Европската централна банка ја намали каматната стапка за прв пат по 5 години

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка за прв пат по 5 години, намалувајќи го притисокот врз должниците во целата еврозона.
ЕЦБ ја намали каматната стапка на 3,75% од рекордните 4% и направи чекор пред американската централна банка и Банката на Англија, кои допрва треба да ги намалат каматните стапки.
Финансиските пазари со нетрпение го очекуваа првото намалување во еврозоната од септември 2019 година, што ќе влијае и на главната стапка на ЕЦБ за рефинансирачки операции, која падна од 4,5% на 4,25%.
Аналитичарите предвидоа намалување на трошоците за задолжување на состанокот на ЕЦБ во јуни, по сигналите дека централната банка е подготвена да понуди поголема поддршка за економиите во еврозоната по периодот на економска стагнација поврзана со руската инвазија на Украина.
We cut our key interest rates by 0.25 percentage points.
Keeping interest rates high for nine months has helped push down inflation.
It is now appropriate to moderate the degree of monetary policy restriction.
Read our monetary policy decisions https://t.co/AaaLd3hGEB pic.twitter.com/dTTYKg7itm
— European Central Bank (@ecb) June 6, 2024
„Врз основа на новата оценка за инфлаторните перспективи, динамиката на базичната инфлација и силата на преносот на монетарната политика, во овој момент, по деветмесечен период во кој немавме промена на каматните стапки, соодветно е да се олесни рестриктивноста на монетарната политика. Од состанокот на Управниот совет во септември 2023 година, инфлацијата се намали за повеќе од 2,5 процентни поени, а изгледите за инфлација значително се подобрија. Намалена е и базичната инфлација, што дополнително упатува на констатација за слабеење на ценовните притисоци, а намалени се и инфлаторните очекувања за сите периоди. Условите за финансирање останаа рестриктивни поради монетарната политика, што придонесе за намалување на побарувачката и задржување на цврстото закотвување на инфлаторните очекувања, со што се даде голем придонес во намалувањето на инфлацијата“, се вели во соопштението.
Сепак, се наведува дека во исто време, и покрај напредокот постигнат во изминатите квартали, домашните ценовни притисоци се сè уште силни во услови на зголемен раст на платите, а инфлацијата најверојатно ќе остане на нивоа повисоки од целните за поголемиот дел од следната година.
Среднорочна цел е инфлација од два отсто, а Европската централна банка вели дека „клучните каматни стапки ќе останат доволно рестриктивни онолку колку што е потребно за да се постигне таа цел“.
Најновите проекции на експертите на Евросистемот за вкупната и базичната инфлација се ревидирани нагоре за 2024 и 2025 година во споредба со мартовските проекции. Експертите сега прогнозираат вкупна инфлација во просек од 2,5 отсто во 2024 година, 2,2 отсто во 2025 година и 1,9 отсто во 2026 година.
Без енергија и храна, експертите предвидуваат просечна стапка од 2,8 отсто во 2024 година, 2,2 отсто во 2025 година и 2,2 отсто економски раст. треба да се зголеми на 0,9 отсто во 2024 година, 1,4 отсто во 2025 година и 1,6 отсто во 2026 година, се вели во соопштението за печатот.