Рама: Албанија три дена ќе биде центар на Европа


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја три дена ќе биде центар на Европа. – Премиерот на Велика Британија на 15 мај доаѓа во Тирана во билатерална посета, што е прва посета во историјата на шеф на британска влада. Францускиот претседател последен заминува, кој ќе престојува во втора билатерална посета на Тирана, рече Рама. …

Рама: Албанија три дена ќе биде центар на Европа Read More »

Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико


Најмалку 21 лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, соопшти висок мексикански државен службеник. Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, напиша дека во несреќата учествувале три возила и дека има многу повредени луѓе. Мексиканскиот весник Ла Хорнада јави дека смртоносната …

Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико Read More »

Презентации, изложби и предавања во Археолошкиот музеј по повод Меѓународен ден на музеите


По повод Меѓународниот ден на музеите 2025 – 18 Мај, од денеска до 18 мај во Археолошкиот музеј во Скопје ќе се организираат настани, под насловот „Музеи, едукација и истражувања“. Настаните ќе се осврнат на современи прашања од археолошката наука, како и на нови пристапи кон интерпретацијата и заштитата на културното наследство. Посебен акцент ќе …

Презентации, изложби и предавања во Археолошкиот музеј по повод Меѓународен ден на музеите Read More »

Изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Сули ан


Во Сули ан вечер по 38. пат ќе се организира традиционалната изложба на студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте, во организација на Факултетот за ликовни уметности – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изложбата е во соработка со Катедрата по графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“. -Оваа …

Изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Сули ан Read More »

Конференција за пристапот до финансии за малите и средните претпријатија


Во Виница денеска ќе се одржи конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“, во организација на Фондација Прогресив Академија. Како што најавија организаторите, преку три фокусирани панели, ќе бидат презентирани конкретни финансиски и донаторски инструменти, поддржани со практични искуства. – Конференцијата е вистинска можност лично да ги запознаеш клучните луѓе и …

Конференција за пристапот до финансии за малите и средните претпријатија Read More »

Панел дискусија по повод Меѓународниот ден на семејството


Во пресрет на Меѓународниот ден на семејството – 15 мај, денеска на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одржи настан посветен на значењето и улогата на семејната едукација во современото општество. Во рамки на програмата ќе се одржи панел-дискусија „Потребата од семејна едукација во Република Северна Македонија“, а ќе биде презентирана и истражувачката анализа „Потребите …

Панел дискусија по повод Меѓународниот ден на семејството Read More »

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува да има локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Од УХМР соопштуваат дека ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал …

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд Read More »

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски


Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. По средбата што ќе се одржи во Владата предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Кошта. Кошта претходно …

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски Read More »

Помина времето на странски инвестиции за илјадници луѓе. Треба да се насочиме кон вредност, а не бројка


Наместо кон странски инвестиции кои ќе вработуваат илјадници луѓе, Македонија треба да се насочи кон инвеститори кои ќе понудат поголема додадена вредност, а не само бројка. Ова, меѓу другото беше посочено денес во Стопанската комора на Македонија каде што домашни и странски експерти дебатираа на темата „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските …

Помина времето на странски инвестиции за илјадници луѓе. Треба да се насочиме кон вредност, а не бројка Read More »

Во вторник ќе се бира гувернер на Народната банка, Мицкоски не открива кого ќе поддржи Владата


  В понеделник, на 19 овој месец ќе биде познато името на личноста која што ќе ја има поддршката на владејачкото мнозинство да биде на чело на Народната банка во наредните седум години, а во вторник предлогот ќе биде ставен и на седница на Собранието. Ова денес го најави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски …

Во вторник ќе се бира гувернер на Народната банка, Мицкоски не открива кого ќе поддржи Владата Read More »

Ако има драстични поскапувања, ќе има мерки до крајот на годинава, предупредува Мицкоски


Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан  Мицкоски.  Одговарајќи на новинарски прашања, дали поради поплаките од граѓаните за поскапувања на прехранбените производи ќе се чека извештајот од контролите на цените на прехранбените производи …

Ако има драстични поскапувања, ќе има мерки до крајот на годинава, предупредува Мицкоски Read More »

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност не може да биде замена за суштинските структурни реформи


На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија. Таа нагласи дека, и покрај серијата економски и геополитички шокови во …

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност не може да биде замена за суштинските структурни реформи Read More »

ДУИ: Наместо да ја доближува Мицкоски ја оддалечува Северна Македонија од ЕУ


Демократска унија за интеграција (ДУИ) денеска преку соопштение до медиумите вели дека Владата на Христијан Мицковски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето неодговорно однесување, се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјава за остварување на стратешката цел – членството во ЕУ.  „Иако го поставија …

ДУИ: Наместо да ја доближува Мицкоски ја оддалечува Северна Македонија од ЕУ Read More »

Трамп ќе се сретне со сирискиот лидер по најавата за укинување на санкциите


Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател на Сирија денеска во Саудиска Арабија, како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, соопшти Белата куќа. Најавата за укинување на санкциите беше …

Трамп ќе се сретне со сирискиот лидер по најавата за укинување на санкциите Read More »

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“


Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија веќе не може да се крие – објавена е во книга со спомени и со документи од бугарските судови, служби за безбедност и други бугарски институции, во издание на „Матица македонска“. Фактите се изнесени на виделина со обемен материјал во книгата „Табу – време на страв и страдање“ …

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“ Read More »

Законот донесен во 1798 година може да се користи за забрзување на депортациите од САД, пресуди федерална судијка


Федералната судијка во американската држава Пенсилванија, Стефани Хејнс пресуди дека САД можат да го користат Законот за странски непријатели, донесен во 1798 година, за да ја забрзаат депортацијата на наводните членови на венецуелските банди, но мора да ги известат најмалку 21 ден однапред и да им дадат можност да ја оспорат депортацијата. Судијка Хејнс наведе …

Законот донесен во 1798 година може да се користи за забрзување на депортациите од САД, пресуди федерална судијка Read More »

Дополнетиот предлог закон за енергетика на пленарна седница


Собранието денеска треба да одржи ја 48. седница, како и продолжение на 47. Дополнетиот предлог на закон за енергетика, во второ читање,  е на дневен ред на 48. седница на која ќе се одлучува и за Предлогот за разрешување и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско …

Дополнетиот предлог закон за енергетика на пленарна седница Read More »

Мецола: Потребна ни е пореална, посамокритична и помалку бирократска Европа


 Заврши времето на хипотетички крстопати и сега останува само еден пат и тоа кон поинаква Европа, која е пореална, посамокритична, насочена кон поддршка на своите индустрии, со помалку регулативи и со повеќе иновации, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола во обраќање на настанот насловен „Европа на крстопат“, што се одржа во зградата на ЕП …

Мецола: Потребна ни е пореална, посамокритична и помалку бирократска Европа Read More »

ОН: Планот на Израел за помош е „цинична претстава“


Директорот на службата на ОН за хуманитарна помош, Том Флечер, планот на Израел за дистрибуција на помош во Појасот Газа, го оцени како „цинична споредна претстава, намерно одвлекување на вниманието, смоквин лист за понатамошно насилство и раселување“. Тој, пред Советот за безбедност на ОН, посочи дека повеќе од 10 недели во Појасот Газа не е …

ОН: Планот на Израел за помош е „цинична претстава“ Read More »

Средни стручни училишта од Скопје ќе се претстават во ОУ „Блаже Конески“


Средни стручни училишта на Град Скопје ќе ги претстават своите струки и профили пред деветоодделенците од Аеродром на настан во Основното училиште „Блаже Конески” во таа скопска општина. Целта е подобрување на имиџот на стручното образование и потикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат …

Средни стручни училишта од Скопје ќе се претстават во ОУ „Блаже Конески“ Read More »