Германската железница поради коронавирусот загуби 42 отсто од патниците


Германската железница (ДБ) поради пандемијата на коронавирусот загуби 42 отсто од патниците.

Според интерниот биланс, кој го објави германскиот весник „Билд“, од јануари до октомври ДБ превезол повеќе од 72 милиони патници, што е за 53 милиони помалку отколку во истиот период минатата година.

Иако е забележан драстичен пад на бројот на патниците, ДБ не планира да го менува возниот ред и линиите. Намалувањето на линиите и возовите би предизвикало цели региони и градови да бидат одвоени од железничката мрежа.

ДБ веќе го редуцираше бројот на местата за седење на 85 отсто, намалувајќи го бројот на вагони и меѓунаридни линии.

Моментно побарувачката за место во воз е трипати поголема отколку за време на пролетниот „локдаун“, па исполнетоста на возовите е меѓу 20 и 25 отсто.

Со 20 отсто исполнетост на возовите, ДБ месечно има обрт од 170 милиони евра, а трошоците изнесуваат 350 милиони евра.