Макрон: Не сакаме да почнеме трета светска војна


Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа изјави дека војната мора да заврши и оти Украина мора да биде во најдобра можна позиција за да отпочне преговори. – Не сакаме да почнеме трета светска војна. Прекинот на огнот е тоа што овозможува најдобра хуманитарна ситуација и почеток на разговори што ќе овозможат решавање на територијалните прашања, …

Макрон: Не сакаме да почнеме трета светска војна Read More »

Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“


Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл. Тужбата ја поднесе „Њујорк Тајмс“ и нивната новинарка Матина Стивис-Гриднеф, тврдејќи дека Комисијата ги прекршила правилата за транспарентност откако одби …

Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“ Read More »

Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат


Во моментов сме најблиску досега до ставање крај на војната во Украина и прекин на борбите, посочува американски дипломат, нагласувајќи дека веројатно никој нема да биде задоволен од никаков договор за прекин на огнот за кој ќе се согласат Москва и Киев, но дека сите се согласуваат оти мирот е многу подобар од војната.  – …

Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат Read More »

Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија


Дваесет и шест пратеници од британскиот Парламент побараа значителна промена во пристапот на надворешната политика кон Србија по присуството на претседателот Александар Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај, јавија српски медиуми. „Му напишав писмо на министерот за надворешни работи, барајќи значителна промена во пристапот на нашата надворешна политика кон Србија, по присуството …

Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија Read More »

Хутите го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив


 Јеменските бунтовници Хути синоќа го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, поради што привремено се стопирани сите летови, јави јеменската телевизија Ал Масира. Портпаролот на движењето Ансар Алах, како што се нарекуваат Хутите, Јахја Сари потврди дека за нападот врз аеродромот во Тел Авив употребени се хиперсонични балистички ракети. Од почетокот на војната во …

Хутите го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив Read More »

Зеленски му ја честита победата на Рама: Успех во служба на народот


Украинскиот претседател Володимир Зеленски  на албанскиот премиер Еди Рама му ја честиташе „победата на изборите и обезбедениот четвртиот последователен мандат”. Во објава на Платформата Х, Зеленски му посакува успех во служба на народот, притоа истакнувајќи дека се “радува на натамошно зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји”. „Честитки до Еди Рама и Социјалистичката партија за …

Зеленски му ја честита победата на Рама: Успех во служба на народот Read More »

Претставување нов пакет услуги за спречување на детската сиромаштија и социјална исклученост


Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка од УНИЦЕФ, денеска ќе организира настан посветен на справувањето со детската сиромаштија и социјалната исклученост.  Како што е најавено, ќе ги претстави клучните наоди за најранливите групи деца и препораки за политики за сеопфатен пакет на услуги што треба да се разгледаат во рамките на Европската …

Претставување нов пакет услуги за спречување на детската сиромаштија и социјална исклученост Read More »

Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“


Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“ ќе биде отворена денеска во рамки на регионалниот проект „EMPOWERED – Инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ). Конференцијата …

Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“ Read More »

„Гнездо“ – прв дневен центар во земјава за деца и семејства во социјален ризик


Во Скопје денеска ќе биде отворен дневниот центар за деца и семејства во социјален ризик „Гнездо“. Ова е прв центар од ваков тип во Северна Македонија, иницијатива посветена на јакнење на децата и семејствата во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“, како што се посочува во соопштението од здружението Новинари за човекови права, е основан со …

„Гнездо“ – прв дневен центар во земјава за деца и семејства во социјален ризик Read More »

Сончево и топло до 24 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен …

Сончево и топло до 24 степени Read More »

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија


Дискусија за иднината на македонската економија насловена  „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските текови: Патот напред за македонската економија“, денеска ќе се одржи во Стопанската комора во организација на Советот на странски инвеститори. На дискусијата ќе говорат Џакопо Детони , главен уредник, fDi Intelligence (Financial Times), Јирген Капенман, основач и партнер, …

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија Read More »

Каде се наоѓаат компаниите со вредност над милијарда долари?


Во Соединетите Американски Држави работат 1.873 компании чија пазарна капитализација надминува една милијарда долари, што претставува повеќе од една третина од вкупниот број на такви компании во светот. Јапонија е втора во светот, со 404 јавно котирани компании вредни над милијарда долари. Од 2000 година, бројот на компании во Индија вредни 1 милијарда долари или …

Каде се наоѓаат компаниите со вредност над милијарда долари? Read More »

Падна цената на јајцата во Америка: Едно јајце сега чини 0,42 долари


Цените на јајцата во САД паднаа за прв пат по неколку месеци, но остануваат близу рекордно високо ниво, според владини податоци објавени денес. Индексот на потрошувачки цени покажа дека просечната цена за 12 јајца од класа А паднала на 5,12 долари во април (0,42 долари по јајце). Цените на јајцата во САД се искачија на …

Падна цената на јајцата во Америка: Едно јајце сега чини 0,42 долари Read More »

Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати


Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија за повеќе од трипати од првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи мноштво нови проекти објавени откако тој се врати во Белата куќа во јануари, покажа денеска анализа на Си-Ен-Ен. Си-Ен-Ен објави дека Трамп оваа недела е во посета на Саудиска Арабија, Катар и …

Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати Read More »

„Мајкрософт“ ќе отпушти три отсто од вработените, во компанијата работат 228.000 лица


Американската технолошка компанија Мајкрософт денеска соопшти дека ќе отпушти три проценти од своите вработени на сите нивоа и географски подрачја. – Продолжуваме да спроведуваме неопходни организациски промени за најдобро да ја позиционираме компанијата за успех на динамичниот пазар, рече портпаролот на Мајкрософт во соопштение за Си-Ен-Би-Си. Мајкрософт на крајот на јуни имаше 228.000 вработени ширум …

„Мајкрософт“ ќе отпушти три отсто од вработените, во компанијата работат 228.000 лица Read More »

На ГП „Блато“ поставен нов шалтер, поради зголемената фреквенција


На граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, кај Дебар, поради зголемената фреквенција на патници и возила, а со цел да го олесни протокот, македонското Министерство за внатрешни работи постави уште еден контролен шалтер. – Во интерес на патниците, кои во сè поголем број го користат овој граничен премин, поставен е уште еден контролен шалтер, опремен …

На ГП „Блато“ поставен нов шалтер, поради зголемената фреквенција Read More »

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет


Владата денеска на 74-тата седница усвоила информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Владината прес-служба наведува дека формирањето на факултетот „претставува стратешка неопходност за унапредување на здравственото образование особено во Пелагонискиот и Југозападниот регион на Република Северна Македонија“ и оти тој „ќе има задача …

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет Read More »

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе направи сè неделава да се одржи најавената средба со Владимир Путин. -Доколку Путин не е подготвен да дојде во Анкара, Ердоган и јас сме подготвени да одлетаме за Истанбул. Ќе направиме сè за да се случи таа средба, рече Зеленски. „Никој освен мене не може да преговара …

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене Read More »

Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите


 Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година, соопшти владината прес служба.  Износот на финансиските средстав …

Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите Read More »

Самит на Македонија2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората


Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој. Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо, каде …

Самит на Македонија2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората Read More »