СЗО не е „имуна“ на КОВИД-19 – од почетокот на пандемијата 65 вработени биле позитивни


Светската здравствена организација соопшти денеска дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19 меѓу нејзините вработени во седиштето на организацијата во Женева се потврдени 65 случаи на коронавирус. – Имавме неколку случаи минатата недела кои беа меѓусебно поврзани. Сите се добро, имаат слаби симптоми или се асимптоматски, истакна претставничката на СЗО, Марија Ван Керкове. Генералниот директор …

СЗО не е „имуна“ на КОВИД-19 – од почетокот на пандемијата 65 вработени биле позитивни Read More »

Школскиот распуст нема да почне порано, вели министерката Царовска


Нема причина зошто распустот да почне порано и да се крати од наставата, затоа што нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска. – За да може да зборуваме за поран распуст треба да имаме аргументи зошто тоа би го направиле, зошто дополнително …

Школскиот распуст нема да почне порано, вели министерката Царовска Read More »

Сервер за МИА: Брисел и Вашингтон треба да ѝ кажат на Бугарија да ја смири нервозата 


Прашањата за историјата и јазикот поставени од Бугарија треба да бидат разгледувани од историчарите и лингвистите со погледи што фрлаат светлина на објективната вистина прифатена од сите, но тие никако не можат да бидат изговор за блокирање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави за МИА Даниел Сервер.  Сервер, експерт за Балканот кој предава напредни …

Сервер за МИА: Брисел и Вашингтон треба да ѝ кажат на Бугарија да ја смири нервозата  Read More »

Унгарија и Полска го блокираа усвојувањето на буџетот на ЕУ


Унгарија и Полска денеска го блокираа усвојувањето на седумгодишниот буџет на ЕУ и планот за закрепнување од пандемијата на коронавирусот поради новиот механизам што предвидува кратење на средства за членките на  ЕУ чии влади ги нарушуваат демократските стандарди и владеењето на правото. На состанокот на претставниците на земјите-членки на Унијата, десничарските влади на Унгарија и …

Унгарија и Полска го блокираа усвојувањето на буџетот на ЕУ Read More »

Албанскиот парламент го усвои буџетот за 2021 година, не поминаа предлозите на Стерјовски за Пустец, Голо Брдо и Гора


Со 84 гласа „за“, 14 против и еден воздржан, албанскиот Парламент го усвои буџетот за 2021 година, што ќе тежи над четири милијарди евра. Буџетот главно е насочен кон економското закрепнување на земјата по двете природни катастрофи, земјотресот од 26 ноември 2019 година и пандемијата предизвикана од Ковид-19. Економскиот раст е проектиран на 5,5 проценти …

Албанскиот парламент го усвои буџетот за 2021 година, не поминаа предлозите на Стерјовски за Пустец, Голо Брдо и Гора Read More »

Германската железница поради коронавирусот загуби 42 отсто од патниците


Германската железница (ДБ) поради пандемијата на коронавирусот загуби 42 отсто од патниците. Според интерниот биланс, кој го објави германскиот весник „Билд“, од јануари до октомври ДБ превезол повеќе од 72 милиони патници, што е за 53 милиони помалку отколку во истиот период минатата година. Иако е забележан драстичен пад на бројот на патниците, ДБ не …

Германската железница поради коронавирусот загуби 42 отсто од патниците Read More »

Фаучи за вакцината на „Модерна“: Тешко дека може да добиеме подобро од ова


Голем број светски научници и лекари излегоа со со ентузијастички реакции по денешната главна вест – дека вакцината против коронавирус на американската фармацевтска компанија „Модерна“ има речиси 95-отстотна ефикасност. -Вестите од „Модерна“ се многу возбудливи и постои значителен оптимизам дека во следните неколку месеци ќе имаме избор на добри вакцини. Потребни ни се повеќе детали …

Фаучи за вакцината на „Модерна“: Тешко дека може да добиеме подобро од ова Read More »

(Видео, фото) Илјадници гуми горат во Брадфорд, училиштата затворени, сообраќајот во прекин


Илјадници гуми се запалени во англискиот град Брадфорд, поради што се затворени училиштата, а сообраќајот е прекинат. Пожарот избувнал во 4.30 часот наутро и засега нема информации за евентуални жртви, јави Би-Би-Си. Железничкиот сообраќај беше во прекин, а патиштата беа затворени. Противпожарната служба во Западен Јоркшир соопшти дека околу 100 пожарникари се на терен и …

(Видео, фото) Илјадници гуми горат во Брадфорд, училиштата затворени, сообраќајот во прекин Read More »

Од 24 до 26 ноември четврто издание на Деновите на финансиската писменост


Во организација на финансиските  регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании од 24 до 26 ноември ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост со бројни е-активности Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на …

Од 24 до 26 ноември четврто издание на Деновите на финансиската писменост Read More »

Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи


Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од годинава изнесува 4 944 169 000 денари, што е 15,7 отсто зголемување во однос на истиот период лани. Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 32 процента, додекаа кај продажбата од сопствено производство е забележано …

Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи Read More »

Бундесбанк: Новиот бран на Ковид-19 ќе го закочи или собори БДП


Германската економија најверојатно ќе стагнира или ќе падне поради новите мерки преземени во земјата и во странство за борба против вториот бран на пандемијата на коронавирусот, кои влијаат на угостителството, како и на извозот, соопшти денеска Бундесбанката. Оставајќи ги училиштата отворени и воведувајќи ограничувања кои главно влијаат на активностите на кетерингот и угостителството, Германија зазеде помек пристап …

