Џиновски отровни пајаци се шират низ САД. Нозете им се долги 10 см и можат да летаат (видео)


Североисточниот дел на САД се подготвува за инвазија на џиновски отровни пајаци со нозе долги околу 10 сантиметри. Покрај тоа, станува збор за пајаци Џоро кои можат да летаат, пренесува Си-Би-Ес (CBS). Претходно оваа година, службата во Њу Џерси за контрола на штетници предупреди на пајаците кои доаѓаат, велејќи дека тие „тешко се пропуштаат“ бидејќи …

Џиновски отровни пајаци се шират низ САД. Нозете им се долги 10 см и можат да летаат (видео) Read More »

Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес пред Катланово пренасочен преку езерото Младост


На автопатот Скопје – Велес пред Катланово се стопираат тешки моторни возила за да не се прави метеж поради вршење увид по наплатната рампа Сопот – Велес, соопшти АМСМ. Патнички моторни возила се пропуштаат и сообраќајот се пренасочува преку езерото Младост. 

Тројно убиство во Србија. Млад човек со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата


Млад човек (22) од Књажевац, Србија, со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажевац, пишува Нова.рс. Истиот портал пишува дека младиот човек во полиција изјавил дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил сенилен, а татко му болен. Осомничениот млад човек претходно не бил …

Тројно убиство во Србија. Млад човек со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата Read More »

Оваа компанија штотуку стана повредна од „Епл“


Пазарната вредност на „Нвидиа“ (NVIDIA) достигна повеќе од три билиони долари, со што американскиот производител на чипови го престигна „Епл“ (Apple) и стана втора највредна компанија во светот (која излезе на берза). Цената на акцијата вчера порасна за повеќе од пет отсто, на повеќе од 1.224 долари. Продолжи со неверојатно брзиот пораст што започна минатата …

Оваа компанија штотуку стана повредна од „Епл“ Read More »

Зголемен број случаи на пертусис во Грција, од голема кашлица починале две бебиња


Две бебиња помали од два месеци починале од пертусис (голема кашлица) во Грција, а три биле хоспитализирани на одделот за интензивна нега за новороденчиња, додека во изминатиот период во земјата е регистриран зголемен број случаи, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.  Од почетокот на годинава заклучно …

Зголемен број случаи на пертусис во Грција, од голема кашлица починале две бебиња Read More »

Европската централна банка ја намали каматната стапка за прв пат по 5 години


Европската централна банка ја намали основната каматна стапка за прв пат по 5 години, намалувајќи го притисокот врз должниците во целата еврозона. ЕЦБ ја намали каматната стапка на 3,75% од рекордните 4% и направи чекор пред американската централна банка и Банката на Англија, кои допрва треба да ги намалат каматните стапки. Финансиските пазари со нетрпение …

Европската централна банка ја намали каматната стапка за прв пат по 5 години Read More »

Почина Мексиканецот заразен со нов вид на птичји грип


Светската здравствена организација (СЗО) го потврди првиот смртен случај на човек заразен со подтипот на птичји грип Х5Н2. Тоа е и прв случај на инфекција со птичји грип во Мексико. „Ова е прв лабораториски потврден случај на инфекција со птичји грип од подтип А (H5N2) кај луѓето и прва инфекција со вирусот H5 во Мексико“, …

Почина Мексиканецот заразен со нов вид на птичји грип Read More »

Ова е првата земја од Г7 што ја намали основната каматна стапка


Банката на Канада ја намали својата главна каматна стапка, со што стана првата земја од Г7 што ја олесни монетарната политика во тековниот циклус. Банката на Канада во средата ја намали каматната стапка на 4,75 отсто, откако ја задржа на пет отсто од јули минатата година. Во вторникот, трговците ја процениле веројатноста за намалување на …

Ова е првата земја од Г7 што ја намали основната каматна стапка Read More »

Англија добива нови банкноти – Чарлс Трети на 5, 10, 20 и 50 фунти


Централната банка на Велика Британија пушти во оптек банкноти со ликот на кралот Чарлс Трети. Ова го прави второто кралско семејство кое го има својот имиџ на пари, по неговата мајка Елизабета Втора. – Ова е историски момент бидејќи првпат го менуваме суверенот на банкнотите – изјави гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Чарлс. Додека …

Англија добива нови банкноти – Чарлс Трети на 5, 10, 20 и 50 фунти Read More »

Драмски театар Скопје со „Хеда Габлер” ќе го отвори фестивалот „Војдан Чернодрински“


