Украинска термоцентрала е оштетена во голем руски напад


Украинска термоцентрала синоќа е оштетена во голем руски напад, најнов насочен кон украинските енергетски инсталации, објави приватниот оператор на електраната ДТЕК. „Уште една тешка ноќ за украинската енергетска индустрија, Русите ја нападнаа термоцентралата на ДТЕК“, соопшти денеска компанијата, посочувајќи дека е направена „сериозна штета“ и дека тројца вработени се повредени. Според компанијата, тоа е седми …

Украинска термоцентрала е оштетена во голем руски напад Read More »

Повеќе од 900 луѓе починаа на аџилак, во Мека температурата достигна 51,8 степени


Бројот на починати за време на аџилакот во Саудиска Арабија надмина 900, јавија светските агенции, повикувајќи се на податоци од повеќе земји. Семејствата и пријателите пребаруваа болници и бараа информации на Интернет, плашејќи се од најлошото откако температурата завчера во Мека, најсветиот град во исламот, достигна 51,8 степени Целзиусови. Околу 1,8 милиони луѓе од целиот …

Повеќе од 900 луѓе починаа на аџилак, во Мека температурата достигна 51,8 степени Read More »

Грузија беше на пат кон ЕУ. Сè запре поради „рускиот закон“


  Амбасадорот на ЕУ во Грузија денеска изјави дека процесот на приближување на земјата кон ЕУ е закочен поради законот за „странски агенти“, колоквијално познат како „руски закон“, кој беше усвоен овој месец. Грузиската новинска агенција Интерпрес го цитираше амбасадорот Павел Херчински дека законот има „негативно влијание врз изгледите на Грузија за напредок“ и дека …

Грузија беше на пат кон ЕУ. Сè запре поради „рускиот закон“ Read More »

АА: Елфете Исмаили кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик министер за земјоделство


Раководството на Алијансата за Албанците ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада, кои ќе треба да ги изгласа Собранието. Раководството на Алијансата за Албанците одлучи Елфете Исмаили да биде кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети кандидат за заменик министер за земјоделство. Во дискусијата беше истакнато дека избраните членови на Алијансата …

АА: Елфете Исмаили кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик министер за земјоделство Read More »

Николоски: Ако сакаме ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор


Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за вицепремиер и министер за транспорт, изјави дека покрај кратењето на институции ќе има и кратење на директорски места, а ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата. Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Николоски рече дека освен кратењето на бројот на институции …

Николоски: Ако сакаме ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор Read More »

Цената на нафтата над 85 долари


Цените на нафтата денеска се стабилизираа над нивото од 85 долари на меѓународните пазари, балансирајќи помеѓу знаците за опаѓање на американската побарувачка и загриженоста за понудата од Русија. На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во август беше за 20 центи повисока од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 85,53 долари. Вчера ја затвори …

Цената на нафтата над 85 долари Read More »

Американски војник доби речиси четири години затвор во Русија


Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана дека ќе ја убие својата девојка, објавија руските медиуми. Наредникот Гордон Блек беше осуден пред судот во Владивосток на далечниот исток на Русија и ќе ја отслужи казната во казнена колонија. Блек, кој беше уапсен во мај, …

Американски војник доби речиси четири години затвор во Русија Read More »

ЕВРО2024: Драматично реми на Хрватска и Албанија во Хамбург


Во натпревар со резултатски пресврти и четири голови, репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2-2 попладнево во Хамбург во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024. Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога уследи целосен …

ЕВРО2024: Драматично реми на Хрватска и Албанија во Хамбург Read More »

Укинувањето на Балансерот е препорака од Европската Унија, вели Мицкоски


 Европската Унија е таа која препорачува да се укине балансерот, алатката која одредува вработување државни службеници по етничка припадност, изјави денеска мандатарот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали ќе се прекине со употреба на таа можност. Тој потсети дека препораката на ЕУ е следствено на скрининг процесот којшто е веќе направен. – И …

Укинувањето на Балансерот е препорака од Европската Унија, вели Мицкоски Read More »

Промовиран Индексот на отвореност: Во 2023 година нема значаен напредок, се препорачува засилена имплементација на постојните политики


Под насловот „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“, Фондација Метаморфозис денеска одржа презентација и дискусија на резултатите од Проценката на состојбата на добро владеење во Северна Македонија преку Индексот на отвореност за извршната власт. -Мониторирањето се спроведува осма година по ред, регионално, во Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и сумираните регионални …

Промовиран Индексот на отвореност: Во 2023 година нема значаен напредок, се препорачува засилена имплементација на постојните политики Read More »

Мицкоски пак го смени мислењето, сега вели новата влада ќе ја разгледа можноста за враќање на цената на струјата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави дека по формирање на новата влада ќе биде разгледана можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за нејзино намалување. „Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги поканиме и експертите на …

