Австралиската економија во рецесија, првпат во 28 години

Австралиската економија во периодот април-јуни претрпе најдлабок квартален пад од Големата депресија поради пандемијата Ковид-19, а податоците објавени денеска потврдуваат дека земјата влезе во првата рецесија во последните 28 години.

Според најновите статистички показатели, бруто домашниот производ на Австралија падна за 7,0 проценти во вториот квартал, што е најголем квартален пад според достапните податоци евидентирани од 1959 година.

Тоа се случува првпат од 1991 година, иако обемот на падот е далеку поголем од „рецесијата што мораше да се случи“, кога економијата се намали за 1,3 и 0,1 процент.

Претходно, најголемиот квартален пад, од 2,0 проценти, беше регистриран во вториот квартал од 1974 година.

Бидејќи австралиската економија потона за 0,3 проценти во првите три месеци од оваа година, тоа значи дека земјата влезе во рецесија, што по дефиниција се случува кога БДП паѓа во два последователни квартали.