Видео: Спејс икс лансира четворица астронаути во вселената на мисија во Меѓународната вселенска станица

„Спејс икс“, компанијата на милијардерот Елон Маск, во неделата лансираше четворица астронаути на лет до Меѓународната вселенска станица (ISS).

Ново дизајнираната капсула „SpaceX Crew Dragon“, која екипажот ја нарече „Отпорност“, беше лансирана од ракетата „SpaceX Falcon 9“ од вселенскиот центар на НАСА „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида.

Летот до Меѓународната вселенска станица ќе трае 27 часа. Четиричлениот екипаж го сочинуваат Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер и Јапонецот Соичи Ногучи.

Пристигнувањето на ISS е закажано за вторник во зори по Гринич.

Ова е прва шестмесечна „оперативна“ мисија која го потврди продолжувањето на летовите со екипаж од САД во мај, по деветгодишна пауза и зависност од Русија.

„Спејс икс“, компанија основана од претприемачот Илон Маск, претходно успешно ја заврши пробната мисија која траеше од мај до август, при што испрати двајца астронаути на ИСС и без проблем ги врати на Земјата.

Членовите на следната мисија со екипаж планирана за крајот на март 2021 година ќе бидат Томас Пескет од Европа, двајца Американци и еден Јапонец.