#FITRCLASSROOM: Иновации базирани на вештачка интелигенција


Претставници од пет домашни стартап компании денеска, во новиот #FITRCLASSROOM, ќе дискутираат за предизвиците, идеите и можностите за развивање иновации од областа на вештачка интелигенција.

Вебинарот ќе почне во 19 часот, a сите заинтересирани ќе можат да го проследат во живо на Фејсбук страната на Фондот за иновации и технолошки развој. На настанот е предвидено да се обрати и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

– Се поголемата примена на вештачката интелигенција (AI) во повеќе индустрии и ефектот кој оваа технологија го има врз глобалната економија, придонесе многу компании да почнат со инвестирање во проекти, во кои компјутерски систем извршува задачи и активности типични за човечкиот ум и способност. Токму на оваа тема ќе зборуваат претставниците на компаниите кои со поддршка од ФИТР успеаа да развијат успешни проекти од оваа индустрија: Светлана Кордумова Трајанова-Pixyle.ai, Христијан Ѓорески-Aidea Lab, Нино Карас-Codewell unlimited, Дашмир Истрефи-Hoyo Tech и Александар Савески од компанијата Si-mAInd, најавува Фондот за иновации.