Над 63 милиони случаи на Ковид-19 во светот од почеток на пандемијата


Во светот од почетокот на пандемијата на коронавирусот се потврдени 63.073.287 случаи на зараза. Од последици на Ковид-19 починале 1.465.186 лица, а оздравеле 43.546.388 пациенти. Моментно во светот има активни 18.061.713 случаи на заболени. Најголем број регистрирани случаи на коронавирус имаат САД (13.750.404), Индија (9.432.075), Бразил (6.314.740), Русија (2.269.316) и Франција (2.218.483).

По најавата за дигитално евро – какви се можностите да се дигитализира денарот?


Следењето на трендовите и иновациите во областа на дигитализацијата претставува наш стратешки приоритет, велат од Народната банка за Независен. Сепак, имајќи ги предвид сегашните состојби се оценува дека засега нема итна потреба за издавање дигитална валута   Мирче Јовановски „Трката“ за издавањето дигитални валути во светот е веќе почната – Кина тоа го направи со …

По најавата за дигитално евро – какви се можностите да се дигитализира денарот? Read More »

Поддршка од САД за прва меѓувладина конференција со ЕУ годинава – билатералните прашања да се решаваат надвор од евроинтеративниот процес


Северна Македонија и земјите-членки на Европската Унија добија охрабрување од САД да продолжат да бараат решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на земјава во ЕУ. САД, преку помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот, Филип Рикер во писмото кое го испрати до премиерот Зоран Заев, порачаа дека треба …

Поддршка од САД за прва меѓувладина конференција со ЕУ годинава – билатералните прашања да се решаваат надвор од евроинтеративниот процес Read More »

Во Собранието продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2021


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата по Предлог-буџетот за 2021 година. Седницата е најавена во 11 часот. Собраниската расправа по предложениот буџет за следната година почна минатата недела. Министерот за финансии Фатмир Бесими пред пратениците образложи дека Предлог-буџетот има три основни цели –  зајакнување на системот на здравствена заштита, поддршка за економска …

Во Собранието продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2021 Read More »

Медицински персонал на Армијата се приклучува во борбата против Ковид


Од денеска се очекува одреден број доктори и медицински сестри кои работеле за војската, да се приклучат кон здравствениот персонал од јавните здравствени установи во борбата против ковид пандемијата. По прогласувањето на кризната состојба, како поддршка во обезбедување на ред во ковид центрите низ државата распоредени се и припадници на Армијата. Изминатото деноноќие беа регистрирани …

Медицински персонал на Армијата се приклучува во борбата против Ковид Read More »

Измените на собранискиот Деловник пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања


Предлогот на претседателот на Собранието за дополнување на Деловникот за работа денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата е закажана во 13 часот. Предлогот за дополнување на Деловникот за работа треба да им овозможи на пратениците кои се во изолација поради позитивен …

Измените на собранискиот Деловник пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања Read More »

Концерт на четирирачно дуо на пијано


Во фоајето на Националната опера и балет вечер пијанистките Ана Гацева и Татјана Џорлева ќе одржат концерт на четирирачно дуо на пијано. На програмата се дела за пијано четирирачно од А. Дворжак, Ј. Новак и Е. Григ. Концертот се одржува во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“ што ја организира Дирекцијата за култура и уметност …

Концерт на четирирачно дуо на пијано Read More »

Дождливо и студено, од попладне облачноста ќе се намалува


Облачно време со повремен слаб дожд во утринските часови ќе преовладува денеска во земјава. На некои повисоки места и на планините се очекува слаб снег, а можна е и изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се …

Дождливо и студено, од попладне облачноста ќе се намалува Read More »

Очекувањата на Велика Британија по напуштањето на ЕУ: Фантастична иднина или скок во непознато?


Пандемијата тешко ја погоди земјата и предизвика економска криза, доведувајќи ги во прашање ветувањата на Џонсон за светла иднина   Дали Велика Британија ја очекува фантастична иднина по напуштањето на Европската унија, како што вети конзервативниот премиер Борис Џонсон, или опасен скок кон непознатото, како што стравуваат противниците на Брегзит? По речиси 50 години членство …

Очекувањата на Велика Британија по напуштањето на ЕУ: Фантастична иднина или скок во непознато? Read More »

Изминатите 24 часа хоспитализирани 44 нови пациенти во ковид центрите во Скопје


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 469 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, посочуваат, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа еден пациент …

Изминатите 24 часа хоспитализирани 44 нови пациенти во ковид центрите во Скопје Read More »

На Галапагос откриен бел пингвин (видео)


Националниот парк на  Галапагос соопшти дека на архипелагот откриен е целосно бел пингвин. Белиот пингвин првпат бил забележан на Изабела, најголемиот остров на архипелагот Галапагос. Експертите оценуваат дека пингвинот може да има генетско нарушување леукизам односно делумен недостиг на пигмент на боја што предизвикува светло крзно или пердуви кај животните кои имаат потемна боја. За …

