Фејсбук ги менува плановите – еве кога може да ја активира својата крипто валута


Фејсбук и неговите партнери се подготвуваат да ја издадат криптовалута Либра веќе во јануари следната година, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три информирани извори.

Минатиот јуни, компанијата Фејсбук ја претстави својата криптовалута наречена Либра, а потоа беше одложена на неодредено време. По сите препреки, таа конечно може да ја види светлината на денот на почетокот на следната година.

Според Фајненшл тајмс, три неименувани лица се вклучени во овој проект, што сугерира дека Либра ќе биде ограничена верзија на она што првично го замислуваше Фејсбук. Првично требаше да претставува неколку дигитални монети, додека некои од нив би претставувале физички валути, како што е на пример американскиот долар, додека другите би биле составени од сите монети.

Сега, Либра би требало да претстави само една валута, онаа што е поврзана со американскиот долар.

Сепак, ќе има голема конкуренција бидејќи криптовалутите станаа многу популарни, а компаниите како Coinbase, Tether Limited и Paxos имаат своја верзија на дигитални монети, а нивниот пазар е од сто милиони до дури милијарда долари. Поентата на овие дигитални монети е да претставуваат стабилна валута, за разлика од криптовалутите како што е Биткоин.

За да стигне до таа позиција, Либра мораше да го укине партнерството со бројни компании, најмногу се издвојува Пеј Пал, а исто така мораше да ангажира и нови луѓе во управувањето, како што е сегашниот претседател на компанијата, Стјуарт Леви.

Многу централни банки и регулатори беа загрижени за оваа валута и поради таа причина, одлуката беше изменета да се направи само дигитална паричка што е поврзана со американскиот долар, пренесува порталот SEEbiz.

Се претпоставува дека Фејсбук наскоро ќе го претстави и Либра „паричникот“, кој првично се викаше Калибра, со цел во мај годинава да го смени името во Нови. Со помош на истите, ќе можете да испраќате и примате Либра токени и тоа преку апликациите Месинџер и VacAp.