ЕМА: Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“


Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта. При донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини, соопшти ЕМА, пренесувана од британските …

ЕМА: Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“ Read More »

Земјотрес од 3,2 степени утрово регистриран во Хрватска


Умерен земјотрес ја потресе утрово Далмација во Хрватска. „Силен татнеж 5 секунди, а потоа кратко и силно тресење“, коментираа граѓани на социјалните мрежи. Земјотресот беше регистриран во утрово нешто пред 6 часот, кај Дрниќ, пишува Дневник.хр. Земјотресот беше почувствуван на пошироко подрачје. „Утрово, на 8 април 2021 година, во 05:57 часот, сеизмолозите од Сеизмолошката служба на …

Земјотрес од 3,2 степени утрово регистриран во Хрватска Read More »

Поради вакцините сменет и третиот еквадорски министер за здравство во последните 40 дена


Еквадорскиот министер за здравство Мауро Фалкони поднесе оствка откако на оваа функција мина помалку од три недели, следејќи ги стапките на неговиот претходник, соопшти владата во Кито, пренесе ДПА. „Нашите сениори заслужуваат најголема почит. Она што се случи денеска нема оправдување. Побарав оставка од министерот за здравство и тој ќе биде заменет со д-р Камило …

Поради вакцините сменет и третиот еквадорски министер за здравство во последните 40 дена Read More »

#FITRCLASSROOM: Иновации базирани на вештачка интелигенција


Претставници од пет домашни стартап компании денеска, во новиот #FITRCLASSROOM, ќе дискутираат за предизвиците, идеите и можностите за развивање иновации од областа на вештачка интелигенција. Вебинарот ќе почне во 19 часот, a сите заинтересирани ќе можат да го проследат во живо на Фејсбук страната на Фондот за иновации и технолошки развој. На настанот е предвидено …

#FITRCLASSROOM: Иновации базирани на вештачка интелигенција Read More »

Дебата на тема „Предизвиците за родовата еднаквост во процесот на носење одлуки“


Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија ќе ја отвори денешната онлајн дебатата „Предизвиците за родовата еднаквост во процесот на носење одлуки“, чија цел е да се зајакне вклученоста на жените во политичкото одлучување. Организаторите на дебатата, Делегацијата на ЕУ во земјава, најавуваат дека на конференцијата ќе учествуваат и министерката за образование и …

Дебата на тема „Предизвиците за родовата еднаквост во процесот на носење одлуки“ Read More »

Редици пред продавниците, но и за брзи тестови во центарот на Атина 


Паралелно со отворањето на малопродажбата во понеделникот, во центарот на Атина се интензивира и тестирањето за Ковид-19 на граѓаните со бесплатни брзи тестови од мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, поради новите правила под кои работи малопродажбата во Грција, редици има пред продавниците, …

Редици пред продавниците, но и за брзи тестови во центарот на Атина  Read More »

ЛШ: Баерн поразен од ПСЖ, Челзи сигурен против Порто


Актуелниот европски првак Баерн Минхен го претрпе првиот пораз сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва загуби на домашен терен од Пари Сен-Жермен (ПСЖ) со 3:2 (2:1), додека Челзи на неутрален терен триумфираше во првиот четвртфинален натпревар против Порто со 2:0 (1:0). На гостувањето во Минхен, фудбалерите на ПСЖ по само половина час игра …

ЛШ: Баерн поразен од ПСЖ, Челзи сигурен против Порто Read More »

По 30 дена притвор за шест лица осомничени во случајот „Двојник”


Притвор во траење од 30 дена им е изречен на шест лица осомничени во случајот „Двојник”, потврдија за МИА од Кривичниот суд Скопје. Ова мерка Судот му ја одредил и на уште едно лице, кое е во бегство, а на тројца осомничени им се изречени мерки на претпазливост. Министерството за внатрешни работи до Основното јавно …

По 30 дена притвор за шест лица осомничени во случајот „Двојник” Read More »

Почина познатиот пулмолог, професорот Анѓелко Ѓорчев, татко на експратеникот Влатко Ѓорчев


На Клиниката во Ниш денеска почина познатиот специјалист по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72) јавија вечерва повеќе медиуми. Д-р Ѓорчев е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев. Д-р Ѓорчев беше згрижен во клиниката во Ниш откако на 28 март падна во кома набргу по примањето на вакцината против корона вирус. Оттогаш не се …

Почина познатиот пулмолог, професорот Анѓелко Ѓорчев, татко на експратеникот Влатко Ѓорчев Read More »

Националната банка на Грција одбележа 180 г. постоење и 21 г. успех со Стопанска банка – Скопје


Националната банка на Грција (NBG) на 30-ти март одбележа 180 години постоење. Во својата кратка изјава господин Павлос Милонас, Генералениот извршен директор на НБГ Групацијата рече: „Многу сме горди на нашата историја и на улогата што NBG ја има во развојот на економијата и на општеството во земјата и во регионот. Денеска продолжуваме да поттикнуваме …

Националната банка на Грција одбележа 180 г. постоење и 21 г. успех со Стопанска банка – Скопје Read More »

