НЛБ банка со нова можност за одложување на отплатата на кредитите за физички лица


Периодот на одложена отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица согласно Јавната понуда на НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти-физички лица со број 03-7502 завршува заклучно со 30.9.2020 година. Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти …

НЛБ банка со нова можност за одложување на отплатата на кредитите за физички лица Read More »

Поддршка за туристичко-угостителскиот сектор и во четвртиот пакет мерки, најави Бектеши


Поддршката на туристичко-угостителскиот сектор ќе продолжи и во наредниот период преку Четвртиот пакет мерки кој е во фаза на подготовка, најави денес министерот за економија Крешник Бектеши на средба со претставници од Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија. „Мерките ќе се носат со целосна вклученост и консултација на секторот врз основа …

Поддршка за туристичко-угостителскиот сектор и во четвртиот пакет мерки, најави Бектеши Read More »

Баерн ѝ го врати Кутињо на Барселона


Европскиот клупски шампион Баерн Минхен официјално го врати Филипе Кутињо во Барселона. Бразилскиот плејмејкер играше на позајмица една година кај Баварците, со кои освои „требл“, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Минхен имаше можност да го купи играчот доколку и дадоа на Барселона 100 милиони евра, но Германците категорично одбија пред неколку месеци да ги …

Баерн ѝ го врати Кутињо на Барселона Read More »

Формирано здружение на банкарски клиенти „Ануитет“


Од 1 септември почна со работа Здружението на банкарски клиенти Ануитет“. Мисијата на здружението, како што информираа денеска, е заштита на банкарските клиенти и остварување на нивните права при воспоставување на деловниот однос со банките и другите финансиски институции. – Водејќи се од секојдневните проблеми на граѓаните и компаниите кои ги имаат со деловните банки …

Формирано здружение на банкарски клиенти „Ануитет“ Read More »

До крајот на мандатот ќе се укинат 75 отсто од парафискалните давачки, ветува Владата


Во наредните четири години, односно до крајот на мандатот ќе бидат укинати 75 отсто од парафискалните давачки, најави денес премиерот Зоран Заев на средба со стопанствениците од Сојузот на стопански комори. „Таргет на новата Влада е до крајот на мандатот 75 отсто од парафискалните давачки да ги отстранува и истовремено да има одредено намалување на …

До крајот на мандатот ќе се укинат 75 отсто од парафискалните давачки, ветува Владата Read More »

ССМ бара различни услови за одење во пензија во зависност од дејноста


Сојузот на синдикати на Македонија е задоволен поради тоа што е прифатен нивниот предлог за воведување повеќе услови за пензионирање, но дополнително ќе се разгледува кои од условите ќе бидат земени предвид. ССМ кон средина на јули уште еднаш јавно побара да се разгледаат нивните предлози, искажани преку ставовите на работниците, веднаш по изборот на …

ССМ бара различни услови за одење во пензија во зависност од дејноста Read More »

Буџетот и во август на „диета“ – приходите помали за 14 отсто, пад кај ДДВ, добивката и персоналецот


Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди денари што е помалку за 13,9 отсто во однос на лани. Кумулативно од почетокот на годината приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари и се на пониско ниво за 8,2 отсто во однос на лани, што е пак благо подобрување во однос на првото полугодие кога приходите кумулативно приходите беа …

Буџетот и во август на „диета“ – приходите помали за 14 отсто, пад кај ДДВ, добивката и персоналецот Read More »

Во вториот квартал имало слободни 6.866 работни места


Во второто тримесечие од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,36 отсто, односно имало 6.866 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Преработувачката индустрија, градежништвото и трговијата се секторите во кои имало најмногу слободни работни места. Кај преработувачката индустрија слободни биле 2.081, во трговијата 1.232 и во градежниот сектор 1.073. Највисока …

Во вториот квартал имало слободни 6.866 работни места Read More »

Австралиската економија во рецесија, првпат во 28 години


Австралиската економија во периодот април-јуни претрпе најдлабок квартален пад од Големата депресија поради пандемијата Ковид-19, а податоците објавени денеска потврдуваат дека земјата влезе во првата рецесија во последните 28 години. Според најновите статистички показатели, бруто домашниот производ на Австралија падна за 7,0 проценти во вториот квартал, што е најголем квартален пад според достапните податоци евидентирани …

Австралиската економија во рецесија, првпат во 28 години Read More »

Заев ветува битка за секое работно место


Една од првите грижи на Владата е да се спречи отпуштањето на вработените од страна на работдавачите по завршувањето на мерката што ја нудеше државата за зачувување на работните места. Веднаш ќе работиме на мерки за да може државата да помогне за да се заштити секое работно место во нашата земја, тоа ќе ни биде …

Заев ветува битка за секое работно место Read More »

Владиниот економски тим во ССК: Бизнисот очекува нови мерки за поддршка од Владата