Мицкоски пак го смени мислењето, сега вели новата влада ќе ја разгледа можноста за враќање на цената на струјата Read More »

Вонреден инспекциски надзор во битолската Клиничка болница и Клиниката за детски болести


Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница – Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, …

Вонреден инспекциски надзор во битолската Клиничка болница и Клиниката за детски болести Read More »

Мицкоски сака на „елегантен начин“ да ја реши ситуацијата со градоначалниците кои станаа пратеници


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави дека по гласањето за новата влада ќе се посвети, меѓудругото, и на прашањето за измени на Законот за локална самоуправа бидејќи неколкумина градоначалници ќе станат министри во неговата влада. Мицкоски рече дека подобро е тоа да се реши на елегантен начин отколку да се трошат милиони …

Мицкоски сака на „елегантен начин“ да ја реши ситуацијата со градоначалниците кои станаа пратеници Read More »

ЕК: Седум европски земји не ги исполнуваат критериумите на ЕУ во однос на буџетскиот дефицит


Седум европски земји, меѓу кои и Франција, не ги исполнуваат критериумите на ЕУ за буџетскиот дефицит, соопшти денеска Европската комисија. Покрај Франција, тоа се Белгија, Италија, Унгарија, Малта, Полска и Словачка. ЕК го објави Пролетниот пакет на европскиот семестар, кој дава насоки за подобрување на конкурентноста и издржливоста на ЕУ и одржување на здрави јавни …

ЕК: Седум европски земји не ги исполнуваат критериумите на ЕУ во однос на буџетскиот дефицит Read More »

Ноје Цирхер Цајтунг: Проектот Рио Тинто само спиеше, ниту Вучиќ ниту ЕУ не се откажуваат од литиумот во Србија


Во Србија се наѕира она од што се плашеа противниците на експлоатацијата на литиум – дека ветувањето на владата дека ќе престане со истражување во долината Јадар е предизборен маневар и дека проектот за кој е заинтересирана и Европската унија само привремено мирува, пишува Ноје Цирхер Цајтунг (НЦЦ). Швајцарскиот весник пишува дека претседателот на Србија, …

Ноје Цирхер Цајтунг: Проектот Рио Тинто само спиеше, ниту Вучиќ ниту ЕУ не се откажуваат од литиумот во Србија Read More »

Ѓорѓиевски: Понудата и побарувачката конечно треба да ги одредуваат цените


Претседателот на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, денеска на новинарско прашање дали ќе има зголемувањето на цената  на лебот посочи дека цената на струјата е еден импут кој учествува во финалниот производ и  оти најголем импут за кој треба да се разговара се човечките ресурси.  -Ако електричната енергија за бизнисот се …

Ѓорѓиевски: Понудата и побарувачката конечно треба да ги одредуваат цените Read More »

Бислимоски контра пекарите: Големите пекарски компании не земаат струја од ЕВН Хоум, туку на слободен пазар


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар …

Бислимоски контра пекарите: Големите пекарски компании не земаат струја од ЕВН Хоум, туку на слободен пазар Read More »

Тухел ќе добие 10 милиони евра од Баерн, сумата ќе се намали доколку најде работа пред летото 2025 година


 Раководството на  бундеслигашот Баерн Минхен и тренерот Томас Тухел се договорија за шема за исплата на пенали. Тренерот го напушти клубот од Минхен по крајот на сезоната. Претходно беше објавено дека на фудбалскиот стручњак ќе му бидат исплатени повеќе од 10 милиони евра. Според „Билд“, Тухел ќе добие околу 10 милиони евра. Но, доколку Томас …

Тухел ќе добие 10 милиони евра од Баерн, сумата ќе се намали доколку најде работа пред летото 2025 година Read More »

Регионалната берза за малите и средните претпријатија отвора поширок пазар


Компанијата СЕБ Глобал Платформ Скопје, денеска, ја промовираше првата Регионална Берза за поддршка на малите и средните претпријатија во Македонија. Идејниот творец на бизнис идејата и основач на регионална компанија SEB Global Group и застапник за државава Александар Ѓорѓиевски потенцираше дека апликативниот дел на Платформата sebyou.com дава одговор на суштинското прашање за малите и средни …

Регионалната берза за малите и средните претпријатија отвора поширок пазар Read More »

ЕК го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 – 2,2 милијарди предвидени за ИПА III и 500 милиони за Планот за раст на Западен Балкан


Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 година, кој изнесува 199,7 милијарди евра, информира денеска извршниот потпретседател на ЕК задолжен за економија во интерес на луѓето, Валдис Домбровскис.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од вкупните средства во Буџетот на ЕУ за следната година, 2,2 милијарди евра се наменети за Инструментот …

ЕК го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 – 2,2 милијарди предвидени за ИПА III и 500 милиони за Планот за раст на Западен Балкан Read More »