Глобалната економија се движи кон нов суперциклус, вели аналитичар на Голдман Сакс


Раководителот за макро истражување на европскиот пазар во банката Голдман Сакс, Питер Опенхајмер, изјави дека глобалната економија се движи кон нов супер циклус, а како причини за тоа ги истакна вештачката интелигенција и декарбонизацијата.

Суперциклите обично се дефинираат како долги периоди на економска експанзија кои често се придружени со раст на БДП, силна побарувачка што доведува до пораст на цените и високи стапки на вработеност.

Зборувајќи за својата нова книга „Среќно враќање“, Опенхајмер истакна дека последниот суперцикл започнал во 1980-тите. Тој не очекува дека ќе има нагло намалување на каматите во следните десет години, но смета дека во тек е враќање на глобализацијата.

И покрај глобалните предизвици за економијата, тој посочи дека има фактори кои ќе придонесат за економска експанзија, а тоа се вештачката интелигенција и декарбонизацијата.

Тој потсети дека вештачката интелигенција се уште е во рана фаза, но дека се повеќе се користи како основа за нови производи и услуги. Тој изјави дека продуктивноста ќе се зголеми благодарение на вештачката интелигенција, пренесува Си-Ен-Би-Си.