Земјотрес од 3,2 степени утрово регистриран во Хрватска


Умерен земјотрес ја потресе утрово Далмација во Хрватска. „Силен татнеж 5 секунди, а потоа кратко и силно тресење“, коментираа граѓани на социјалните мрежи.
Земјотресот беше регистриран во утрово нешто пред 6 часот, кај Дрниќ, пишува Дневник.хр. Земјотресот беше почувствуван на пошироко подрачје.
„Утрово, на 8 април 2021 година, во 05:57 часот, сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа умерен земјотрес со епицентар во близина на Перучко Езеро, 22 км. источно од Дрниќ. Магнитудата на земјотресот беше 3,2 степени на Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот IV на скалата ЕМС “, објави Сеизмографската служба.