Инвестико: Фармацевтските компании не ги зеле предвид родовите разлики за нус појавите од вакцините


Според белгиската платформа за истражувачко новинарство, Инвестико, петте најголеми фармацевтски компании кои произведуваат вакцини не ги земаат предвид разликите помеѓу мажите и жените во нивните студии за нус појавите по вакцинирањето. Според белгиските новинари секаде во светот жените пријавуваат почесто и повеќе несакани ефекти од вакцините отколку мажите. Од 156 илјади пријавени нус појави во …

Инвестико: Фармацевтските компании не ги зеле предвид родовите разлики за нус појавите од вакцините Read More »

По измените на Законот за акцизи, бензините поскапуваат за половина денар, се изедначува цената на дизелот и екстра лесното масло


Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Во исто време цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголемува …

По измените на Законот за акцизи, бензините поскапуваат за половина денар, се изедначува цената на дизелот и екстра лесното масло Read More »

Штрајк на вработените во контролата за летање, откажани сите летови на аеродромот во Тирана


Поради штрајк на вработените во контролата за летање, одложени се сите летови на меѓународниот аеродром во Тирана. Доколку не се најде решение на барањата тие најавуваат и други мерки во блокирање на воздушниот сообраќај. -Оваа состојба доаѓа по бунтот на вработените во компанијата АлбКонтрол, која е во функција на аеродромот. Вработените протестираа затоа што се …

Штрајк на вработените во контролата за летање, откажани сите летови на аеродромот во Тирана Read More »

Почина Јаким Ивановски, „молчаливиот“ пратеник и човекот кој ја осамостои Стопанска банка – Битола


Во 88-та година од животот во Скопје, почина м-р Јаким Ивановски македонски стопанственик, општественик. Јакимовски е добро познат во стручната и политичката јавност во земјава, беше пратеник во два мандати, успешен банкар и долгогодишен директор на Стопанска банка – Битола, во чиј мандат оваа банка се осамостои, односно почна да функционира како посебно правно лице. …

Почина Јаким Ивановски, „молчаливиот“ пратеник и човекот кој ја осамостои Стопанска банка – Битола Read More »

Што знаеме досега за вакцината на „АстраЗенека“?


Прашањата за тоа дали ретките, но сериозни случаи на згрутчување на крвта се почести кај оние кои добиле Астра Зенека отколку кај општата популација и, ако е така, што ги предизвикува и понатаму ја нарушуваат довербата во вакцината, пишува Франс прес пред новата проценка на Европската агенција за лекови (ЕМА) оваа недела. Европската агенција за …

Што знаеме досега за вакцината на „АстраЗенека“? Read More »

Премиерот Заев се сретна со менаџментот на „Лидл“: Германската инвестиција нов стимул за домашната економија


Од менаџментот истакнаа дека компанијата планира својата прва инвестиција во Северна Македонија да ја реализира преку изградба на сопствен модерен логистички центар     Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, одржаа состанок во Владата со менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“. На …

Премиерот Заев се сретна со менаџментот на „Лидл“: Германската инвестиција нов стимул за домашната економија Read More »

Пауновски: Достава на храна и пијалаци може да се врши и по 20 часот, угостителите мора да имаат дозвола за движење


По 20 часот, кога почнува полицискиот час, дозволено е да се врши достава на храна и пијалаци, но сите што вршат достава на храна мора да имаат соодветна дозвола за движење и во Државниот иснпекторат за труд да бидат пријавени за ноќна работа. Ова го изјави денес на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко …

Пауновски: Достава на храна и пијалаци може да се врши и по 20 часот, угостителите мора да имаат дозвола за движење Read More »

Велика Британија доби регулатор за дигиталните платформи, како Фејсбук и Гугл


Британската Влада формира регулатор за дигиталните компании, како што се Фејсбук и Гугл, што во првата фаза треба да испита дали преку кодекс на однесување може да се подобри рамнотежата на моќта меѓу дигиталните платформи и медиумските компании. Одделот за дигитални пазари (ДМУ), во рамките на Дирекцијата за заштита на конкуренцијата и пазарот, е формиран …

Велика Британија доби регулатор за дигиталните платформи, како Фејсбук и Гугл Read More »

Продолжува растот на извозот – во јануари и февруари е зголемен за 21,1 отсто, на увозот за 15,1 отсто


Извозот на стоки во првите два месеца од годинава бележи раст од 21,1 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци вредноста на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1.301.104 илјади американски долари. Вредноста на увeзената стока, според објавените податоци, во …

Продолжува растот на извозот – во јануари и февруари е зголемен за 21,1 отсто, на увозот за 15,1 отсто Read More »

Во март раст од 2,1 отсто на трошоците на живот и од 2,6 отсто на цените на мало на годишно ниво


Трошоците на живот во март во однос на февруари годинава се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто, додека во однос на март лани бележат зголемување од 2,1 отсто, односно од 2,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со …

Во март раст од 2,1 отсто на трошоците на живот и од 2,6 отсто на цените на мало на годишно ниво Read More »