Тешко повреден работник во Дрисла


Со тешки телесни повреди вчера во „Дрисла“ се здобил 45-годишниот Б.Л. од селото Морани, додека извршувал работни задачи во јавното комунално претпријатие. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека полициски службеници од СВР Скопје излегле на увид на местото на настанот. Повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Во Тексас убиени двајца заменици шерифи


Двајца заменици-шерифи се убиени во градот Идн, во центарот на Тексас, соопштија денеска претставници на американското Министерство за јавна безбедност. Полицаецот Џастин Бејкер потврди дека загинале заменици во округот Кончо, но не даде повеќе детали, велејќи дека полицијата подоцна ќе објави соопштение. Идн се наоѓа на околу 340 километри југозападно од Далас.

Нуредини: Во иднина ќе бидеме земја транзит за гас за другите земји


Договорот меѓу Северна Македонија и Грција за изградба на интерконекторот за гасно поврзување е 99 отсто подготвен и испратен до европските власти, истакнаа министрите за животна средина и енергија на двете земји Насер Нуредини и Костас Скрекас на Делфи економскиот форум во Атина за време на панел дискусијата за „Европскиот зелен договор“, на која учествуваше …

Нуредини: Во иднина ќе бидеме земја транзит за гас за другите земји Read More »

Берлускони повторно хоспитализиран


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска повторно е хоспитализиран поради последици од коронавирусот, и тоа десет дена откако беше отпуштен од болница. Осумдесет и четири годишниот Берлускони синоќа бил примен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, потврдија извори од неговата партија „Форца Италија“. Од истата болница беше отпуштен на 1 мај по три неделно лекување, …

Берлускони повторно хоспитализиран Read More »

Кинески заеми за Западен Балкан – Црна Гора е најзадолжена, каде е С. Македонија


Кинеските заеми на Западен Балкан привлекуваат сè поголемо внимание како резултат на геополитичките и економските последици, а нивниот удел во надворешните долгови на регионот веројатно ќе се зголеми, иако Кина не е главен кредитор во таа област, се наведува во анализата на УниКредит банка, јави дописникот на МИА од Белград. Веројатно најголемиот стимул за владите …

Кинески заеми за Западен Балкан – Црна Гора е најзадолжена, каде е С. Македонија Read More »

Собранието го донесе Законот за заем од Светска банка за модернизација на земјоделството


Собранието на денешната 18. седница го донесе Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов рече дека за овој проект, земјава ќе се задолжи за …

Собранието го донесе Законот за заем од Светска банка за модернизација на земјоделството Read More »

Странските инвестиции годинава ќе достигнат три отсто од БДП, прогнозира централната банка


Народната банка за годинава очекува пораст на странските инвестиции во земјава и постепено стабилизирање на износот на дознаките од странство, но не и дека тие оваа година ќе се вратат на преткризното ниво. За годинава проекциите  во однос на странските инвестиции се дека ќе изнесуваат 3 проценти од БДП. -Странските директни инвестиции историски кај нас …

Странските инвестиции годинава ќе достигнат три отсто од БДП, прогнозира централната банка Read More »

Спортските обложувалници против носењето закон за нивно оддалечување од образовните институции


Со Предлог законот за оддалечување на обложувалниците од образовните институции, преку ноќ ќе им се стави клуч на спортските обложувалници, а 10 илјади вработени ќе останат без работа, истакнаа од Асоцијацијата на спортски обложувалници денеска на прес-конференција пред Владата. -Законот во истиот момент без работа би оставил 10 илјади луѓе, тоа се само директно вработените …

Спортските обложувалници против носењето закон за нивно оддалечување од образовните институции Read More »

Со такси лани превезени над 11 милиони патници


Со такси лани се превезени 11.083.000 патници, од кои 10.404.000 во градскиот превоз, а 679.000 во меѓуградскиот превоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со 1.860 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 51.365.000 километри, од кои 45.554.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 5.811.000 километри. Податоците за такси-превозот се …

Со такси лани превезени над 11 милиони патници Read More »

Народна банка: Годинава раст на БДП од 3,9 отсто и инфлација 2,2 отсто


Рат на БДП 3,9 отсто годинава и 4 отсто во 2022 и исто толку во 2023 година, но и инфлација на 2,2 отсто годинава, што е повеќе од претходно прогнозираните 1,5 отсто, предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции.  „Растот нема да доведе до поголеми притисоци врз инфлацијата која се очекува главно да се задржи …