На Галапагос откриен бел пингвин (видео) Read More »

Филип Рикер: Решение за билатералните прашања да се бара надвор од процесот на евроинтеграцијата


Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на Европската Унија да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите, порача денеска помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот …

Филип Рикер: Решение за билатералните прашања да се бара надвор од процесот на евроинтеграцијата Read More »

Бесими на „Денови за финансиска писменост“: Двојно повисок економски раст со Стратегијата за попаметен раст


Преку спроведување на концептот на СМАРТ-финансии – на среден рок може да постигнеме двојно поголем економски раст во споредба со последната деценија, што би значело – подобар стандард за граѓаните, нови работни места, повисоки плати, поквалитетно здравство, образование и животна средина, дигитализација на услугите и воопшто подобри јавни услуги. Концептот на СМАРТ-финансии веќе се имплементира …

Бесими на „Денови за финансиска писменост“: Двојно повисок економски раст со Стратегијата за попаметен раст Read More »

(Видео) Меч на легендите: Тајсон удираше повеќе од Џонс, но сепак не победи


Во Лос Анџелес ноќеска се водеше борба помеѓу две легенди во боксот: Мајк Тајсон и Рој Џонс. Борбата траеше осум рунди и заврши без победник. Двајцата некогаш врвни боксери покажаа дека и натааму се големи мајстори во рингот, иако заедно имаат вкупно 105 години. Борбата се одвиваше според посебни правила: секоја од 8-те рунди траеше …

(Видео) Меч на легендите: Тајсон удираше повеќе од Џонс, но сепак не победи Read More »

Хрватскиот премиер Пленковиќ во десетдневна изолација, неговата сопруга е позитивна на корона вирус


По појавата на зголемена температура, сопругата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, Ана Маслаш-Пленковиќ, во саботата беше тестирана за присуство на корона вирус, а нејзиниот тест беше позитивен, се вели во изјавата потпишана од владиниот портпарол Марко Милиќ, пренесува Јутарњи лист. Поради тоа премиерот Андреј Пленковиќ беше тестиран за присуство на корона вирус во саботата, а …

Хрватскиот премиер Пленковиќ во десетдневна изолација, неговата сопруга е позитивна на корона вирус Read More »

Деспотовски најави влез на нови компании во индустриските зони и повисоки плати во ТИРЗ


Новоименуваниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски најави влез на нови компании во индустриската зона. Тој во интервју за ТВ Сител информираше дека контактира со тројца потенцијални инвеститори од различни индустрии, но и дека се прават анализи за зголемување на платите во вработените во индустриските зони. Деспотовски рече дека компаниите од ТИР зоните, само во минатите …

Деспотовски најави влез на нови компании во индустриските зони и повисоки плати во ТИРЗ Read More »

Фејсбук ги менува плановите – еве кога може да ја активира својата крипто валута


Фејсбук и неговите партнери се подготвуваат да ја издадат криптовалута Либра веќе во јануари следната година, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три информирани извори. Минатиот јуни, компанијата Фејсбук ја претстави својата криптовалута наречена Либра, а потоа беше одложена на неодредено време. По сите препреки, таа конечно може да ја види светлината на денот на …

Фејсбук ги менува плановите – еве кога може да ја активира својата крипто валута Read More »

Австралија зафатена од топлотен бран, измерени 46 степени


Поголемиот дел од Австралија е погоден од топлотен бран со температури од над 40 степении Целзиусови. Во Порт Аугуст и Кубер Педи, во јужниот дел на Австралија вчера се измерени 46 степени, а и денеска се бележат високи температури. Во Аделејд Хилс прогласен е екстремен ризик од шумски пожари. Во вчерашниот пожар северно од Аделејд …

Австралија зафатена од топлотен бран, измерени 46 степени Read More »

Џонсон именуваше министер за распределба на вакцината против Ковид-19


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го именуваше Надхим Захави за министер одговорен за распределба на ваквината против новиот коронавирус. Захави е секретар за бизнис, а со новата функција ќе го известува британскиот министер за здравство Мет Хенкок и првенствено ќе биде фокусиран на распределбата на вакцината, а ќе задржи и некои одговорности во Министерството за …

Џонсон именуваше министер за распределба на вакцината против Ковид-19 Read More »

Кошарка: Одложен натпреварот со Италија, тројца членови на македонската делегација позитивни на КОВИД-19


Следејќи го Протоколот Ковид-19 за официјалните натпреварувања на ФИБА во националните тимови и клубовите и советите на нејзината медицинска комисија, Светската кошаркарска федерација одлучи да го одложи натпреварот Италија – Северна Македонија, за квалификациите за ФИБА ЕвроБаскет 2022 што требаше да се одржи денес во Талин, Естонија, објавено е на веб-страницата на КФСМ. Одлуката беше …

Кошарка: Одложен натпреварот со Италија, тројца членови на македонската делегација позитивни на КОВИД-19 Read More »