Соодветна финансиска поддршка за компаниите во четвртиот пакет мерки за да се надмине кризата предизвика од пандемијата со Ковид-19, значително намалување на парафискалните давачки и заедничка борба против корупцијата и сивата економија, побара денеска Сојузот на стопански комори на Македонија од новата Влада, а премиерот Зоран Заев вети стабилност и предвидливост во следниот период и …

Владиниот економски тим во ССК: Бизнисот очекува нови мерки за поддршка од Владата Read More »

На конститутивната владина седница определени замениците на премиерот и претседатели и членови на комисии


На конститутивната владина седница за заменици на претседателот на Владата беа определени Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој ќе биде и прв заменик претседател на Владата, Љупчо Николовски заменик претседател за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи за заменик претседател на Владата за економски прашања …

На конститутивната владина седница определени замениците на премиерот и претседатели и членови на комисии Read More »

Во САД одобрен тест за корона што дава резултат за 15 минути и чини пет долари


Американската Управа за храна и лекови (ФДА) издаде одобрение за итна употреба на брз тест за Ковид-19 на компанијата „Лаборатории Абот“. Тестот е наречен „BinaxNOW COVID-19 Ag“ и дава резултати во рок од 15 минути, а компанијата планира да го продава за пет долари. Комплетот за тестирање е исклучително практичен, па со изгледот и големината …

Во САД одобрен тест за корона што дава резултат за 15 минути и чини пет долари Read More »

Владина комисија ќе оценува дали училиштата се спремни за настава со ученици


Владата денеска на седница назначи членови на Комисија која ќе дава мислење дали одредено училиште според епидемиолошката состојба ги исполнува условите за настава со физичко присуство во училишните објекти односно ќе разгледува поднесени барања од општината или основачот на училиштето. Владата ги назначи Елена Ивановска од Министерство за образование и наука, Ѓорги Тасев од Канцеларијата …

Владина комисија ќе оценува дали училиштата се спремни за настава со ученици Read More »

Индустриското производство во Хрватска паѓа девет месеци по ред


Индустриското производство во Хрватска опадна во јули, деветти месец по ред на годишно ниво, иако со малку пониска стапка од јуни. Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска објави дека индустриското производство паднало за 1,6 проценти на годишно ниво во јули, додека се зголемило за 5,6 проценти во споредба со претходниот месец, пренесува порталот Seebiz. Хрватската …

Индустриското производство во Хрватска паѓа девет месеци по ред Read More »

Советот на НБ: Финансискиот сектор е отпорен на ковид-кризата


Советот на Народната банка одржа редовна седница на која го разгледа и го усвои Извештајот за финансиската стабилност во 2019 година. На седницата се заклучи дека во текот на минатата година, во услови на стабилен амбиент, домашниот финансиски сектор остана здрав и стабилен, а ризиците за финансиската стабилност се задржаа во умерени рамки. Анализите презентирани …

Советот на НБ: Финансискиот сектор е отпорен на ковид-кризата Read More »

Вработените со бенeфициран стаж до 30 септември да изберат во кој пензиски фонд ќе продолжат


Членовите на задолжителните капитално финасирани пензиски фондови кои имаат бенeфициран стаж најдоцна до 30 септември треба да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд. Ако не достават изјава со која ќе го направат изборот, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 октомври годинава. По престанување на членството пензиското друштво …

Вработените со бенeфициран стаж до 30 септември да изберат во кој пензиски фонд ќе продолжат Read More »

До неодамна предизвик им беше канабисот, а сега волшебни лековити печурки


Откако акциите на канабис предизвикаа вистински возбуда на финансиските пазари во 2017/2018 година, берзите би можело да ги освои ново опојно средство во 2020 година. Наместо марихуана, сега тоа се волшебни лековити печурки Иницијалнаата јавна понуда (ИПО) на канадската компанија за печурки Шампињон-Брендс (Champignon-Brands) може да ги доведе инвеститорите до ново лудило. За разлика од …

До неодамна предизвик им беше канабисот, а сега волшебни лековити печурки Read More »

Нема одложување на кредитите за сите – банките ќе оценуваат кому е тоа неопходно


Само граѓаните кои имаат реална, неопходна потреба ќе добијат можност уште шест месеци да ја одложат отплатата на кредитите кон банките, соопшти Македонската банкарска асоцијација. Под тоа се подразбира ако на пример некој останал без работа, има намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл. Тоа значи дека вториот период на одложена отплата нема …

Нема одложување на кредитите за сите – банките ќе оценуваат кому е тоа неопходно Read More »

Италија: По четири месеци пад, зголемена стапката на вработеност


Стапката на вработеност во Италија се зголеми за 0,2 проценти во јули, првпат откако опаѓаше четири месеци по ред за време на пандемијата на Ковид-19. Растот на вработеноста ги опфаќа скоро сите возрасни групи, освен категоријата од 25 до 34 години, објави Италијанскиот институт за статистика (Истат). Како што е наведено, стапката на вработеност се …

Италија: По четири месеци пад, зголемена стапката на вработеност Read More »