Потврдени 54 нови случаи на Ковид-19, починаа 6 пациенти – регистрирани 42 оздравени


На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа четири пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 Септември“ починаа две лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г), информираат од Министерството за здравство. Со два …

Потврдени 54 нови случаи на Ковид-19, починаа 6 пациенти – регистрирани 42 оздравени Read More »

Ангеловска: Мерката 14.500 денари може да ја корисат и занаетчии, фризери, козметичари…


Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност, објави на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска. -Мерката е иста како за работодавачите – единствена разлика е што апликацијата оди преку системот е-ПДД на УЈП. Прво, се пополнува барање за исполнетост на условите: до …

Ангеловска: Мерката 14.500 денари може да ја корисат и занаетчии, фризери, козметичари… Read More »

Кина ги надмина очекувањата и во март оствари трговски суфицит од 20 милијарди долари


Кина во март регистрира надворешнотрговски суфицит од 19,9 милијарди долари, според царинските податоци објавени денеска, со што ги надмина прогнозите на аналитичарите на пазарот за вишок од 18,55 милијарди долари. Трговските податоци за кинеската стоковна размена со светот во март се далеку подобри отколку во јануари и февруари, кога земјата, во екот на пандемијата на …

Кина ги надмина очекувањата и во март оствари трговски суфицит од 20 милијарди долари Read More »

Берзата во првиот квартал сврте 68 милиони евра, но МБИ 10 падна 22 отсто


Големи ценовни флуктуации и пад на вредноста на берзанскиот индекс МБИ 10 за 22 отсто, но и значајно поголем промет, дури за 133 отсто во однос на лани, го одбележаа тргувањето на Македонската берза во првите три месеци годинава. Поради големите турбуленции неколку пати беа променети дневните ценовни ограничувања и беше воведен нов механизам за автоматско …

Берзата во првиот квартал сврте 68 милиони евра, но МБИ 10 падна 22 отсто Read More »

НЛБ Банка почна со бесплатна лична достава на картичките на своите клиенти


НЛБ Банка поради пандемијата со коронавирусот воведе нова услуга за лична достава на обновените дебитни и кредитни картички. Во периодот до 31 мај, како што информираат од банката, доставата на картичките ќе биде на адреса на клиентите без никаков надоместок. Клиентите кои сакаат да ја искористат оваа можност, потребно е да поднесат електронско барање за …

НЛБ Банка почна со бесплатна лична достава на картичките на своите клиенти Read More »

ВИДЕО: Ромео и Јулија во време на Ковид-19


Додека се заглавени во своите домови, поради епидемијата од корона вирусот, овие жители на Лондон најдоа начин како да комуницираат едни со други и да бидат креативни. Истовремено и да ги забавуваат соседите. Погледнете како овие современи лондонски Ромео и Јулија ја изведуваат познатата балконска сцена од прозорците на нивните домови.  

ОН: Поради Ковид-19 над 117 милиони деца може да останат без вакцина за сипаници


Повеќе од 117 милиони деца би можеле да ја пропуштаат имунизацијата против сипаници, бидејќи пандемијата Ковид-19 принудува на социјално растојание и го зголемува притисокот врз здравствените услуги, предупредија здравствените агенции на Обединетите нации, јави Ројтерс. Во 24 земји веќе се одложени кампањите за имунизација од сипаници, а се очекува тоа да биде направено и во …

ОН: Поради Ковид-19 над 117 милиони деца може да останат без вакцина за сипаници Read More »

СЗО: Корона вирусот нема да исчезне, ќе мораме да се штитиме


Луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило, оценува експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Дејвид Набаро. Во разговор за Би-Би-Си тој кажа дека општествата мораат да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност“, бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време. -Овој вирус нема да си замине, не знаеме дали …

СЗО: Корона вирусот нема да исчезне, ќе мораме да се штитиме Read More »

Болните од Ковид-19 ќе се лекуваат со крвна плазма, се очекува и антивирусен лек од Јапонија


Заразата од коронавирусот во државава се движи кон врвот, а бројот на заболени секојдневно постепено се зголемува. Од вкупно 854 дијагностицирани, најголем број се од Скопје – 316, по што следуваат Куманово – 211, Прилеп – 75, Дебар – 49…. Излекувани се 44 пациенти, а 38 се починати. Од вкупниот број заболени, 117 се здравствени …

Болните од Ковид-19 ќе се лекуваат со крвна плазма, се очекува и антивирусен лек од Јапонија Read More »

Учителите да ги учат, родителите да се дружат со своите деца


Во ова време-невреме, се чини, сите сме на тестот на себепреиспитувањето. Какви сме, што правиме, каде се движиме? Во секојдневното исчекување на вестите и бројките колку заразени, колку излекувани, дали имаме некој близок во опкружувањето заразен од коронавирусот и како ќе преживееме? Млади, стари, родители или не? Грижата моментално се префрла на старите, но и …

