Електраните во Неготино и во Битола ќе прераснат во гасно-водородни централи од 800 и од 250-300 мегавати


Владата на денешната седница донесе Одлука за отпочнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи. Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за економија за потребата од иницирање проекти за изградба на регионална 800MW гаснo – водородна централа Неготино и 250 – 300MW гасно – водородна централа Битола. Задолжено е …

Електраните во Неготино и во Битола ќе прераснат во гасно-водородни централи од 800 и од 250-300 мегавати Read More »

За четири години Косово го напуштиле 156.000 жители


Косовското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека за четири години, од 2018 до 2022 година, повеќе од 150.000 луѓе го напуштиле Косово. „За периодот од 2018 до 2022 година, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 жители или речиси 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесе Бета. Во …

За четири години Косово го напуштиле 156.000 жители Read More »

По скандалот со лажните потврди за „бугарско потекло” издавани во Голо Брдо, се бара истрага за градоначалничката на Булќиза


По откривањето на скандалот со издавањето лажни потврди за „бугарско потекло” во село Острени, област Голо Брдо, населено со Македонци, се бара административна истрага за градоначалничката на општина Булќиза, каде територијално потпаѓа оваа и административната единица Требиште. Според тиранската „Топ чанел“, пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи побарала од Високиот инспекторат за пријавување имот и …

По скандалот со лажните потврди за „бугарско потекло” издавани во Голо Брдо, се бара истрага за градоначалничката на Булќиза Read More »

Зеленски ќе се обрати на Светскиот економски форум во Давос преку видео врска


Украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела ќе земе учество преку видео линк на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, кога е планирано да има „специјално обраќање до учесниците“. Тој ќе има онлајн средби и со извршните директори на компаниите кои учествуваат на форумот, изјави претседателот на СЕФ, Борге Бренде, пренесе Гардијан. -Тоа се должи на …

Зеленски ќе се обрати на Светскиот економски форум во Давос преку видео врска Read More »

Познат германски синџир на стоковни куќи прогласи банкрот поради колапс на сопственикот


Германскиот синџир на стоковни куќи „Кауфхоф“ (Galeria Karstadt Kaufhof) објави дека поднела барање за стечај, укажувајќи на колапсот на нејзиниот сопственик, австриската групација за недвижности „Сигна“ (Signa), во услови на се поголема криза на европскиот пазар на недвижности. „Сигна“ во моментов е најголемата жртва на кризата на европскиот пазар на недвижности. Прогласија банкрот на крајот …

Познат германски синџир на стоковни куќи прогласи банкрот поради колапс на сопственикот Read More »

Шукова нема информација од „Архиродон“ за откажувањето од „Чебрен“, се подготува одлука за поништување на постапката


Во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во подготовка е информацијата со која ќе ја известат Владата дека се поништува постапката за тендерот за изградба на Чебрен, на кој единствен понудувач беше компанијата ППЦ-Архиродон, потврди министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа кажа дека до утринава нема добиено информација од …

Шукова нема информација од „Архиродон“ за откажувањето од „Чебрен“, се подготува одлука за поништување на постапката Read More »

Банките апелираат до граѓаните да не отвараат сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од платежните картички


Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните картички. Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвараат линкови од сомнители СМС пораки и да не споделуваат податоци од картичките. Банките предупредуваат дека е забележана измамничка кампања зад која стои лажна веб страница која се испраќа преку СМС и е-маил …

Банките апелираат до граѓаните да не отвараат сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од платежните картички Read More »

За 11 месеци лани трговски дефицит од 2,7 милијарди долари, покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто


Во првите 11 месеци од минатата година од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 471,881 милијарди денари или 7,664 милијарди евра, односно 8,278 милијарди американски долари што е пораст од 0,1 отсто во однос на истиот период од претходната година. Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 627,225 милијарди …

За 11 месеци лани трговски дефицит од 2,7 милијарди долари, покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто Read More »

Инфлацијата лани изнесуваше 9,4 проценти, еве кои производи влијаеа најмногу


Трошоците на живот, преку кои се мери стапклата на инфлација кај нас,  лани во однос на 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во декември, трошоците на живот се зголемени за 0,2 проценти во споредба со ноември, а цените на мало за …

Инфлацијата лани изнесуваше 9,4 проценти, еве кои производи влијаеа најмногу Read More »

ЕК одобри заедничка инвестиција на „Волво“ и „Рено“ за производство на комерцијални електромобили


Европската комисија ја одобри заедничката инвестиција на шведски „Волво“ и француски „Рено“ за создавање компанија за развој, производство и продажба на лесни електрични комерцијални возила и за обезбедување на логистички услуги.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлуката е донесена во рамки на Регулативата за спојување на ЕУ, откако Еврокомисијата процени дека здружувањето …

ЕК одобри заедничка инвестиција на „Волво“ и „Рено“ за производство на комерцијални електромобили Read More »

Германската влада усвои мерки за штедење, вклучено и контроверзното намалување на субвенциите