Со претставата „Хеда Габлер” на Драмси театар Скопје утревечер ќе биде отворен 58-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Претставата ќе биде изведена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ како прва од единаесетте претстави во продукција на националните театри селектирани во натпреватувачката фестивалска програма. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска …

Драмски театар Скопје со „Хеда Габлер” ќе го отвори фестивалот „Војдан Чернодрински“ Read More »

Скопско лето 2024 почнува на 21 јуни со уникатниот проект „Пијанотрон“ на Звјездан Ружиќ


Со концерт на хрватскиот уметник, пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли Ан, на 21 јуни ќе биде отворено 45 издание на фестивалот Скопско лето.  Звјездан Ружиќ доаѓа во Скопје со својот уникатен проект „Пијанотрон“. – „Пијанотрон“ е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири со нозете. Накратко – Звјездан е човек …

Скопско лето 2024 почнува на 21 јуни со уникатниот проект „Пијанотрон“ на Звјездан Ружиќ Read More »

Руски богаташ и официјално го презема „Звечево“


Рускиот бизнисмен Денис Штенгелов преку компанијата Flexway adriatic стана сопственик на 75 отсто од хрватската компанија „Звечево“. Акциите ги купи од Здравко Алвир по цена од 38,71 евро за акција. Токму толку ќе треба да им платат на малите акционери за купување на нивните акции, потврдија од Хрватската агенција за супервизија на финансиските услуги. Алвир …

Руски богаташ и официјално го презема „Звечево“ Read More »

Годинава во соларна енергија ќе се инвестираат 500 милијарди долари, повеќе од сите други видови


Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во својот извештај за зелените извори на енергија објавен денеска објави дека годинава во соларна енергија ќе се инвестираат 500 милијарди долари, што е повеќе отколку во сите други видови производство на електрична енергија заедно. Како што јави француската новинска агенција АФП, ИЕА проценува дека глобалните инвестиции во таканаречената чиста …

Годинава во соларна енергија ќе се инвестираат 500 милијарди долари, повеќе од сите други видови Read More »

Тензично пред и внатре во албанскиот парламент


Тензично во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест организиран од крилото на Демократската партија, на Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, чии привзаници се судрија со полициските службеници распоредени пред зградата. Во законодавниот дом, пленарната седница почнаа со тензии откако мнозинството го одби барањето на опозицијата да се расправа …

Тензично пред и внатре во албанскиот парламент Read More »

Спотовите на Милчо Манчевски во Кинотека


Публиката вечер во Кинотека ќе има можност да види селекција од кратките филмски дела на еден од најзначајните и најнаградувани македонски режисери Милчо Манчевски. – Познат по неговите филмски дологметражни ремек дела како „Пред Дождот“, „Прашина“, „Сенки“, Милчо Манчевски има подеднакво импресивен опус од повеќе од педесетина различни кратки филмски форми, соопшти Кинотека. Станува збор …

Спотовите на Милчо Манчевски во Кинотека Read More »

Студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе настапат на танцов фестивал во Братислава


Второто издание на проектот „УГД – Чекор кон светот“ од 6 до 9 јуни продолжува во Братислава, каде што студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе настапат во рамки на Интернационалниот фестивалот на танцови универзитети под наслов „Share“. Како што информираат од УГД, проектот се одвива под менторство на професор Рисима …

Студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе настапат на танцов фестивал во Братислава Read More »

Дете загина, мајка повредена во торнадо во Мичиген


Двегодишно дете загина, а мајка му е тешко повредена кога торнадо вчера урнало дрво кое паднало врз нивната куќа во предградие на Детроит, Мичиген. Детето починало на лице место, а мајката е пренесена во болница во критична состојба, додека бебе кое било во креветче во друга соба, не е повредено и е пренесено во болница …

Дете загина, мајка повредена во торнадо во Мичиген Read More »

Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација …

Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски Read More »

Перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ


 Во МКЦ денеска и утре ќе биде изведен перформансот „Мачката Елеонора“. Перформансот е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот имаше две распродадени изведби на минатогодишното издание на фестивалот МОТ. Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот …

Перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ Read More »

Се судрија возови во Чешка, најмалку четворица загинати, 23 повредени


 Четири лица загинаа, а уште 23 се повредени кога патнички воз се судри со товарен воз во чешкиот град Пардубице, соопшти министерот за внатрешни работи Вит Ракушан за државната телевизија рано утрово. – Судирот на двата воза во Пардубице е голема трагедија, напиша чешкиот премиер Петр Фијала на Х, изразувајќи сочувство. – Нашите мисли се …

Се судрија возови во Чешка, најмалку четворица загинати, 23 повредени Read More »