Учителите да ги учат, родителите да се дружат со своите деца Read More »

Берни Сандерс ја поддржа кандидатурата на Џо Бајден


Сенаторот Берни Сандерс синоќа официјало даде поддршка на кандидатурата на неговиот соперник во трката за претседателска номинација, поранешниот потпретседател Џо Бајден. Чекорот е насочен кон обединување на демократите во пресрет на изборите во ноември. Сандерс ја прекина својата изборна кампања пред само пет денови, и сега, се појави заедно со Бајден и посочи дека коронавирусот …

Берни Сандерс ја поддржа кандидатурата на Џо Бајден Read More »

Во Детроит починатите од корона ги сместуваат и во собите за одмор на лекарите


Вработените во болницата „Синај грејс“ во Детроит не успеваат починатите од корона вирусот достојно да ги сместат во соодветни простории, па нивните тела ги оставаат во бели вреќи наредени едни над други во гаражата, во ладилник на болничкиот паркинг, во просториите на лекарите, дури и во собите за одмор на лекарите и на медицинскиот персонал …

Во Детроит починатите од корона ги сместуваат и во собите за одмор на лекарите Read More »

СЗО: Новиот коронавирус е десетпати посмртоносен од грипот H1N1


Новиот коронавирус е десетпати повеќе смртоносен од вирусот на грип А (H1N1) што се појави во Мексико во март 2009 година, соопштија денеска СЗО, повикувајќи на бавно повлекување на карантинските мерки. „Податоците собрани во неколку земји ни даваат појасна слика за овој вирус, неговото однесување и како можеме да го спречиме“, рече генералниот директор на …

СЗО: Новиот коронавирус е десетпати посмртоносен од грипот H1N1 Read More »

Владата даде виза за кредитот од ММФ во износ од 176,7 милиони евра


Околу 176,7 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Република Северна Македонија ќе ги искористи за буџетски потреби во финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на Ковид-19. Како што соопшти владината прес-служба, денеска на седница на Владата е донесена Уредба со …

Владата даде виза за кредитот од ММФ во износ од 176,7 милиони евра Read More »

Илјадници Американци бараат помош од Банката за храна (фото, видео)


Неверојатни фотографии објавија медиумите во САД на кои се гледаат илјадници граѓани кои со своите возила чекаат во километарски колони барајќи помош од Банката за храна. Станува збор за непрофитна добротворна организација што обезбедува храна за оние кои имаат тешкотии да ја купаат доволно да не останат гладни. Некои од ваквите банки работат според моделот …

Илјадници Американци бараат помош од Банката за храна (фото, видео) Read More »

Над 1.500 јавувања за економските мерки, контакт центарот од денеска со зголемен капацитет


Финансиската поддршка за компаниите, невработеност, кредитирање и дозволи за движење во полициски час се најчесто поставуваните прашања во контакт центарот за економски мерки на Владата, каде неделава имало 1.579 јавувања.   Контакт центарот, преку телефонскиот број 02/324-8040, функционира од минатата недела и е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки …

Над 1.500 јавувања за економските мерки, контакт центарот од денеска со зголемен капацитет Read More »

Симовски: За очекување е дека ќе има пад на БДП, вработеноста и на платите


Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска изјави дека во дадената ситуација за очекување е да има пад на БДП, намалување на вработеноста, намалување на платите и на животниот стандард. – Тоа е нормално да се очекува. Прашањето е колку ќе трае тоа. Ако трае само во вториот квартал тоа е добро, но …

Симовски: За очекување е дека ќе има пад на БДП, вработеноста и на платите Read More »

Стопанската комора бара поголема транспарентност за економските мерки


На истиот начин, како што секој ден се известува за бројот на новозаболени, починати или оздравени лица од корона вирусот, да се известува и за тоа кои економски мерки се расположливи во моментот и како се користат, предлага Стопанската комора на Македонија. Оттаму денеска порачаа дека со поголема транспарентност ќе се дојде до поточни заклучоци …

Стопанската комора бара поголема транспарентност за економските мерки Read More »

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста


Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста, а за половина денар поевтинува екстра лесното  масло за домаќинствата од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, новата малопродажна цена  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 50,50 денари. …

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста Read More »

Народната банка го намали износот на благајнички записи за банките


Ослободените средства се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем, велат од централната банка Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП) на денешната седница одлучи да се намали износот на благајничките записи кои банките можат да ги запишат кај централната банка, при задржување на …

Народната банка го намали износот на благајнички записи за банките Read More »