Народна банка: Годинава раст на БДП од 3,9 отсто и инфлација 2,2 отсто Read More »

Барањата на „Правда за штедачи“ сè поапсурдни – од Заев бараат да го разреши Бесими за искажан став


Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи” на 7 мај до премиерот поднело барање за разрешување на министерот за финансии Фатмир Бесими. – Барањето за разрешување на министерот е поднесено по повод постапката пред Уставен суд за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, …

Барањата на „Правда за штедачи“ сè поапсурдни – од Заев бараат да го разреши Бесими за искажан став Read More »

АСО: Бројот на претставки од незадоволни осигуреници зголемен за 56 отсто


За првите три месеци годинава до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се поднесени 36 претставки од осигуреници кои не се задоволни од работата на осигурителните друшта од кои купиле полиси за осигурување   За 56 отсто е зголемен бројот на претставки поднесени од осигуреници незадоволни од услугите на компаниите од кои купиле полиси за …

АСО: Бројот на претставки од незадоволни осигуреници зголемен за 56 отсто Read More »

Кредит од 1 милион евра од ЕБОР за Шпаркасе лизинг за поддршка на мали и средни претпријатија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија обезбедувајќи кредит во износ од 1 милион евра за Шпаркасе Лизинг доо Скопје, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП). Од ЕБОР денеска во соопштение информираат дека МСП ќе можат да аплицираат за средства наменети за инвестирање во …

Кредит од 1 милион евра од ЕБОР за Шпаркасе лизинг за поддршка на мали и средни претпријатија Read More »

Бугарски медиуми: Радев подготвува „воен кабинет“


Медиумите во Бугарија објавија дека Стефан Јанев најверојатно ќе биде привремен премиер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на бугарските медиуми, бригадниот генерал Јанев, кој сега е секретар за безбедност и одбрана на претседателот Румен Радев, е можен кандидат за привремен премиер на Бугарија. Тој е поранешен вицепремиер и министер за …

Бугарски медиуми: Радев подготвува „воен кабинет“ Read More »

(Видео) Хамас го ракетираше Израел, деветмина загинати во Газа


Палестинските милитанти во Појасот Газа денеска истрелаа ракети кон Ерусалим и јужен Израел, заканувајќи му се на Израел поради насилните судири со Палестинците во Ерусалим, на што Израел одговори со воздушни напади. Министерството за здравство во Газа објави дека девет Палестинци биле убиени во израелските воздушни напади на палестинска територија, а израелската армија сè уште …

(Видео) Хамас го ракетираше Израел, деветмина загинати во Газа Read More »

СЗО: Пандемијата се намалува во Европа и Америка


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека пандемијата е на својот врв, но дека бројот на новозаразени и смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 се намалува во повеќето региони, вклучувајќи ги и најтешко погодените во Европа и северна и јужна Америка. „Но, ова е неприфатлив врв на пандемијата со 5,4 милиони новоинфицирани и речиси 90.000 …

СЗО: Пандемијата се намалува во Европа и Америка Read More »

Ултиматум за Јувентус: ако не се откаже од Супер лига ќе биде исфрлен од Серија А


Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А доколку не се откаже од учество во европската Супер лига, најави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина. Јувентус, заедно со Реал Мадрид и Барселона, се единствените три екипи што останаа доследни на новото натпреварување од кое експресно се откажаа другите девет основачи – Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, …

Ултиматум за Јувентус: ако не се откаже од Супер лига ќе биде исфрлен од Серија А Read More »

Странски туристи ќе привлекуваме со кампања „Безбедно како дома“ и европски протоколи


Република Северна Македонија е подготвена како дестинација за оваа сезона своите туристички услуги пред светскиот пазар да ги понуди со безбедносен сертификат идентичен на оној на државите-членки на Европската Унија. Тоа значи дека може да се очекува ова лето во земјата да има поголем број туристи од регионот, но и од државите од каде традиционално …

Странски туристи ќе привлекуваме со кампања „Безбедно како дома“ и европски протоколи Read More »

За синдикалната кошница во април биле потребни 204 денари повеќе во однос на март


Синдикалната кошница со која се пресметуваат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во април е зголемена за 204 денари во однос на март. Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој на месечно ниво ја изработува синдикалната кошница, ваквото зголемување е резултат на евидентното зголемување на трошоците за живот во април и тоа на храната …

За синдикалната кошница во април биле потребни 204 денари повеќе во однос на март Read More »