Бундесбанк: Новиот бран на Ковид-19 ќе го закочи или собори БДП Read More »

Битиќи на Виенскиот форум – Главен предизвик е рамнотежата помеѓу здравствените и економските мерки, но и пост-ковид периодот


Главен предизвик во овој период е да најдеме вистинска рамнотежа помеѓу здравствените и економските мерки, но и способноста да погледнеме подалеку, во пост-ковид периодот во кој со развојни политики ќе можеме да овозможиме брз раст и развој, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи на 17-то издание на Виенскиот економски форум, кој се одржа денес, преку видео конференциска …

Битиќи на Виенскиот форум – Главен предизвик е рамнотежата помеѓу здравствените и економските мерки, но и пост-ковид периодот Read More »

Што мисли екс-гувернерот Димитар Богов за случајот со Еуростандард банка


Поранешниот гувернер Димитар Богов, по повод Надзорната расправа во Собранието за пропаѓањето на Еуростандард банка што се одржа во петокот, достави свое писмено мислење до Комисијата за финансирање и буџет. Богов беше спречен да присуствува на расправата поради тоа што се наоѓа во странство, но сепак се одзва на поканата од Комисијата да се произнесе …

Што мисли екс-гувернерот Димитар Богов за случајот со Еуростандард банка Read More »

Стопанската комора со предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година


Предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година, ќе соопшти денеска на онлајн прес-конференција Стопанската комора на Македонија. Преку Здружението на угостителството и туризмот ќе бидат пренесени ставовите и иницијативите на членките за поголем проток на странски туристи кои имаат значаен придонес во нето девизниот ефект во државата, како и за раздвижување на секторот и …

Стопанската комора со предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година Read More »

Скулптура од 4 век п.н.е. пронајдена во канализација во Атина


Дел од статуетка на древниот бог Хермес, во добра, соочувана состојба, е пронајдена во центарот на Атина при работа во канализацијата. Во известувањето на грчкото Министерство за култура, се вели дека главата на богот била најдена во петокот и се чини дека датира од крајот на 4-от или почетокот на 3-от век пред нашата ера. Статуата …

Скулптура од 4 век п.н.е. пронајдена во канализација во Атина Read More »

ПСЖ му нуди на Рамос тригодишен договор


ПСЖ има намера да се засили со дефанзивецот на Реал, Серхио Рамос, кој сè уште не е во можност да се договори за нов договор со мадридскиот клуб. Парижаните се подготвени на 34-годишниот Шпанец да му дадат 3-годишен договор со плата од 16,8 милиони по сезона. Покрај тоа, Пари Сен-Жермен е подготвен да додаде бонус …

ПСЖ му нуди на Рамос тригодишен договор Read More »

„Џенерал моторс“ повлече речиси 69.000 електро автомобили поради пожар во батериите


„Џенерал моторс“ викендов повлече 68.687 електро автомобили Шевролет Болт (Chevrolet Bolt), откако имаше неколку инциденти на пожар на батериите. Според Детроит њуз, досега се забележани пет слични случаи кај автомобили произведени од 2017 до 2019 година. Според Националната управа за безбедност на патниот сообраќај (НХТСА), најголем дел од повлечените автомобили (речиси 51 илјада) се наоѓаат …

„Џенерал моторс“ повлече речиси 69.000 електро автомобили поради пожар во батериите Read More »

Студија: Пациентите после КОВИД-19 имаат за 50 отсто поголеми трошоци за лекарства од вообичаено


Медицинските трошоци на германските пациенти кои биле хоспитализирани со Ковид-19 се зголемиле во просек за 50 проценти од вообичаеното откако биле испишани од болница, покажаа податоците на големата осигурителна компанија ДКВ, што е знак дека дури и оние што се опоравиле, се борат да го вратат целосното здравје. Студијата на втората по големина германска здравствена …

Студија: Пациентите после КОВИД-19 имаат за 50 отсто поголеми трошоци за лекарства од вообичаено Read More »

Проевропски настроената Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија


Опозициската кандидатка Маја Санду победи во вториот круг од претседателските избори во Молдавија со 56 отсто од гласовите, соопшти Централната изборна комисија на земјата. Санду се залага за поблиски врски со Европската унија. Актуелниот проруски претседател на Молдавија, Игор Додон, кој доби поддршка од Кремљ пред гласањето, освои само 43 проценти од гласовите по пребројувањето …

Проевропски настроената Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија Read More »

Видео: Спејс икс лансира четворица астронаути во вселената на мисија во Меѓународната вселенска станица


„Спејс икс“, компанијата на милијардерот Елон Маск, во неделата лансираше четворица астронаути на лет до Меѓународната вселенска станица (ISS). Ново дизајнираната капсула „SpaceX Crew Dragon“, која екипажот ја нарече „Отпорност“, беше лансирана од ракетата „SpaceX Falcon 9“ од вселенскиот центар на НАСА „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида. Летот до Меѓународната вселенска станица ќе трае 27 …

Видео: Спејс икс лансира четворица астронаути во вселената на мисија во Меѓународната вселенска станица Read More »