(Видео) Меч на легендите: Тајсон удираше повеќе од Џонс, но сепак не победи
Во Лос Анџелес ноќеска се водеше борба помеѓу две легенди во боксот: Мајк Тајсон и Рој Џонс. Борбата траеше осум рунди и заврши без победник. Двајцата некогаш врвни боксери покажаа дека и натааму се големи мајстори во рингот, иако заедно имаат вкупно 105 години.
Борбата се одвиваше според посебни правила: секоја од 8-те рунди траеше по две минути. Ракавиците беа поголеми од вообичаените ракавици, со тежина од 12 унци. Боксерите се бореа без заштитни кациги, иако првично беше планирано тие да влезат во рингот облечени во нив. Немаше официјални судии во оваа борба и првично немаше нокаут (иако организаторите ја потврдија забраната за тоа). Борбата требаше да се прекине ако некој од борците има расекотина.
Дуелот имаше многу клинч ситуации, па судијата Реј Корона мораше да интервенира. Во петата рунда (по две минути, наместо вообичаените три) Џонс ја имаше веројатно и најопасната секвенца, кога во средината на рундата упати четири удари кон Тајсон. Во последните две рунди меѓутоа, Тајсон беше поконкретен, и според повеќето известувачи и подобар во целиот меч.
Надоместоците за борбата, не сметајќи ги добивките од продажбата на платени преноси и рекламирање, за двајцата боксери се по еден милион долари.
Педесет и едногодишниот Џонс претходниот меч го имаше во февруари 2018 година, победувајќи го на поени во десет рунди Скот Сигмон, додека 54-годишниот Тајсон не настапувал на официјално ниво од јуни 2005 година кога загуби од Кевин Мекбрајд.
https://youtu.be/EqVOPo8MteQ