Меџити: На ВЛЕН ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт


Четворица пратеници од Европскиот фронт ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство, најави првиот вицепремиер и еден од лидерите ВЛЕН Изет Меџити во интервју за Алсат. – ВЛЕН нема да остане со девет пратеници, ниту Европскиот фронт со оние што ги има. Движењата започнаа и мислам дека во наредните денови, особено следната недела, ќе се …

Меџити: На ВЛЕН ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт Read More »

Со такси лани превезени 15,8 милиони патници


Со такси-превозот, во 2024 година се превезени 15 838 000 патници, од кои 14 670 000 во градскиот, а 1 168 000 патници во меѓуградскиот превоз, покажуватт податоците на Државниот завод за статистика. Со 1698 патнички автомобили се изминати вкупно 51 250 000 километри, од кои 45 149 000 во градскиот превоз, а 6 101 …

Со такси лани превезени 15,8 милиони патници Read More »

Алкалоид го одржа последниот тренинг пред дуелот со АЕК


Ракометниот клуб Алкалоид го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Грција каде ќе го игра првиот финален меч во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК од Атина. На тренингот бил присутен и Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, кој го поздравил тимот, а на играчите им посакал среќа и успех и …

Алкалоид го одржа последниот тренинг пред дуелот со АЕК Read More »

Таа е првата жена кандидат за претседател на Светскиот економски форум


Ненадејното заминување на Клаус Шваб од Светскиот економски форум, влијателната организација што ја основа и ја водеше повеќе од половина век, ги искомплицира внимателно испланираните претходни планови за убедување на Кристин Лагард да го преземе кормилото во беспрекорна транзиција. Шваб, 87, првично имаше намера да остане до почетокот на 2027 година, кога завршува мандатот на …

Таа е првата жена кандидат за претседател на Светскиот економски форум Read More »

Во Словенија украдена бронзена статуа на Меланија Трамп


Полицијата во Словенија истражува исчезнување на бронзена статуа на Меланија Трамп, која ја замени дрвената статуа уништена во пожар во 2020 година, објави „Гардијан“. Бронзената статуа, прикажана во природна големина, била поставена на трупец од дрво на приватна нива во нејзиниот роден град Севница. Според полицијата и творецот на статуата, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, …

Во Словенија украдена бронзена статуа на Меланија Трамп Read More »

„Како среде зима!“: Снег во делови од Србија, Копаоник изгледа како во јануари (видео)


Утрово во планинските подрачја на Србија паѓа снег. На Копаоник, изгледа како јануари, на средина од сезоната. Снег беше забележан во околината на Пријепоље, на Рудно и Сјеница, јави Н1. Од раните утрински часови, минувањето на студен фронт проследен со силен северен ветер предизвика нагло опаѓање на температурата. Во утринските часови, дождот полека се претвори …

„Како среде зима!“: Снег во делови од Србија, Копаоник изгледа како во јануари (видео) Read More »

Избрано ново раководство на МАСИТ


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) на 19. редовно годишно Собрание избра ново раководство. Според последните статутарни измени на Комората, за нов Претседател на Комората, како официјален претставник на МАСИТ е Претседателот на Управниот одбор, а не Претседателот на Собранието како што беше претходно. Така, Претседател на Комората е Јордан Димитровски од компанијата …

Избрано ново раководство на МАСИТ Read More »

Државата уште се мисли за методот за изградба на „Чебрен“


Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме да биде македонски државен проект, истакна денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. -Најубаво е како држава сами да ја изградиме, но се работи за проект кој ќе чини најмалку една милијарда …

Државата уште се мисли за методот за изградба на „Чебрен“ Read More »

Македонија треба да има сопствен систем за сајбер безбедност, а не да зависи од локации во странство, вели Андоновски


Во дигиталниот свет податоците се елементарниот приоритет и како такви мора да се третираат со највисоко ниво на доверба и сигурност, а институциите имаат обврска да ги штитат транспарентно, правично и по сите европски стандарди поради што земјава мора да има сопствено решение за справување со сајбер предизвиците, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски …

Македонија треба да има сопствен систем за сајбер безбедност, а не да зависи од локации во странство, вели Андоновски Read More »

За два денари поскапува Еуросупер БС-98


Од полноќ поскапува Еуросупер БС-98, додека цените на останатите енергенси остануваат непроменети, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Малопродажната цена на Еуросупер БС-98 се зголемува за два денари и тој ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар.  Освен на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот, непроменети остануваат и цените на Екстра лесното масло …

За два денари поскапува Еуросупер БС-98 Read More »

Ангеловска-Бежоска – Суперти: СЕПА е историски исчекор, банките треба да се подготват


Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите што ги предводеше Народната банка за исполнување на високите европски регулативни барања и стандарди во доменот на плаќањата, констатирале гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската …

Ангеловска-Бежоска – Суперти: СЕПА е историски исчекор, банките треба да се подготват Read More »

Руските националисти го притискаат Кремљ да ја продолжи војната во Украина


На некој што пораснал на Запад, на прв поглед може да му изгледа дека Путин е под притисок. Меѓутоа, таканаречените „Z-патриоти“ – именувани по симболот што руските сили во Украина го цртаат на своите возила – мора да следат одредени правила и да не претставуваат закана за Путин, изјавија за Ројтерс три лица блиски до …

Руските националисти го притискаат Кремљ да ја продолжи војната во Украина Read More »

Јокиќ брилјираше во лудилото во Денвер, им донесе победа на Нагетси за мајсторка против Оклахома


Денвер Нагетс се спасија од елиминација во полуфиналето на Западот и со победа на домашен терен од 119:107 против Оклахома Сити Тандер го израмнија резултатот на 3:3 во серијата што се игра на четири победи. Со два порази по ред, Денвер беше блиску до елиминација, но потоа се избори за решавачкиот, седми натпревар, кој ќе …

Јокиќ брилјираше во лудилото во Денвер, им донесе победа на Нагетси за мајсторка против Оклахома Read More »

Сиљановска – Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото


  Еден ден по средбата претседателката Гордана Сиљановска-Давкова испрати соопштение што разговарала со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција, нагласила Сиљановска. Истакнувајќи дека земјава e фокусирана на спроведување на реформската агенда заради достигнување на европските …

Сиљановска – Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото Read More »

Украина загуби уште еден авион „Ф-16“ во инцидент


  Украина утрово загуби борбен авион „Ф-16“ поради невообичаена ситуација на него. Пилотот се катапултирал, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од Ројтерс. „Според прелиминарните податоци /…/ се појавила необична ситуација во авионот. Пилотот го насочил авионот подалеку од блиската населба и успешно се катапултирал“, се вели во соопштението на воздухопловните сили на платформата Телеграм. Според …

Украина загуби уште еден авион „Ф-16“ во инцидент Read More »

Барселона ја освои титулата во Ла Лига, по натпреварот против Еспањол настана хаос


Барселона ја освои титулата во шпанското првенство победувајќи го Еспањол со 2-0 во градското дерби, две кола до крајот на Ла Лига, благодарение на головите на Ламине Јамал и Фермин Лопез. Оваа победа е особено слатка за навивачите на Барса бидејќи ја одзедоа титулата од еден од нивните најголеми ривали (Реал) и ја обезбедија со …

Барселона ја освои титулата во Ла Лига, по натпреварот против Еспањол настана хаос Read More »

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад, полицијата употреби бибер-спреј


Нови инциденти беа регистрирани утрово во Нови Сад откако полицијата употреби бибер-спреј за да растера група студенти и граѓани кои од вчера ја блокираат зградата на Вишиот суд, недозволувајќи им на вработените да влезат. Припадници на жандармеријата и интервентната полициска бригада пристигнаа утрово во дворот на зградата на судот каде што блокадата трае од вчера …

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад, полицијата употреби бибер-спреј Read More »

Поетска вечер „Нашата визија за Европа“ во галеријата „КО-РА“


Во рамки на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во галеријата „КО-РА“ ќе се одржи Поетска вечер, како дел од проектот „Нашата визија за Европа”. Модератор на оваа Поетска вечер е писателката Оливера Јовановска. Во рамки на проектот, на 9 мај отворена е групна изложба „Нашата визија за Европа …

Поетска вечер „Нашата визија за Европа“ во галеријата „КО-РА“ Read More »

Во Лондон уапсен Украинец поради подметнување на пожар на имотот на Стармер


Британската полиција уапси 21-годишен Украинец поради подметнување на пожари во Лондон, вклучително и во домот на премиерот Кир Стармер. Роман Лавриновиќ е уапсен на 13 мај, еден ден откако подметнал пожар на влезот на имотот на Стармер во Кениш Таун, северен Лондон. Огнот предизвикал само материјална штета. Лавриновиќ, кој денеска треба да се појави пред …

Во Лондон уапсен Украинец поради подметнување на пожар на имотот на Стармер Read More »

Рубио: Сите членки на НАТО на самитот во јуни ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана


Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самитот на НАТО во јуни, во Хаг, сите членки ќе се согласат за зголемување на средствата за одбрана во следната деценија на пет проценти од БДП. Рубио ова го изјави во интервју за „Фокс њуз“ по учеството на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО …

Рубио: Сите членки на НАТО на самитот во јуни ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана Read More »