(Видео, фото) Илјадници гуми горат во Брадфорд, училиштата затворени, сообраќајот во прекин


Илјадници гуми се запалени во англискиот град Брадфорд, поради што се затворени училиштата, а сообраќајот е прекинат.

Пожарот избувнал во 4.30 часот наутро и засега нема информации за евентуални жртви, јави Би-Би-Си.

Железничкиот сообраќај беше во прекин, а патиштата беа затворени.

Противпожарната служба во Западен Јоркшир соопшти дека околу 100 пожарникари се на терен и дека на луѓето кои живеат во близина им било кажано да ги затворат прозорците поради големата количина чад