регулирањето на статусот на дигиталните номади ќе го зголеми протокот на знаење и искуство, ќе ги зголеми приходите во државниот буџет и ќе ја зајакне видливоста на Словенија.

Статусот на дигитален номад треба да го имаат странците кои не се државјани на Европската унија, а кои се вработени или самовработени и работат од далечина преку комуникациска технологија во деловен субјект со седиште надвор од Словенија.