  Германската федерална влада постигна договор за дополнителни мерки за штедење, пишуваат германските медиуми и додаваат дека Предлог-законот за финансирање на буџетот, меѓу другото, вклучува и контроверзно намалување на субвенциите за дизелот за земјоделците, повисоки даноци за воздушниот сообраќај и построги санкции во областа на социјална помош. Владата очекува буџетот прво да биде одобрен во …

Германската влада усвои мерки за штедење, вклучено и контроверзното намалување на субвенциите Read More »

Поевтинува дизелот и ЕУРОСУПЕР БС-98


Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98  се намалува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените …

Поевтинува дизелот и ЕУРОСУПЕР БС-98 Read More »

Потврдено – 2023 е најтоплата година досега


  Научниците во вторникот ја потврдија 2023 година како најтоплата година досега и предупредија дека планетата сега е на допирна оддалеченост за да го пробие критичниот праг на затоплување од 1,5 степени Целзиусови. Службата за климатски промени Коперникус (C3S) на Европската унија соопшти дека 2023 година, година во која еден истражувач ги опиша температурните аномалии …

Потврдено – 2023 е најтоплата година досега Read More »

Норвешка ќе одобри ископ на океанско дно


  Норвешка најверојатно ќе стане првата земја во светот која ќе ја започне контроверзната практика на комерцијално ископување во длабоко море, пренесува Би-Би-Си. Планот, пред гласањето во парламентот, ќе го забрза ловот на благородни метали кои се многу барани поради новите, зелени технологии што ги користат. Еколошките научници претходно предупредија дека тоа може да биде …

Норвешка ќе одобри ископ на океанско дно Read More »

Јунајтед ерлајнс откри проблеми со вратите на Боинг 737 Макс 9, завртките не биле доволно затегнати


 Компанијата Јунајтед ерлајнс денеска објави дека при проверка открила дека на голем број од нејзиниот Боинг 737 Mакс 9, вратите не биле доволно добро прицврстени. -На пример, на завртките им е потребно дополнително затегнување, се вели во соопштението на Јунајтед, кој ја спроведе проверката по налог на американскиот регулатор ФАА. По застрашувачкото изместување на вратата …

Јунајтед ерлајнс откри проблеми со вратите на Боинг 737 Макс 9, завртките не биле доволно затегнати Read More »

Германското стопанство повторно разочара: Лоши вести од најважниот сектор во економијата


Германското индустриско производство во ноември падна за 4,8 отсто на годишно ниво и за 0,7 отсто на месечно ниво, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис врз основа на прелиминарните податоци. Пазарите очекуваа спротивен тренд, месечен раст на индустриското производство од 0,2 отсто. Индустриското производство во Германија бележи пад веќе шести месец по ред, покажуваат …

Германското стопанство повторно разочара: Лоши вести од најважниот сектор во економијата Read More »

Јелен охрабрена од федералниот договор за трошење постигнат во Конгресот на САД


Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека верува оти федералниот договор за трошење што го постигнаа конгресните лидери во текот на викендот е во согласност со договорот за плафонот на долгот од минатиот јуни и нема да ѝ наштети на внатрешната модернизација на Службата за внатрешни приходи. Јелен, говорејќи пред новинарите на настанот во …

Јелен охрабрена од федералниот договор за трошење постигнат во Конгресот на САД Read More »

Кои средства донесеа најголем принос на берзите во 2023 година?


Порталот Вижуал капиталист (VisualCapitalist) направи анализа на перформансите на главните класи на средства со следење на нивните релевантни индекси на берзите ширум светот. Податоците за инфографикот подолу доаѓаат од S&P Global и Investing.com. Јапонските акции, претставени во овој инфографик со Никеи 225, беа меѓу најсилните и пораснаа за 30 отсто до крајот на 2023 година. …

Кои средства донесеа најголем принос на берзите во 2023 година? Read More »

Глобалната економија се движи кон нов суперциклус, вели аналитичар на Голдман Сакс


Раководителот за макро истражување на европскиот пазар во банката Голдман Сакс, Питер Опенхајмер, изјави дека глобалната економија се движи кон нов супер циклус, а како причини за тоа ги истакна вештачката интелигенција и декарбонизацијата. Суперциклите обично се дефинираат како долги периоди на економска експанзија кои често се придружени со раст на БДП, силна побарувачка што …

Глобалната економија се движи кон нов суперциклус, вели аналитичар на Голдман Сакс Read More »

Маск: Бев тестиран за дрога три години без претходна најава. Се на барање на НАСА


Американскиот мултимилијардер Илон Маск одговори на написот на Волстрит журнал (Wall Street Journal – WSJ) во кој се тврди дека директорите на „Тесла“ и на „Спејс икс“  се загрижени дека употребата на дрога од Маск може да им наштети на неговите компании. Маск го критикуваше Волстрит журнал и се осврна на деловните успеси на Тесла“ …

Маск: Бев тестиран за дрога три години без претходна најава. Се на барање на НАСА Read More »